You are on page 1of 8

И

1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ОСЦИЛАТОРНОТО ДВИЖЕЊЕ


 Периодични движења
се движења кои временски се повторуваат.
 Примери за такви движења се:
 Движењето на планетите околу Сонцето
 Движењето на стрелките на часовникот
 Пулсот на срцето на човекот
 Плимата и Осеката
Periodicno ketanje - YouTube (480p).mp4
ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ОСЦИЛАТОРНОТО ДВИЖЕЊЕ

 Осцилаторни движења
се периодични движења кои наизменично се повторуваат околу
рамнотежната положба на телото.
( Телото се движи те на едната те на другата страна околу
рамнотежната положба О ).

 Примери за такви движења се:


 Работа на срцето.
 Движење на тело закачено на
еластична пружина.
 Математичко нишало.
 Топче кое се движи во плусферна чаша.
ПРИМЕРИ ЗА ОСЦИЛАТОРНО
ДВИЖЕЊЕ
ОСЦИЛАЦИЈА

 Еден завршен процес на осцилаторното движење


после кој истиот се повторно се изведува се вика
осцилација.
 Секое осцилаторно движење е
периодично движење, но секое
периодично движење не е
осцилаторно движење!
2. ВЕЛИЧИНИ СО ПОМОШ НА КОИ СЕ ОПИШУВА
ОСЦИЛАТОРНОТО ДВИЖЕЊЕ

 Полна осцилација : Кога телото поаѓајки од почетната


положба ќе помине еден цел периодичен циклус за да
повторно се врати во почетната положба, велиме направило
една полна осцилација.
На пример:AOBOA, BOAOB, OAOBO, OBOAO
 Период ( Т ) Времето потребно осцилаторното тело да
направи една полна осцилација.
Мерна единица за период е секунда ( s ).
 Елонгација ( X ) Растојанието помеѓу рамнотежната и
моменталната положба на осцилаторното тело.
Мерна единица за елонгација е метар ( m ).
 Амплитуда ( Xm ) Максималната елонгација што може да
ја има осцилаторното тело.
Најголемата оддалеченост од рамнотежната положба.
Мерна единица за амплитуда е метар ( m ).
 Фаза ( φ ) Величина што е директно поврзана со времето
на осцилаторното движење.
 Фреквенција ( f ) Број на осцилации во единица време.
Мерна единица за фреквенција е секунда на инус прва s-1
или Херц ( Hz).
 Периодот и фреквенцијата меѓусебно се зависни, така што математички се
изразуваат со една од формулите:

N
f 
t
 Услов: Кога t = T ( кога времето е еден цел период )
тогаш N =1 ( имаме една осцилација)
Затоа може да се запише вака: 1 1
f  T
T f

Velicine koje opisuju oscilatorno kretanje - YouTube (480p).mp4

????????? - YouTube (360p).mp4


ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

1. Зошто секое периодично движење не е осцилаторно


движење?
2. Кои се основни карактеристики на периодичното движење?
3. Кое периодично движење се нарекува осцилаторно?
4. Дефинирај ги физичките величини со помош на кои се
опишува осцилаторното движење?
5. Наведи неколку примери за периодично движење.
6. Наведи неколку примери за осцилаторно движење.

Поздрав драги ученици!!!

You might also like