You are on page 1of 2

ТЕМА: АТОМСКО ЈАДРО

НУКЛЕАРНИ (ЈАДРЕНИ) СИЛИ. ЕНЕРГИЈА НА СВРЗУВАЊЕ НА ЈАДРОТО


Нуклеарните (јадрени) сили се специфични привлечни сили кои немаат електрична
природа и ги надвладуваат Кулоновите одбивни сили помеѓу протоните во јадрото. Тие
спаѓаат во т.н силно заемнодејство кое е најинтензивно заемнодејство во природата.
Карактеристики на нуклеарните сили:

 Сили на краток домет кои се ефикасни само за најблиските нуклеони;


 Имаат особина на заситување што значи секој нуклеон дејствува само со
најблиските нуклеони во рамки на јадрото;
 Не се централни и нивната големина не зависи од растојанието до објектот;
 Независни се од електричните полнежи на нуклеоните што си заемнодејствуваат
што значи се исти помеѓу два протона, два неутрона или помеѓу протон и
неутрон;
Енергија на сврзување е енергијата потребна да се предаде на јадрото за тоа да се
раздели на составните нуклеони.
Колкава е таа енергија?
Прецизните мерења на масата на атомското јадро во мирување покажуваат дека масата
на атомското јадро секогаш е ПОМАЛА од збирот на масите на слободните нуклеони
кои влегуваат во составот на јадрото. Неверојатно, но вистинито.
Претходно кажаното претставено
со формула:
Мјадро < 𝑚протони + 𝑚неутрони

𝑀𝑗 < 𝑍 ∙ 𝑚𝑝 + 𝑁 ∙ 𝑚𝑛
Mj – маса на јадро;
Z - број на протони;
mp – маса на протон;
N – број на неутрони;
mn – маса на неутрон.
На сликата е прикажана масата на 2 протони и 2 неутрони
пресметана со собирање на нивните маси кога тие се
слободни нуклеони и не се врзани во јадро и добиено е
дека е 4,03188u. Потоа е дадена масата на јадрото на Не
кое се состои од 2 протони и 2 неутрони и таа маса има
вредност 4,001503u. Разликата е очигледна.
Кога се формира атомско јадро, дел од масата на нуклеоните кои го градат јадрото се
претвора во енергија. Делот од масата кој во вид на енергија се ослободува при
формирање на атомско јадро се вика дефект на маса Δm и се пресметува со формулата:

∆𝑚 = (𝑍 ∙ 𝑚𝑝 + 𝑁 ∙ 𝑚𝑛 ) − 𝑀𝑗
Врската помеѓу дефектот на маса Δm и енергијата на сврзување Е е дадена со добро
познатата Ајнштајновата формула за еквивалентност помеѓу масата и енергијата

𝐸 = 𝑚 ∙ 𝑐2

с – брзина на светлината = 3·108m/s.

Ако во оваа формула на местото од m се замени дефектот на маса Δm, се добива


формула за енергијата на сврзување ΔЕ

∆𝐸 = ∆𝑚 ∙ 𝑐 2
∆𝐸 = [(𝑍 ∙ 𝑚𝑝 + 𝑁 ∙ 𝑚𝑛 ) − 𝑀𝑗 ] ∙ 𝑐 2
Во нуклеарната физика стабилноста на јадрото се изразува со специфичната енергија
на сврзување Еsp. Таа се пресметува со формулата
∆𝐸
𝐸𝑠𝑝 =
𝐴
каде ΔЕ е енергија на сврзување на јадрото, а А е масениот број на јадрото.
Специфичната енергија на сврзување на јадрото дава информации за стабилноста на
јадрото и тоа, колку Еsp е поголема, толку јадрото е постабилно.

You might also like