You are on page 1of 8

Актив по математика и природни науки ОУ,,Св.

Кирил и Методиј-Кочани

26.05-29.05.2020 година

Одбивање на звучните бранови


1.Појавите одбивање и прекршување на брановите се однесуваат и на
звучните бранови.

2.Кога наидат на пречки, брановите се одбиваат така што правецот на


упадниот бран и правецот на одбиениот бран градат еднакви агли со
нормалата на пречката:

α=β

3.Со појавата одбивање на звукот е поврзан познатиот феномен – ЕХО.

4.ЕХО е појава при која што звукот од изворот доаѓа до некоја пречка (ѕид,
камен, рид) се одбива од неа и се враќа назад до изворот.

5.На оваа појава е заснован методот за одредување на растојание до


различни објекти (предмети) со формулата:
S= ν . t / 2 каде:
S- растојание до предметот
t- вкупно време на движење на звукот од изворот до
препреката и назад
ν – брзината на звукот
6. Но наидувањето на препреки не секогаш предизвикува одек на звук-
ехо.Некои предмети го впиваат.

7.Во одредени случаи одекнувањето е непожелно, во кино сали, во


концертни сали и др. Затоа се ставаат материјали кои го впиваат звукот

( теписи, столови од мек материјал).

8.Исто така звукот се прекршува кога поминува од една средина во друга по


законот за прекршување.

Лекцијата да се препише во училишните тетратки и


да се научи!
26.05-29.05.2020 година

Ултразвук
Задачи за дома:

1.Да се напишат три животни кои меѓу себе комуницираат , се


хранат и се ориентираат со помош на ултразвук.
2.Што е инфразвук и да се напишат животни (најмалку две) кои
меѓу себе комуницираат , се хранат и се ориентираат со
помош на инфразвук.
Лекцијата да се научи!Сите ученици да праќаат домашни задачи!

Домашните задачи и консултации учениците да ги праќаат кај


наставникот кој им предава:

Мима Божиновска-messenger

Хери Серафимова -messenger

Драги ученици! Се надеваме дека нема да ви биде тешко да ги


извршите сите задолженија.Чувајте се!

You might also like