You are on page 1of 2

Јадрена фузија

Запомни

1.Процесот на спојување на две или повеќе лесни атомски јадра во едно потешко се вика
јадрена (нуклеарна ) фузија.

2.Јадрената фузија може да настане на два начина:

-Прво –со забрзување на јадрата со помош на акцелератори (што е неисплатливо за


добивање на енергија).

-Второ –со загревање на високи температури ( ред на големина 107 К и повисоки) поради
што е наречена и термојадрена фузија.

3.Експериментите покажуваат дека изотопите на водород(деутериум и трициум) се


најпогодни за остварување на фисија.
- најчести реакции се:
2H + 12 H → 13 H + 11p + 4,03 MeV
1

2H + 12 H → 23 He + 01n + 3,27 MeV


1

2H + 13 H → 24 He + 01n + 17,6 MeV


1

4.Во Сонцето и ѕвездите кои се изградени од 80% водород и 20% хелиум се одвиваат процеси
на неконтролирана термојадрена реакција .
-Во ѕвездите и Сонцето каде температурата е пониска од 1,5 •107 К водородот се претвара во
хелиум со протон –протон циклусот ( рр – циклус)
-Во ѕвездите со повисока температура од 1,5 •107 К водородот се претвара во хелиум со
јаглеродно –азотниот циклус (CNO-циклус) предложен од Ханс Бете.

5.На површината на Земјата неконтролирана фузија се остварува во хидригенската бомба.

6.За остварување на контролирана термојадрена фузија потребно е да се задоволат следните


услови:
* Густината на плазмата да е поголема од ред на големина 1013 честици / cm2
**Висока температура поголема од 107 К
*** Доволно долго време за одржување на високотемпературната плазма.

7.Уредот во кој треба да се остварува контролирана термојадрена фузија, а кој е во изградба


и со него се експериментира се вика ТОКАМАК (тороидна комора со магнетно поле)

8.Јадрената физија за добивање на енергија има предност пред нуклеарната фисија бидејки
се ослободува поголемо количество не енергија ,нема радиоактивен отпад и горивото за овој
процес го има во големи количини во водените површини на Земјата.

You might also like