You are on page 1of 2

Немаме резервна планета

Денес планетата Земја е многу загадена, таа е исполнета со безброј рани,


кои човекот и ги нанесе со своето неодговорно однесување. Водите се повеќе се
загадуваат,а со тоа изумира морскиот свет во нив. Се сечат голем број дрвја што
ги оштетува белите дробови на нашата планета. Воздухот станува се позагаден
нанесувајќи болести кај луѓето. Незрелоста на луѓето се гледа во отпадоците кои
се фрлаат насекаде низ градот. Огромниот еколошки и климатски пустош што ги
карактеризираше последните 100 години доведе до свет безплоден и
негостољубив.

Загадувањето, глобалното затоплување и другите еколошки предизвици

секојдневно стануваат се поприсутни. Секоја година на 22 април, Денот на

планетата Земја се одбележува за да се подигне свеста кај луѓето ширум светот.

Годишно се одбележува за да се препознаат напорите на луѓето за зачувување на

природната средина на земјата. Нашата планета се соочува со бројни еколошки

предизвици. Како одговорни глобални граѓани, наша должност е да преземеме

активности кои ќе и помогнат на Земјата и нејзините жители. Mожеме да

започнеме со засадување на повеќе дрвја за да го надоместиме уништувањето на

шумите што се случува. Слично на тоа, ние мора да престанеме да трошиме вода.

Oва ќе создаде огромно влијание врз зачувувањето на водата. Нашата земја бара

од нас да се грижиме за неа и да ја оставиме во подобра состојба од онаа што ја

најдовме. Ние не сме единствените кои живееме на Земјата. Луѓето треба само да

преземат акција за да ја зачуваат земјата и нејзините ресурси бидејќи сите

човечки активности влијаат на постоењето на други организми.

Земјата е единствениот дом кој го имаме, кој со годините сè повеќе се


уништува и загадува. Ако ние имаме можност да живееме на планетата Земја, и
следните генерации ја заслужуваат истата можност. Ние немаме доволно време
за да ја спасиме нашата планета од оваа состојба но, длабоко во себе знаеме
дека најсреќни сме кога сме потопени во нашата природна средина.

You might also like