You are on page 1of 7

ГОЛФСКА СТРУЈА

- Давид Богоески VIIa


ШТО Е ГОЛФСКА СТРУЈА
Голфската струја е најголемата и
најпознатата океанска струја. Таа е
како река која тече низ море, наместо
по копно. Поголема е од сите реки на
светов, заедно. Се движи кон север,
долж источната обала на САД, преку
северниот Атлантски Океан, а потоа
кон северозападна Европа. Голфската
струја има темно-виолетова боја и
јасно се гледа и разликува од
тиркизните и сивите нијанси на водите
низ кои тече.
ВОДАТА НА ГОЛФСКАТА СТРУЈА
Водата на голфската струја потекнува од движењето на
површинските води во Атлантикот, близу екваторот. Ова движење,
или „струја“ насочено е кон запад. Така, голфската струја тече кон
северните делови на Јужна Америка и влегува во Карипското
Море. Ја нарекуваме голфска струја дури кога од таму ќе се
насочи кон север, по должина на источните крајбрежја на САД.
Водите на голфската струја се топли, како резултат на тоа што
истата настанува во топлите краеви на светот. Присуството на
овие огромни струи на топла вода, создава големи промени во
климата на многу места. Ветровите кои дуваат над површината на
оваа струја, во Северна Европа носат топол воздух – во разни
делови на Норвешка, Шведска, Данска, Холандија и Белгија. Затоа
скандинавските земји, Ирска, Англија и Франција имаат многу
потопла клима и поблаги зими отколку што би се очекувало, со
оглед на нивната северна локација. Тоа е причината и поради која
заливите долж норвешката обала никогаш не се заледени.
Црвената стрелка означува топла
струја, а сината ладна.
ПОСЛЕДИЦИ ОД ГОЛФСКАТА
СТРУЈА
Благодарение на голфската струја, Лондон
и Париз уживаат блага клима, иако лежат
исто толку на север како јужен Лабрадор,
на пример, кој има исклучително студени
зими. Ветровите кои дуваат над Голфската
струја стануваат топли и влажни. Кога овие
ветрови ќе се оладат настанува магла. Ова
најчесто се случува во близина на
Њуфаундленд. Сепак голфската струја нема
така големо влијание на климата во
Северна Америка како во Европа, од проста
причина што таму зимските ветрови не
дуваат кон копното.
КАДЕ НАЈМНОГУ ВЛИЈАЕ

Оваа силна струја на топла вода влијае најмногу на


климата на источниот брег на Флорида, Карибии и
дел од Мексико, одржувајќи ги температурите таму
потопли во зима и поладни во лето од другите
југоисточни држави.
НАМАЛУВАЊЕ НА ГОЛФСКАТА
СТРУЈА
Научниците забележале предупредувачки знаци дека
голфксата струја се намалува и прави проблеми на
секаде во светот. Таквиот настан ќе има
катастрофални последици низ целиот свет, што
сериозно ќе ги наруши дождовите од кои милијарди
луѓе зависат за храна во Индија, Јужна Америка и
Западна Африка; зголемување на бурите и
намалување на температурите во Европа; и
зголемување на нивото на морето од источна
Северна Америка. Исто така, дополнително ќе ги
загрози дождовните шуми на Амазон и мразот на
Антарктикот.
ИЗРАБОТИЛ: ДАВИД БОГОЕСКИ
Ви благодарам на вниманието 

You might also like