You are on page 1of 1

Име и Презиме: Давид Богоески VIIа одд.

ЛЕГЕНДАТА ЗА КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ДОЈРАН И ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО


Во градот имало убава мома што се викала Дојрана. Таа се заљубила во едно
овчарче Лабин. Еден ден сред градот виело оро и биле собрани сите моми и
ергени. Дојрана била со Лабин, но кога дошол Џемо-арамбашата, ја здогледал
Дојрана и ја грабнал додека го ранил Лабин со неговата сабја. Дојрана од голема
лутина и омраза кон Џемо, скокнала од коњот негов и го довлекла Лабин до
езерото. На крај за да не бидат заробени од Џемо се удавиле. Од тој трагичен
настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско
езеро, а градот го добил името Дојран.

МИТОТ ЗА ЈУНАКОТ И СЕДУМГЛАВАТА ЛАМЈА


Во едно царство имало една ламја која не им пуштала на населението да пијат
вода. Таа за да им пушти вода секој ден барала по една девојка да ѝ донесат за да
ја изеде. Кога веќе сите девојки биле изедени дошло ред на царевата ќерка. Царот
објавил секаде да се најде некој јунак да ја спаси царевата ќерка од страшната
ламја и дека ќе му го даде царството и ќерката. Многу јунаци се пријавувале ама
во бојот погинувале. Најпосле дошол еден обичен јунак и рекол дека тој ќе ја спаси
царевата ќерка. Тој отишол кај ламјата и ја предизвикал на борба. Бидејќи јунакот
бил многу итар во борбата успеал да ѝ ги исече сите седум глави. тој ги ставил
главите во торба и ги однесол пред царот. Кога видел царот дека е спасена
неговата ќерка, му ја дал на јунакот за жена и царството, да управува со него.

ПРЕДАНИЈА ЗА КАКО НАСТАНУВА ПРИЛЕП


Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за
тоа како е настанат градот. Едната од нив вели дека кога луѓето почнале да се
населуваат во овој предел, ги „прилепувале“ своите куќи до Марковите кули и
потоа се оформила прво наслелба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп. Второто
предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се
прочуло како „прилебно место“ (место каде што се прави леб). Според самиот
Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и
Прилепка.

You might also like