You are on page 1of 3

ТЕМА: АТОМСКО ЈАДРО

НУКЛЕАРНА ФИСИЈА
Нуклеарна фисија е нуклеарна реакција при која од јадро со поголема маса се добиваат
две јадра со помала маса. Фисијата може да се предизвика кај повеќе јадра, но за
технички цели најзначајна е нуклеарната фисија на ураниум и плутониум.
Нуклеарна фисија на ураниум – 235 – општ облик

1
0𝑛 – неутрон, 236
92𝑈 - нестабилен изотоп на ураниум, X и Y – фисиони фрагменти (тоа
*

се новодобиени јадра при фисијата и ги има околу 40 парови јадра). Фисионите


фрагменти се нестабилни и може понатаму да се распаѓаат давајќи низа радиоактивни
елементи.
При фисија на ураниум – 235 како пар фисиони фрагменти може да се добијат Вa и Кr.

Теоретски фисијата се објаснува со модел на јадрена капка. Според него, во основна


состојба јадрото има приближно сферна форма. На јадрото паѓа неутрон, тоа го
апсорбира и масениот број се зголемува за 1 и се добива U-236. Таквото јадро е
нестабилно и се деформира, најпрвин се издолжува и станува тенко на средината и на
крајот се распаѓа на два дела кои се разлетуваат со огромна енергија. Така се добиваат
фисионите фрагменти Вa и Кr кои се нестабилни и се емитуваат 3 неутрони и зрачење.
Тие неутрони се наречени неутрони на делба и нивниот број може да биде 1,2,3 или
повеќе.

Минималната енергија што треба да ја имаат честиците за да предизвикаат фисија се


вика енергија на активација. Фисија на јадро од U-238 може да се предизвика само со
брзи неутрони, а додека фисија на јадро од U-235 може да се предизвика и со брзи и со
бавни (термални) неутрони.
При нуклеарната фисија се ослободува огромно количество на енергија и тоа околу
200MeV по јадро.
Неутроните кои се ослободуваат при фисија на U-235 понатаму може да предизвикаат
фисија на уште 3 јадра на U-235. Од секое јадро ќе се добијат 3 нови неутрони, односно
вкупно 9 кои ќе предизвикаат фисија на нови 9 јадра на U-235 итн. На тој начин настанува
верижна реакција на U-235 која сама создава услови за проширување.
Во природниот ураниум изотопот U-238 е застапен со 99,3%, а U-235 со 0,7%. Бидејќи U-
235 е изотопот кој подлежи на фисија, во природниот ураниум се зголемува
концентрацијата на U-235 и добиениот продукт се вика осиромашен ураниум.

Основен услов за да настане верижна реакција е коефициентот на размножување на


електроните (фактор на мултипликација) k да биде поголем или еднаков на 1.
Коефициентот на размножување е однос на бројот на неутроните Ni од една i-та
генерација со бројот на неутрони Ni-1 од претходната (i-1)-ва генерација.
k≥1 можна е верижна реакција
k=1 контролирана верижна реакција, веќе за k=1,0014
реакцијата се одвива експлозивно

Критична маса е минимална маса на фисиона супстанца при која се одржува верижната
реакција. За U тоа е маса од неколку kg во форма на топка со радиус 15cm.
Контролирана верижна реакција се одвива во нуклеарните реактори, а неконтролирана
верижна реакција претставува атомска (нуклеарна) бомба.
Тука може да погледнете симулација за нуклеарна
фисија

https://phet.colorado.edu/en/simulation/legacy/nuclear-
fission

За тие што добро го владеат англискиот, тука имате


видео објаснување за нуклеарна фисија

https://www.youtube.com/watch?v=mBdVK4cqiFs

Малку историја

You might also like