You are on page 1of 1

Момент на импулс на тело.

Закон за запазување на моментот на импулсот


Запомни

1.Момент на импулс на тело L при ротација околу неподвижна оска е еднаков на


производот од моментот на инерција на телото I во однос на дадената оска и аголната брзина
ω што ја има телото при ротацијата L=Iω (kgm2 / s)

2.Производот од моментот на силата и временскиот интервал за кој дејствува врз телото се


вика момент на импулс на силата или вртлив импулс.
M Δt (kgm2 / s2 )
3.Моментот на импулсот на силата е еднаков на промената на моментот на импулсот на
телото.
M Δt =ΔL
4.Моментот на силата е еднаков на промената на моментот на импулсот на телото во единица
врема. M =ΔL / Δt

5.Изолиран или затворен систем е систем од тела што се ослободени од какви и да било
надворешни влијанија.

6.Изолиран или затворен систем е систем од две или повеќе тела кои дејствуваат меѓу себе
но не и со околината.

7.Законот за запазување на моментот импулсот гласи :Производот од моментот на


инерција на едно тело(или систем на тела) што е изолирано и неговата аголна брзина на
ротација е константен.
L=Iω =constanta
8.Прмери за законот за запазување на моментот импулсот се кај: ротацијата на балерините и
лизгачите на мараз,Прандловиот стол,хеликоптерот и Сончевиот состем.

9.Производот од масата на планетата ,растојанието од планетата до Сонцето и нејзината


линиска брзина е константен.
MRv=constanta

You might also like