Professional Documents
Culture Documents
Denot Na Planetata Zemja 1
Denot Na Planetata Zemja 1
Штеди енергија
Енергијата е неопходна, но нејзиното производство во голема мера ја загадува планетата. Не можеме без
енергија, но можеме разумно да ја користиме. Старите сијалици заменете ги со штедливи, исклучувајте ги
сите апарати кои не ви се потребни, не го оставајте светлото кога немате потреба од него. И на идните
генерации ќе им биде потребна енергија, но и дом каде ќе можат да слободно да дишат!
Штеди вода
За среќа во делови од нашата земја ја имаме во изобилство, па затоа не ѝ придаваме доволно значење.
Водата е драгоцена и секој од нас мора да ја штеди течноста која значи живот. Само 2 минути пократко
туширање од вообичаеното ќе заштеди големо количество на вода. Излежувањето во када полна со вода е
вистински луксуз, земајќи го предвид фактот дека милиони луѓе во светот немаат ни вода за пиење. Кога
еден ден ќе осетиме на сопствена кожа што значи да страдаме за вода, ќе биде премногу доцна да ја
разбудиме нашата свест.
Електронско плаќање
Кога голем дел она населението ширум светот би избрало електронско плаќање на сметките, не би ги
добивале сите оние хартиени сметки по пошта.
Зошто е тоа важно? Бидејќи годишно би се зачувале милиони дрвја кои се и повеќе од неопходни за живот на
Земјата.
Секој од нас има одговорност за планетата Земја. Тргнете од себе, разбудете ја вашата
свест, чувајте ја планетата.
https://www.youtube.com/watch?v=-tB9oUmeyRs eko pesna