You are on page 1of 1

Испарувањето во секојдневниот живот

1. Испарувањето се користи во секојдневниот живот на различни начини.


Пример: сушење коса, сушење на овошје или зеленчук, сушење алишта, употреба
на средство за дезинфекција ...
2. Кога е жешко, се потиме. Честичките вода од потта примаат топлина од
нашата кожа и стануваат побрзи. Тие ја напуштаат кожата преку процесот на
испарување, носејќи дел од топлинската енергија. На водата и е потребна
енергија за да може да испари и да ја промени својата агрегатна состојба од
течна во гасовита. Ако оваа топлина потекнува од површината на твојата кожа,
тогаш кожата се лади.

Домашна задача:
1. Да се решат прашањата во работната тетратка на стр. 5 и 6
2. Цементот во мешалката за цемент е во течна агрегатна состојба. Цементот
што се наоѓа помеѓу тулите (циглите) во ѕидовите е во цврста агрегатна
состојба. Што се случило со течноста што се наоѓала првобитно во
цементот?
3. Зошто барите со вода побрзо се сушат во топлите денови?

You might also like