You are on page 1of 8

Биоелектричен потенцијал

на срце и ЕКГ
• Биоелектричниот потенцијал е резултат од различна
концентрација на позитивните и негативните јони од двете страни
на клеточната мембрана.
• Брзата дифузија на натриумовите јони трае од 0,1 до 1ms.
Создадениот позитивен полнеж во внатрешната страна на
мембраната ќе го забави натамошното дифундирање на
натриумовите јони. Намалената дифузија на натриумот ќе
предизвика намалена пропусливост за јоните на натриумот а се
зголемува пропусливоста за калиумовите јони. Како последица од
тоа повторно се воспоставува мембрански потенцијал на
мирување. Овој процес се наредкува реполаризација.
• Целото срце се деполларизира како да се работи за 2
функционално одвоени едниници.Ената се состои од 2
предкомори а другата од 2 комори.Тие се поврзани со
атриовентрикуларниот јазол, кој го забавува спроведувањето на
импулси од коморите во коморите.
• Според теоријата на Ајнтхофен срцевиот мускул се однесува како
вектор, со периодично променлив диполен момент кој во
организмот создава променливо електрично поле.Бидејќи
електричниот диполен момент на срцето со текот на времето се
менува,во одводите поставени на определено место се добиваат
промени на потенцијалите генерирани од срцевиот мускул при
различни фази од неговата работа.
ЕКГ
• ЕЛЕКТРОКАРДИОГРАМОТ - ЕКГ е графички запис на електричните
биопотенцијали на срцето. Оваа метода се базира врз
спроведувањето на електричните импулси кои се создаваат во
срцето со помош на кабли до електрокардиографскиот апарат.
• Секој ЕКГ запис содржи:

• P-бран - одговара на деполаризацијата на преткомори.


• QRS-комплекс - деполаризација на комори.
• Т-бран - одговара на реполаризација(фаза на враќање во мирување) на
коморите.
• Бранот на реполаризација на преткоморите се совпаѓа со QRS-комплексот.
Промени на P-бранот, QRS-комплексот, ST-сегментот, Т-бранот, како и
промени во должината на нивното траење и настанување ги одразуваат
пореметување на електричната активност на срцето и со клиничка слика
укажуваат постоење на болест.
• За регистрирање на биопотенцијалот на срцето Ајнтхофен
предлага да се користат стандардни точки при поставување на
електродите.Тоа се точки каде што постои најголема
потенцијална разлика при работата на срцето:
I oдвод-десна рака и лева рака
II одвод-децна рака и лева нога
III одвод-лева рака и лева нога

You might also like