You are on page 1of 13

Звучни бранови

Звучните бранови се механички бранови со фреквенции од 16 до 20000


Hz.
Основни поими во теоријата на звучните бранови
Акустика – дел од физиката која ги изучува звучните бранови.
Чист тон – звучен бран создаден од извор на хармониски осцилации.
Звучна вилушка создава хармоничен тон
Звучна резонанца – појава која настанува како резултат на пресретнување
на звучни бранови со иста фреквенција.
Висина на тон – таа е определена со фреквенцијата на звучниот бран.
Боја на тонот – секој послужен тон може да се разлпжи на еден основен
хармониски тон и други повисоки тонови (обертонови). Ваквите
обертонови ја даваат бојата на тонот.
Шум – сложен звучен бран создаден како резултат на многу сложени
непериодични осцилации и по амплитуда и по фреквенција.
Тресок – краткотраен и силен шум.
Интензитет (јачина) на звучниот бран - I - Интензитетот е бројно еднаков
на енергијата Е што ја пренесува звучниот бран нормално низ единица
површина S во единица време t.

Единица мерка за I
Горна граница на болка - I max – гранична вредност на интензитетот на
звучниот бран над која се создава осет на болка.
Праг на чујност – I min – милимален интензитет на звукот кој може да
предизвика осет на чујност.
Гласност – L – физичка величина која ја опишува субјективната процена на
интензитетот со органите на слух.

Основна единица за гласноста е 1B – бел.

Во пракса најчесто се употребува единицата 1dB.

Горна граница на болка

Праг на чујност

Вебер – Фехнерови криви – графички криви кои ја даваат зависноста на


гласноста на звучните бранови од нивната фреквенца.
Ревербација – повеќе кратна рефлексија на звукот во затворени
простории. Оваа појава прави проблем кај концертните сали, театри. Се
решава на тој начин што внатрешноста на салите се обложува со посебни
материјали кои го апсорбираат звукот.
Инфразвук, ултразвук и примена
Природни извори на инфразвук се:
- Електричните празнења во атмосферата
- Бурите
- Земјотресите
- Водопадите
- Морските бранови.
Инфразвуците настануваат при пукање на течки артилерски орудија,
експлозија на гранати, мини и др.
Овие нискофреквентни бранови, дејствувајќи на резонантен начин,
може да предизвикаат најразлични оштетувања врз органите на
човекот: мачнина, замор, главоболка, растројство. Од нив тешко се
заштитуваме затоа што инфразвуците не се примаат преку осетот за
слух, туку преку целото тело. Осцилациите се пренесуваат преку
ѕидовите, подовите и др.
Големата бранова должина (на фреквенцијата од 10 до 20 Hz во воздух
одговара бранова должина од 17 до 34m) овозможува инфразвукот лесно
да ги совладува препреките. Тој едноставно ги обиколува. Тие се
карактеризираат со мала апсорпциона способност што овозможува голем
досег, особено кога се шират во вода.
Инфразвуците посебно се применуваат при воени извидувања за
откривање на маскирани предмети кои не е можно визуелно да се
откријат.
Посебно осетливи на инфразвуците се некои морски животни. Медузите
бегаат од брегот, а некои риби што живеат во длабочините излегуваат на
површина и на тој начин сигнализираат за приближување на урагани,
цунами, бранови и др. Во јапонија се одгледуваат некои риби кои неколку
часа пред земјотресите го менуваат вообичаеното однесување во
аквариумот.
Од луѓето, има некои вокалисти, како том стормс, кој својот глас го има
извежбано доволно добро за фреквенцијата да е помала од 16 Hz,
односно да спаѓа во областа на инфразвукот. Научниците тврдат дека
инфразвукот може да му направи голема штета на човекот, па дури и да го
убие ако ферквенцијата е околу 7Hz.
Што е ултра звук?
Ултразвукот е звук чија фреквенција е над горната граница за слушање на
човечкото уво, односно над 20 kHz. Некои животни како на пример
кучињата, глувците и други имаат способност да го слушнат ултразвукот.
Помладите особи, особено децата имаат способност да слушнат звуци кои
се наоѓаат на повисоката граница. Како човекот старее така и границата за
слушање му опаѓа.
Бојата на звукот се менува со стареење на човекот, што значи дека
симфониски оркестар или звук од виолина различно го слуша дете од 6,
човек од 40 и човек од 70 години.
Извор на ултразвуци
За добивање на ултразвук се користат механички и електромеханички
генератори.
Механички генератори – тие создаваат ултразвуци со мали фреквенции
(20 – 200 Hz) и мала моќност.
Електромеханичките генератори го користт инверзниот пиезоелектричен и
магнетностриктивниот ефект за генерирање на ултразвуци.
Електрострикција
Најраспространетиот генератор на ултразвук е кварцниот генератор, чија
работа е базирана на таканаречен пиезоелектричен ефект. Тоа е појава
кога на некои кристали се јавува електрична поларизација кога присилно
се врши еластична деформација. Наместо да се делува со сила, може да се
користи и обратен ефект – електрострикција – со ставање на плочи и
наизменично електрично поле на многу висока фрекфенција. Кога
фрекфенцијата со наизменичниот напон ке се поклопи со сопствената
фрекфенција на плошите, настапува резонанца. По резонанцата плочата
јако удира и произведува ултразвучни вдлабнатини наречени амплитуди.

Магнетострикција
Оваа метода за добивање на ултразвук е базирана на својството на некои
материјали да под дејство на магнетното поле да менуваат димензии.
Примена на ултразвук
Најголема примена на ултразвукот има во медицината – ултразвучна
дијагностика.
Ехолокација
Ехолокација на некои лилјаци им овозможува во суштина да гледаат преку
своите уши со слушање на ехото.
Самите животни произведуваат ултразвуци, а потоа преку прием на
одбиените звуци ги лоцираат предметите околу нив.
Ултразвукот се користи за детекција на јато риби и подморници.
Уредот кој тоа го овозможува се вика сонор.
Кавитација
Со примена на интензивни ултразвучни бранови во течните системи, на
местото каде интензитетот е најголем може да се создаде “шуплина” и да
дојде до нејзино откинување. Со помош на кавитацијата некои тврди или
течни системи можат да се ослободат од гасните молекули, како и од
нечистотиите.

За природата на светлината, Брзина на светлината


ЗА СВЕТЛИНАТА:
СВЕТЛИНАТА ИМА ДУАЛНА ПРИРОДА:
- ПРИ ЕМИСИЈА, АПСОРПЦИЈА, ФОТОЕЛЕКТРИЧЕН ЕФЕКТ ТАА ГО
МАНИФЕСТИРА СВОЈОТ КОРПУСКУЛАРЕН КАРАКТЕР
- ПРИ ИНТЕРФЕРЕНЦИЈА, ДИФРАКЦИЈА И ПОЛАРИЗАЦИЈА ЈА МАНИФЕСТИРА
БРАНОВАТА ПРИРОДА
ТЕОРИИ ЗА ПРИРОДАТА НА СВЕТЛИНАТА
КОРПУСКУЛАРНАТА ТЕОРИЈА ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА СВЕТЛИНАТА ПРЕТСТАВУВА
РОЈ ОД МНОГУ СИТНИ ЧЕСТИЦИ КОИ ЧЕСТО СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ЕЛАСТИЧНИ
ТОПЧИЊА.

 РЕНЕ ДЕКАРТ И ИСАК ЊУТН


 КОГА НЕКОЈ СВЕТЛИНСКИ БРАН ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ ГРАНИЧНА ПОВРШИНА НА
НЕКОЈ ПРЕДМЕТ ТОЈ ДЕЛУМНО СЕ РЕФЛЕКТИРА. ИМАМЕ ГЕОМЕТРИСКО И
ДИФУЗНО ОДБИВАЊЕ.
 АГОЛОТ ШТО ГО ПРАВИ ЗРАКОТ НА УПАДНИОТ БРАН И НОРМАЛАТА НА
ГРАНИЧНАТА ПОВРШИНА, СЕ ВИКА УПАДЕН АГОЛ α. ПО РЕФЛЕКСИЈАТА ВО
ИСТАТА СРЕДИНА, ЗРАКОТ НА НОРМАЛАТА ЗАФАЌА АГОЛ β, КОЈ Е
ЕДНАКОВ НА УПАДНИОТ АГОЛ.
 α=β
 ПРИ УПАЃАЊЕ НА СВЕТЛИНСКИ ЗРАК, ДЕЛУМНО ЌЕ СЕ ОДБИЕ ПОД α, А
ДЕЛУМНО ПОД β. АГОЛОТ НА ПРЕКРШУВАЊЕ γ Е ПОМЕЃУ НОРМАЛАТА И
ПРЕКРШЕНИОТ ЗРАК.
 НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА ЗАВИСИ ОД ТОА КАКОВ Е ОДНОСОТ ПОМЕЃУ
БРЗИНИТЕ НА ШИРЕЊЕТО НА УПАДНАТА СРЕДИНА V1 И V2 НА СРЕДИНАТА
НА КОЈА СЕ ПРЕКРШУВА.
БРАНОВАТА ТЕОРИЈА Е ПОТВРДЕНА СО ОТКРИТИЕТО И ОБЈАСНУВАЊЕТО НА
ИНТЕРФЕРЕНЦИЈАТА И ДИФРАКЦИЈАТА НА СВЕТЛИНАТА.
 ХАЈГЕНС, ФРЕНЕЛ, ТОМАС ЈУНГ
ШТО Е ЕТЕР?
- ХИПОТЕТИЧКА СУПСТАНЦА БЕЗ МАСА КОЈА ГО ИСПОЛНУВА ПРОСТОРОТ.
- ПРОБЛЕМОТ СЕ ПОЈАВИЛ СО ОТКРИТИЕТО НА ПОЛАРИЗАЦИЈАТА НА
СВЕТЛИНАТА.
ШТО Е ПОЛАРИЗАЦИЈА?
- СЕ ДОКАЖАЛО ДЕКА СВЕТЛИНАТА Е ТРАНСВЕРЗАЛЕН БРАН.
- ПОЈАВА ПОВРЗАНА СО ПРАВЕЦОТ НА ОСЦИЛИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО
ПОЛЕ.
- НЕПОЛАРИЗИРАНА СВЕТЛИНА И ПОЛАРИЗИРАНА СВЕТЛИНА.
БИДЕЈЌИ ТРАНСВЕРЗАЛНИТЕ БРАНОВИ СЕ ШИРАТ САМО НИЗ ЦВРСТИ ТЕЛА, А
ЕТЕРОТ БИЛА ЦВРСТА СУПСТАНЦА, ЈА УСЛОЖНУВАЛА ТЕОРИЈАТА.
ЕТЕРОТ НЕ ПОСТОИ.
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНАТА ТЕОРИЈА ШТО БИЛА РАЗВИЕНА Е ИСТО ТАКА БРАНОВА.
 МАКСВЕЛ
 СВЕТЛИНАТА ВО КОЈА И ДА БИЛО ТОЧКА ПРЕТСТАВУВА ИСТОВРЕМЕНО
ОСЦИЛИРАЊЕ НА ЈАЧИНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПОЛЕ И НА МАГНЕТНАТА
ИНДУКЦИЈА.
 КАЈ РАМНИОТ МОНОХРОМАТСКИ СВЕТЛИНСКИ БРАН ТИЕ ОСЦИЛИРААТ
ВО ДВЕ ЗАЕМНО НОРМАЛНИ РАМНИНИ КОИ СЕ НОРМАЛНИ НА
НАСОКАТА НА ШИРЕЊЕ.
 ДИСПЕРЗИЈАТА НА СВЕТЛИНАТА БИЛА ОБЈАСНЕТА ПРЕКУ ЗАЕМНОТО
ДЕЈСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПОЛЕ НА СВЕТЛИНАТА СО ПОЛНЕЖИТЕ НА
ГРАДБЕНИТЕ ЧЕСТИЦИ НА СУПСТАНЦАТА.
 СВЕТЛИНАТА ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ПОВРШИНАТА НА КОЈА ПАЃА.
 МАКСВЕЛ: ПРОМЕНЛИВО ЕЛЕКТРИЧНО ПОЛЕ СОЗДАВА МАГНЕТНО ПОЛЕ
И ОБРАТНО. ПРИ СЕКОЈА ПРОМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПОЛЕ, ОКОЛУ СЕБЕ
СОЗДАВА МАГНЕТНО ПОЛЕ.

 БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА
 РЕМЕР ЈА ИЗМЕРИЛ БРЗИНАТА НА СВЕТЛИНАТА ПРЕКУ ДВИЖЕЊЕТО НА
ЈУПИТЕРОВИТЕ САТЕЛИТИ. ЈУПИТЕР СЕ ДВИЖИ ОКОЛУ СОНЦЕТО НА
РАСТОЈАНИЕ 5 ПАТИ ПОГОЛЕМО ОД СРЕДНОТО РАСТОЈАНИЕ НА ЗЕМЈАТА
ОКОЛУ СОНЦЕТО.
 ТОЈ ГО НАБЉУДУВАЛ НАЈБЛИСКИОТ САТЕЛИТ (IO). ГО НАБЉУДУВАЛ
ЗАМРАЧУВАЊЕТО И ГО МЕРЕЛ ВРЕМЕТРАЕЊЕТО ПОМЕЃУ ДВЕТЕ
ПОЈАВУВАЊА ОД ЈУПИТЕРОВАТА СЕНКА. МЕРЕЊЕТА ГИ ВРШЕЛ КОГА
ЗЕМЈАТА БИЛА НАЈБЛИСКУ ВО ЈУПИТЕР, А ПОТОА КОГА ЗЕМЈАТА СЕ
НАОЃАЛА НА НАЈОДДАЛЕЧЕНОТО МЕСТО ОД ЈУПИТЕР (IO ДОЦНЕЛ ЗА 1000
s).

 МАКСВЕЛОВА РАВЕНКА
 БРЗИНАТА НА СВЕТЛИНАТА ВО ВОДА Е 4/3 ПОМАЛА ОТКОЛКУ ВО
ВАКУУМ.
 РАВЕНКА ЗА БРЗИНАТА НА СВЕТЛИНАТА ВО ВАКУУМ:


 C = БРЗИНА НА СВЕТЛИНА ВО ВАКУУМ
 Е = ДИЕЛЕКТРИЧНА КОНСТАНТА ВО ВАКУУМ
 μ = МАГНЕТНА КОНСТАНТА ВО ВАКУУМ
 ТОЧНА ВРЕДНОСТ НА ДИЕЛЕКТРИЧНАТА И МАГНЕТНАТА КОНСТАНТА


 V = БРЗИНА НА СВЕТЛИНА ВО НЕКОЈА СРЕДИНА
 Er = ДИЕЛЕКТРИЧНА КОНСТАНТА
 μr = МАГНЕТНА КОНСТАНТА (1 ОСВЕН ФЕРОМАГНЕТИЦИ)
 n = АПСОЛУТЕН ИНДЕКС НА ПРЕКРШУВАЊЕ

Електромагнетни бранови - Врска помеѓу променливите магнетни и


променливите електрични полиња.
Максвел – подвижна струја
Помеѓу плочите од кондензаторот има променливо електрично поле. Тоа
електрично поле се однесува како еден вид струја – подвижна струја.

Електричното и магнетното поле се нераскинливо поврзани меѓу себе. Тие


во просторот се шират заедно. Тоа поле се нарекува електромагнетно
поле.

Томоснова равенка

Главен услов за создавање на електромагнетен бран е полнежите да се


движат со забрзување.

Електро магнетните бранови се трансверзални.


Електромагнетните бранови се простираат и во вакум и во материјална
средина.
Брзината со која се простираат е конечна и во вакум еднаква на брзината
на светлината.

n е индексот на прекршување

Спектар на електромагнетни бранови


Електромагнетниот спектар ги опишува сите видови на светлина,
вклучувајки ги и оние кои не се гледаат со човечко око. Како што се: радио
брановите, микробранови, инфрацрвено значење, ултравиолетови зраци,
X зраци и гама зраци.

Целата светлина, или електромагнетното зрачење, поминува


низ вселената со брзина од 300.000 километри во секунда - брзината на
светлината. 

Основни својства што ја опишуваат светлината се:


- Фреквенцијата – која го брои бројот на бранови што поминуваат
покрај дадена точка во една секунда.
- Брановата должина – растојанието од врв на еден бран до врв на
следниот.
- Енергијата – слична на фреквенцијата по тоа што е поголема
фреквенцијата на светлосниот бран, толку повеќе енергија носи.

Колку е поголема фреквенцијата, толку е помала брановата


должина и обратно.
Црвената боја има најмала енергија, а виолетовата највисока.

 Радио брановите и микробрановите, кои имаат најмала енергија,


им овозможуваат на научниците да пробијат густи, меѓуѕвездени
облаци за да го видат движењето на студениот гас.
 Инфрацрвената светлина се користи за да се види низ студената
прашина; да се проучи топол гас и прашина и релативно кул ѕвезди;
и откривање на молекули во атмосферата на планетите и sвездите.
 Надвор од виолетова лежи ултравиолетовата (УВ) светлина, чии
енергии се превисоки за да ги видат човечките очи. УВ-светлината го
следи жешкиот сјај на ѕвездените расадници и се користи за
идентификување на најжешките, најенергични sвезди.
 Х-зраците доаѓаат од најжешкиот гас што содржи атоми. Тие се
испуштаат од прегреаниот материјал кој се врти околу црната дупка,
се појавуваат неутронски sвезди или облаци со гас загреани на
милиони степени.
 Гама зраците имаат најголема енергија и најкратки бранови
должини на електромагнетниот спектар. Тие доаѓаат од слободни
електрони и одземени атомски јадра забрзани со моќни магнетни
полиња во експлозивни sвезди, судири на неутронски sвезди и
супермасивни црни дупки.
Поларизација на светлината
Според макселовата теорија за електромагнетна природа на
светлината таа во просторот се шири како трансверзален бран.
При тоа електричното поле осцилира во рамнината на антената а во
рамнина нормална на неа осцилира магнетното поле.
Насоката на ширење на бранот е нормална на јачината на
електричното магнетно поле.
Линиска поларизирана светлина – светлина која се опишува со вектор
на електично поле кој осцилира во една рамнина.
Закон на мали
Со помош на два поларизирани кристали може да се вршат испитувања
поврзани со поларизацијата. Во таков случај првиот се вика
поларизатор, а вториот анализатор.

Брустеров закон

Дисперзија на светлината
Дисперзијата претставува физичка појава која е поврзана со зависноста
на индексот на прекршување од самата фреквенција на светлинскиот
бран.
Спектар претставува севкупност на голем број ликови со различни
бранови должини или фреквенции.

Од равенката за аголот на девијација се забележува дека за различен


индекс на прекршување одговара и различен агол на девијација. Тоа
значи дека различни бои ќе се прекршат под различни агли. На тој
начин се добива спектарот на бои.
Боја на телата
Сите предмети имаат различна боја. Боите што ние ги гледаме зависат
од фреквенцијата на светлината со која се осветлени.
Бојата на телата зависи од тоа кои фреквенции од спектарот на белата
светлина ја рефлектираат. На пр ако некое тело ги рефлектира сите бои
еднакво викаме дека е бело.
Црното тело ги апсорбира сите бои.
Ако телата пропуштаат светлина тогаш бојата на телото зависи од
фреквенцијата на светлината што тие ја пропуштаат.
Спектроскопија – наука која се занимава со испитување на спектрите
на телата.
Емисони спектри
- Континуиран спектар
- Линиски спектар
Апсорпциони спектри
Виножитото е оптички метеоролошки феномен кој предизвикува
светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото
поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во
атмосферата.

You might also like