You are on page 1of 12

АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ

НА ЕНЕРГИЈА

Изработила:
Марта Антевска IV-11
Фосилни горива и нивно дејство
• Се проценува дека фосилните горива (јаглен и нафта), што денес во
најголема мерка се користат како извори на енергија, ќе бидат
исцрпени за 20-30 години. Светската популација има огромен прираст, а
со тоа и потребите за енергија, така што цената на енергијата добиена
од тие извори е во постојан пораст. Но, и цената на енергијата добиена
од нуклеарно гориво, исто така, е во пораст поради се` поголемите
барања за сигурност и безбедност на нуклеарните постројки.
• Но, како што беше кажано порано, користењето на овие
горива создава отпад што ја загадува животната и
работната околина и создава еколошки проблеми. Еден од
најсериозните проблеми е т.н. ефект на „стаклена бавча“
што го изучувавме во овој курс.
• Сите овие проблеми наведуваат на потребата од
барање на нови, алтернативни видови енергија коишто
треба да исполнат неколку важни критериуми:
- да не се трошат неконтролирано достапните ресурси;
- да не ја загадуваат животната средина;
-цената на добивање на енергија да биде прифатлива.
• Во алтернативните извори на енергија во прв ред
спаѓаат:
- геотермалната енергија;
- сончевата енергија;
- енергијата на нуклеарна фузија.
• Во овие извори може да се вклучи и еолската
енергија(ветерот).
Геотермалната енергија
• Геотермалната енергија се добива од топлината на земјината
кора и се користи во оние земји каде што има природни извори
на топла вода и пареа. Така, во Исланд, каде што има голем број
вакви извори, топла вода се користи за загревање на домовите и
други потреби. Има земји каде што геотермалната енергија се
користи за добивање на електрична енергија.
Сончева енергија
• Сончевата енергија е основен извор на енергија што стигнува
до Земјата и ја загрева, обезбедува одвивање на сите
процеси, ја овозможила појавата на живот на планетата. Ако
не е Сонцето, Земјата би била обична безживотна вселенска
материја. Од широкиот спектар на сончево електромагнетно
зрачење, зрачењето достигнува до Земјата во видливиот и
близу инфрацрвениот дел од спектарот.
• Енергијата што ја добива Земјата од Сонцето се конвертира
во енергија на водите (механичка, а потоа се добива
електрична енергија), енергија на ветерот, енергија за
одвивање на фотосинтеза итн. Така, во основата на сите
извори лежи сончевата енергија (цврстите, течните и
гасовитите горива се создале поради сончевата енергија).
• Кога се зборува за сочевата енергија како алтернативна енергија, се
мисли на нејзиното директно непосредно користење:
1. Топлотна енергија за греење на просторот. Системите за оваа намена
се составени од повеќе делови, од кои најважни се:
- колектор каде што настанува зафаќање(апсорпција) на сончевата
енергија и се добива топотна енергија

- резервоар за зачувување(стокирање) на непотрошената енергија за


користење преку ноќта или во облачни денови;
- преносен систем од местото на добивање до местото на користење на
енергијата. Како средство-флуид за пренос на топлината најчесто се
користи вода.
2. Електрична енергија добиена во соларните системи за директна конверзија на
сончевата енергија во електрична. Ова се постигнува со фотонапонски ќелии
кои што се направени од полупроводнички материјали, Si, Ge, Se или
соединенијата CdS, GaAs и други. Шематскиот приказ на фотонапонска ќелија
врз база на n-тип и р-тип на полуспроводник е даден на сликата:

• Кога врз системот паѓа светлината, се појавува напон кој се доведува на


миливолтметар со електродите Е1 и Е2. Ваквите ќелии имаат широка употреба
како извори на електрична енергија за станбени згради. Но,мора да се признае
дека досега конструираните системи имаат мала ефикасност на конверзија на
соларната енергија во електрична енергија ~20%, што се смета за недоволно, а
згора на тоа, се големи и трошоците за стокирање на енергија (батерии и
слично) за преку ноќ.
• Ако имате калкулатор или рачен часовник за кој не треба да купувате батерија,
вашиот уред има соларна ќелија. Погледајте внимателно, тоа е онаа врамена
темна површина на предната страна.
• Во алтернативни извори на енергијата може да
се вклучи и енергијата на ветерот. За таа цел се
користат ветерници. Оваа енергија е само за
задоволување на потребите за енергија на мали
објекти. Засега, учеството на оваа енергија во
вкупните потреби е занемарливо мало.
Нуклеарна фузија
• Нуклеарната фузија (синтеза на
јадра) е процес обратен на
фисијата. При нуклеарната
фузија, две лесни јадра се
комбинираат за да формираат
потешко јадро. При тоа се
ослободува енергија.
Енергијата што се зрачи од
Сонцето и другите sвезди е
резултат на реакции на фузија
што се одвиваат во
внатрешноста каде што
владеат многу високи
температури (~107K).
• Процес на фузија што може да се искористи е спојувањето на деутеронот и тритонот
во јадро на хелиум при што се ослободува многу голема енергија. Во хидросферата
на Земјата има доволно термонуклеарно гориво ; се проценува дека има околу
4*1013 тони деутериум. Но, проблемите што треба да се надминат за да може да се
реализира контролирана фузија за добивање на енергија се мошне големи. Треба
да се создадат високи температури од 108 К и да се одржува загреаната плазма
(јадра на деутериум и трициум) за одредено време во даден волумен. Интензитетот
на фузионите реакции многу зависи од концентрацијата на јони во плазмата n: колку
поголема e концентрацијата, за покусо време ќе се изврши фузија на одреден
количество јадра. Овој услов е т.н. Критериум на Лоусон, кој дава врска меѓу
концентрацијата и времето τ при дадена температура Т; n*τ =1016cm-3 s;
• Повнимателните веднаш ќе постават прашање зошто е потребна толку висока
температура, кога се знае дека фузионите процеси во внатрешноста на Сонцето се
одвиваат на пониска температура (~107K). Одговорот е во фактот што поради
огромните притисоци во внатрешноста на Сонцето, концентрацијата на плазмата е
скоро 1026 чест./ cm3, што во Земјини услови е невозможно да се постигне.
• За да се запали „фузионото кибритче“, потребно е високотемпературната
плазмата да се одржи во тек на време најмалку, што досега не е достигнато.
Задржувањето на високотемпературната плазма да не допира до ѕидовите на
садот овошјето се врши со помош на магнети од суперспроводливи материјали.
• Типична шема на еден фузионен реактор е како на сликата подолу. Во комората
К се наоѓа плазма од деутерони Д и тритони Т, а околу се наоѓа литиум Li. Од
левата страна преку системите (1) и (2) се внесуваат деутериумот и литиумот.
При реакцијата на деутерон и тритон се добива 4He и високоенергетски
неутрони.

• Неутроните преку ѕидот на комората преминуваат во просторот каде што има


литиум и со реакција се добива тритиум кој се внесува во комората преку
системот (3). Ослободената енергија во комората преку топлоизменувачот Z и
генераторот на пареа В се носи во парната турбина Pt поврзана со струјниот
генератор G.

You might also like