You are on page 1of 7

ТЕМАТСКО РАЗВОЈНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште “Тошо Велков- Пепето”

Општина Кавадарци

Одделение 6 (шесто ) учебна 2021/22

Наставен предмет: ИСТОРИЈА

Наслов на темата Речни Цивилизации на Стариот Исток (6 часа)

Конкретни цели:

Ученикот/ученичката
 Да ги именува најпознатите речни цивилизации и држави на Стариот
Исток
 Да ги знае општите карактеристики на првите држави: Кина, Индија,
Месопотамија
 Да ги опише природните услови и значењето на реката Нил
 Да го разбере општевственото и државното уредување на Египет
 Да се запознае со првите пронаоѓачи на писмото, уметност,
градежништво и наука
 Да ги познава верувањата и религиите кај народите од Стариот Исток
Структура на тематската целина

Ред.број на Време на
наставната Структура на темата реализација
содржина
1 (3 седмица) Најстарите цивилизации (икт)
2 (3 седмица) Повторување
3 (4 седмица) Старата Египетска држава (икт) Октомври
Повторување
4 (4 седмица)
Еко Стандард Заштедување на водата
Културата и верувањата на народите на
5 (1 седмица)
Стариот Исток (икт) Ноември
6 (1 седмица) Повторување на темата
Интегрирање на часови: 1 и 2, реализација (2) часа
Цели:
o Да знаат што се тоа речни цивилизации

o Да се запознаат со реките каде што се формирани првите цивилизации

o Да знаат како и за што се користела водата од реките и како луѓето


правеле плодно земјиште
o Да знаат за потребата од штедливоста во однос на водата и
нејзиното рационално користење
o Да знаат за првите држави и нивниот изглед

o Да се запознаат со првите градови држави во Месопотамија, со


Вавилонското и Асирското Царство
o Да знаат за државното и општевственото уредување на старите држави

o Да знаат за владетелите, за богатиот слој на население, за занаетчиите


и трговците, за селаните и робовите
o Да знаат за поделбата на слободно и неслободно население, нивните
права и кој од нив ги плаќа сите даноци во државата.
o Да ги утврдат знаењата за најстарите цивилизации на луѓето

Активности на учениците:

 Внимателно ја слушаат презентацијата на наставникот за речните


цивилизации и ги пронаоѓаат реките на историската карта

 Дискутираат зошто старите народи ги прават своите градови-држави


покрај големите реки

 Дебатираат за трудот и борбата на луѓето со реките за формирање на


обработливо земјиште
 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD_
%D0%95%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%82 – “Древен Египет“

 Пишуваат краток расказ за тоа како тие ги замислуваат првите градови-


држави

 Дискутираат за општевственото уредување на старите држави и нивниот


меѓусебен однос

 Коментираат за класната нееднаквост и поделбата на луѓето на


слободни и неслободни и зошто богатите не плаќаат, а сиромашните
селани плаќаат данок на државата

 Дискутираат за положбата на робовите и нивните права

 Ги утврдуваат знаењата за најстарите цивилизации


Наставни форми и методи :

 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија


 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, венов дијаграм, Т-метода
 индивидуална, равота во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирање на часови: 3 и 4, реализација (2) часа


Цели:
o Да знаат за местоположбата на реката Нил каде била формирана
старата Египетска држава
o Да знаат зошто реката Нил била сметана за божевство

o Да се запознаат со системите за наводнување и одводнување кои ги


правеле луѓето на Египет за добивање на плодна земја
o Да знаат за штедливоста на еѓипјаните во однос на водата

o Да знаат за развојот на занаетчиството и трговијата


o Да научат нешто повеке за пирамидите и нивната намена

o За основните карактеристики на општеството и на државата

o Да знаат за владетелите(фараони), за поделбата на населението на


слоеви, за положбата на трговците, занаетчиите и селаните, за тешката
положба на робовите
o За формирањето на египетската држава, за улогата на жената во домот
и опшеството и можноста за таа да стане владетел(фараон), што не
било случај кај повеќето држави во светот.
Активности на учениците:

 Коментираат за големината на реката Нил и за нејзината улога во


егзистенцијата на жителите на Египет

 Дебатираат зошто и на кој начин ги граделе луѓето системите за


наводнување и одводнување и кој ги градел

 Коментираат за развојот на занаетчиството и трговијата и нивното


значење за развој на египетската држава

 http://mk.wikipedia.org/wiki/
%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD_
%D0%95%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%82

 Изработуваат компиутерски презентации за изгледот на пирамидите и


дискутираат за големината на пирамидите, нивната намена, зошто ги
правеле толку големи и кој ги градел

 Изработуваат грозд каде ги представуваат слоевите на население од


фараонот до робовите, нивната улога, права и положба во државата

 Дебатираат за формирањето на Египет и изгледот на круната на


фараонот

 Коментираат за почитта што ја имаат египјаните за жената и нејзиното


право да стане фараон, што не е случај кај другите држави во светот
каде жената нема никакви права
Наставни форми и методи :

 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија


 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, венов дијаграм, Т-метода
 индивидуална, равота во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирање на часови: 5 и 6, реализација (2) часа


Цели:
o Да знаат за појавата на писмото во државите на Стариот Исток

o Да научат за сликовното, хиероглифското, клинестото и гласовното


писмо
o Да знаат за развојот на книжевноста, за првите познати Епови
“ Рамајана,, и Епот за Гилгамеш
o Да научат за најпознатите градби кои биле изградени

o Да знаат за развојот на уметноста, математиката, медицината, физиката

o Да научат за верувањата и религиите кај старите народи

Активности на учениците:

 Ја слушаат презентацијата на наставникот за појавата на писмото

 Внимателно слушаат и запишуваат во тетратките за видовите на


писмата

 Слушаат за митот за Гилгамеш и неговите авантури

 (дигитална содржина Power Point презентација)

 Дискутираат за најпознатите градби од Стариот Исток и коментираат за


техниката со кој биле градени, за развојот на уметноста и изработката на
статуите на кои им се восхитуваме и ден денес

 Коментираат за развојот на науките и нивните откритија во сите области


кои ги користиме и денес

 Прават разлика во религиите денес и нивното верување во тотеми,


богови и сл
Наставни форми и методи :
 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија
 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, веново дијаграм, Т-метода
 индивидуална, работа во групи и парови
Методи за утврдување на предзнаењата :
За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Средства и материјали за работа:


Училница,учебник по историја, историска читанка, историски атлас,
илустрирана историска енциклопедија, книга Митолошки лексикон, карта на
Светот, Македонија и Балкански полуостров, видео бим, компиутер
Средства и постапки за вреднување:
Постигнувањата на целите и учењето на учениците се оценува формативно
преку разговор со учениците,усни одговори на прашања од ученици,усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација . На
крајот од наставната тема можна е писмена проверка на знаењата на
учениците кој ке помогне во нивното сумативно оценување. Есеите и
проектните активности изработени вон часот се вреднуваат формативно но и
тие помагаат во оформувањето на сумативната оценка
Очекувани исходи:
 Учениците знаат за најстарите цивилизации, знаат зошто старите
држави биле градени покрај реките, знаат кој се најголеми и
најпознати реки, знаат како се добивало плодно земјиште, знаат за
изгледот на првите градови-држави, за нивната големина, знаат за
најпознатите царства од тоа време, знаат за општествената и
државната поделба на државите, за владетелите кои имале
апсолутна власт, за поделбата на луѓето на слободни и богати,
прават разлика помеѓу сиромашните селани и робовите, знаат каде
се наоѓа египетската држава, знаат зошто биле градени системите
за наводнување и одводнување на реката Нил,за штедливоста на
еѓипјаните во однос на водата, знаат зошто биле градени
пирамидите и кој ги градел, знаат зошто ги граделе толку високо,
знаат за основните карактеристики на општеството и на државата,
знаат како била формирана египетската држава, знаат колку вида на
писма постојат и прават разлика помеѓу нив, знаат за книжевноста,
градежништвото, уметноста и развојот на науките, знаат за
верувањата и религиите на старите народи, знаат кои се
најобожуваните богови на Стариот Исток.
НАСТАВНИК:

Мики Камчевски

You might also like