You are on page 1of 1

Земјина тежа .

Тежина на телата
Запомни

1.Силата со која Земјата ги привлекува сите тела кои се наоѓаат во нејзиното гравитационо
поле се вика Земјина тежа.

2.Големината на Земјината тежа се пресметува споерд Њутновиот закон за гравитација


F= γ Мm / R2 и Вториот Њутнов закон P=mg
γ -гравитациона цонстанта γ= 6,67 ∙ 10-11 Nm2 / kg2
M-маса на Земјата
m-маса на телото
R- меѓусебно растојание меѓуЗемјата и телото
g-земјино забрзување

3. Сите тела под дејство на Зејината тежа во безвоздушен простор добиваат еднакво
забрзување . g=constanta

4.Големината на Земјиното забрзување на различни делови делови од површината на


Земјата е различна заради вртењето на Земјата околу нејзината замислена оска и
неправилната форма на Земјината топка.

g= γ M/ R2 ,
g= γ M/ (R +h )2

5.Силата со која телото притиска на подлогата на која е поставено или ја затегнува нишката
на која е обесено се вика тежина на телото G.

6.Тежината на телата се мери во њутни ( N ).

7.Тежината на телото е еднаква на силата на Земјината тежа ако телото се наоѓа во


инерцијален референтен систем т.е.ако телото мирува или се движи со постојана брзина во
однос на Земјата.
G=P=mg
8.Тежината на телото не е еднаква на силата на Земјината тежа ако телото се наоѓа во
неинерцијален референтен систем т.е.ако телото се движи со забрзување во однос на
Земјата.

G≠P
9.Кога телото добива забрзување верикалоно нагоре неговата тежина се зголемува и се
пресметува со равенката

G= m(g + a)

10.Кога телото добива забрзување верикалоно надолу неговата тежина се намалува и се


пресметува со равенката

G= m(g – a)
11.Кога телата слободно паѓаат се наоѓаат во бестежинска состојба .

You might also like