You are on page 1of 18

СУГС “Георги Димитров” – Скопје

Проектна задача по предметот:


Математика

Тема:
Криви од втор ред

Ментор: Изработил:
Ана Костовска Ева Заткоска

Скопје, Март 2020 година


Содржина

1. Криви од втор ред..................................................................................................2


2. Елипса.....................................................................................................................4
2.3. Равенка на елипса..............................................................................................6
2.4. Ексцентрицитет на елипса.................................................................................7
2.5. Директриса на елипса.........................................................................................8
2.6. Примена на питагорова теорема.......................................................................9
2.7. Својство на рефлексија кај елипса..................................................................11
2.8. Примена на својството во медицината...........................................................12
2.9. Примена во Whispering Gallery……………………………………………………13

1
Криви од втор ред

Предмет на аналитичката геометрија е проучувањето на геометриските објекти


и нивните заемни положби во просторот со помош на методите на алгебрата.
Прв најважен чекор на аналитичката геометрија е направен со воведувањето
на координатниот систем и определувањето на положбата на било која точка
во рамнината (просторот) со помош на броеви наречени координати на таа
точка.
Аналитичката геометрија има две основни задачи, а тоа се:
- да ја состави равенката на дадена линија (множество од точки) во рамнината
или просторот, што е определена со своите својства;
- да ги проучи и систематизира сите геометриски својства на една линија, што е
зададена со нејзината равенка.
Да го разгледаме прашањето на составување на равенки на некои криви линии
познати како криви од втор ред или конусни пресеци како кружница, елипса,
хипербола и парабола.
Овие криви се добиваат во пресекот на исправена конусна површина со
рамнина во различна положба, па така и го добиваат името.
2

Равенките на овие криви се равенки од втор степен по променливите x и y


(координати на точките)

Аx2 + Bxy + Cy2 + Dx + Ey + F = 0

каде што A,B,C,D,E,F се реални броеви и барем еден од коефициентите A,B,C


е различен од нула. Затоа овие криви се познати како криви од втор ред.

Кривите од втор ред биле изучувани уште од старогрчките математичари


Архимед, Евклид, Аполониј и тие ги разгледувале како пресеци на конус со
рамнина.
Аполониј со своето дело “Конусни пресеци” во осум книги, ја развива теоријата
на кривите од втор ред, строго и систематски, со толкава целосност, така што
два милениума немало што да и се додаде. Тој ги разгледувал кривите од втор
ред, а воедно и им ги дал актуелните имиња на тие пресеци: кружница, елипса,
хипербола и парабола.
Интересот за нивно детално изучување особено се зголемил во почетокот на
XVll век по откритието дека планетите се движат по криви (траектории) што
претставуваат елипси и оттогаш почнало изучувањето на криви од втор ред со
метод на аналитичка геометрија.

Елипса

1. Поим за елипса

Поимот елипса се сретнува во геометријата, географијата, физиката...


Оваа крива е од голема важност во многу области, од уметноста до
астрономијата. На пример, кружен објект гледан од перспектива претставува
елипса, природните и вештачките сателити се движат по елиптични патеки.
Оттаму произлегува и потреба за нејзино детално проучување.
2. Дефиниција за елипса

Елипса е множество на точки во рамнина чиј збир на растојанијата до две


фиксни точки од истата рамнина е константен. Збирот на растојанијата треба
секогаш да е поголем од растојанието меѓу дадените точки.
Двете постојани точки означени со F1 и F2 се викаат фокуси на елипсата.
Растојанието меѓу нив е “2C”. Ако растојанието од F1 до една произволна точка
на елипсата (означена со М) го означиме како отсечка F1M = P1 соодветно
растојание од F2M = P2.
Според тоа за точките на елипсата ќе важи равенството P1 + P2 = 2a, каде што
со “2a” е означена вредноста на збирот наведен во дефиницијата. За
означените параметри “a” и “C” важи неравенството
а > C.

Оваа дефиниција за елипса можеме да ја потврдиме со многу едноставна


практична постапка, илустрирана со цртеж 1.
Избираме две фиксни точки F1 и F2 на рамна површина на одредено растојание
и забодуваме две клинчиња. клинчиња. Околу нив завиткуваме јамка од конец
со должина која што е поголема од растојанието меѓу клинчињата, односно

. Со врвот на молив го оптегнуваме конецот до точката М, а потоа


го влечеме по рамнина држејќи го конецот оптегнат. На овој начин ќе нацртаме
елипса, при што за произволната точка М важи:
+ или
Значи, ако точката М се движи по елипсата, збирот секогаш
има константа вредност .

Францускиот математичар Рене Декарт (1596-1650), кој се смета за основач на


аналитичката геометрија, вака механички конструирана елипса ја нарекол
“градинарска конструкција”.

3. Равенка на елипса

За да ја испитаме елипсата и да ја определиме нејзината равенка во


поедноставен вид, најдобро е да ја разгледаме во избран правоаголен
координатен систем. Во однос на коорднинатниот почеток кој е во центарот S
на елипсата ги поставуваме двата фокуси да се на x-оската, симетрично
спрема координатниот почеток. За вака избраната положба на фокусите, кој ги
имаат координатите F1(-C,0) и F2(C,0), произволната точка М(x,y) ги исполнува
условите p1+p2 = 2a. Отсечката е голема оска на елипсата, додека
отсечката е малата оска каде C претставува линеарен ексцентрицитет
односно фокусно растојание.
6

5. Ексцентрицитет на елипса

Ексцентрицитет на елипсата се вика односот на растојанието помеѓу фокусите


на елипсата (2С) и должината на големата оска (2а). Ако ексцентрицитетот го
означиме со е, тој ќе се изрази со релацијата:

Како што претходно запишавме а > c, па според тоа е < 1.


Користејќи ја релацијата c2 = a2 – b2, ги добиваме следните врски:
Односот на полуосното растојание на елипсата е зависен од вредноста на
ексцентрицитетот. Затоа со право можеме да кажеме дека формата на
елипсата ја карактеризира ексцентрицитетот.
Доколку (1 – е2) е помал и односот помеѓу полуосните растојанија “a” и “b” е
помал.
За е = 0 => a = b, елипсата преминува во кружница.
Ако (1 – е2) е помал и односот помеѓу полуоските ќе биде поголем.

6. Директриса на елипса
Елипсата може да се дефинира и како геометриско место на точки чиј однос на
растојанијата до една постојана точка и една постојана права е постојан. Таа
права се нарекува директриса. Од тука следува дека елипсата покрај двата
фокуса има и две директриси.
Тоа се прави нормални на големата оска, симетрично поставени во однос на
центарот на елипсата, на растојание а/е од него.

−a a
Равенките на директрисите според тоа ќе бидат x = e и x = e .
Директрисите и за не ја сечат елипсата.

Правите x = -a/e и x = a/e се директриси на елипсата бидејќи за точките од


елипсата односот на растојанијата до фокусот и до директрисата ќе биде
постојан.
Произволната точка М(x,y) е F1M/MD = const за десната директриса.
8

7. Примена на питагорова теорема

Питагорова теорема за триаголник се користи за составување на равенката на


елипса.

Од досега кажаното следува дека за произволна точка X(x,y) од елипсата важи:

Користејќи ја формулата за растојание меѓу две точки последното равенство го


запишуваме во вид:

Горенаведената равенка е равенка на елипса во избраниот координатен


систем, но тој облик не е погоден за практична примена, па затоа ќе ја
доведеме во облик погоден за примена
9

По квадрирање на двете страни се добива:

Бидејќи а2 = b2 + c2, односно a2 – c2 = b2 последното равенство го добива


обликот:

Ако двете страни на равенката ги поделиме со а2b2 ≠ 0, ја добиваме


равенката:

Оваа равенка е наједноставен вид на равенка на елипса и ја нарекуваме


централна или канонична равенка на елипсата.

Пример за каноничен вид на равенка:


10

8. Својство на рефлексија кај елипса

Елипсата има интересно својство, својство на рефлексија (одбивање).


Да замислиме елиптичен ѕид направен од огледална површина. Ако поставиме
светилка во едниот фокус, светлосните зраци ќе се движат во сите правци.

Ова својство може да важи и доколку наместо светлина се искористи некој друг
вид на бран, чиј извор е поставен во едниот фокус на елипсата, при што
одредени услови (од аспект на физиката) треба да бидат задоволени.

Ако следиме еден од зраците ќе видиме дека удира во некоја точка од


елиптичниот ѕид, се одбива и паѓа во другиот фокус.

Математичката форма на ова тврдење би била: Нека P е произволна точка на

x2 y2
дадена елипса Е (чија равенка е 2 + , a F1(-C,0) и F2(C.0) се нејзини
a b2
фокуси). Нека а1 е аголот помеѓу тангентата на елипсата во точката P и
правата која минува низ точките P и F1 и нека а2 е аголот помеѓу тангентата на
елипсата во точката P и правата минува низ точките P и F2 тогаш а1 = а2.
11
9. Примена на својството во медицината

Ова својство има повеќе примени. На пример, во модерната медицинска


технологија ова својство на елипсата е успешно применето во третман за
камен на жолчката или бубрегот. Каменот може да биде уништен со
формирање дел од елипса и поставување на ултразвучен ѕид во едниот фокус,
надвор од телото на пациентот. Пациентот е поставен така што камењата во
жолчката се во другиот фокус на елипсата (кога таа би била комплетна).
Бидејќи сите рефлектирани ултразвучни бранови се собираат во камењата, тие
ќе бидат уништени без да се оштети околното ткиво. Важно е тоа што
пациентот не е предмет на долготрајно закрепнување што често се бара после
операција. Овој метод во медицината се нарекува Литотрипсија.

Предмет на наш интерес беше таканареченото својство на рефлексија кај


огледална елипса: Ако поставиме светилка во едниот фокус, светлосните
зраци ќе се движат во сите правци. Ако следиме еден од зраците ќе видиме
дека удира во некоја точка од елиптичниот ѕид, се одбива и паѓа во другиот
фокус. Ова својство може да важи и доколку наместо светлина се искористи
некој друг вид на бран, чиј извор е поставен во едниот фокус на елипсата, при
што одредени услови (од аспект на физиката) треба да бидат задоволени.

Важноста на ова својство се гледа од неговата широка примена, и тоа пред се


во медицината, а потоа и во астрономијата, акустиката, уметноста итн.

12

10. Примена во Whispering Gallery

Ова својство на елипсата е искористено и во познатата “whispering gallery” во


катедралата Св. Павле во Лондон, изградена во 1710 година. Додека човек
стои во едниот фокус на елипсата и шепоти, друг човек стои во другиот фокус
на елипсата на растојание од околу 42 метри од првиот човек. Бидејќи сите
звучни бранови кои доаѓаат од човекот што шепоти се собираат во другиот
фокус, неговото шепотење може јасно да го чуе и вториот човек поставен во
другиот фокус на елипсата, иако шепотењето не може да го слушне никој друг
дури и ако е оддалечен само неколку метри од човекот што шепоти.
13

Користена литература

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B8%D0%BF
%D1%81%D0%B0
https://www.e-matematika.mk/krivi-od-vtor-red
https://en.wikipedia.org/wiki/Ellipse
http://mathcentral.uregina.ca/beyond/articles/Lithotripsy/lithotripsy1.html
https://en.wikipedia.org/wiki/Whispering_gallery

14

You might also like