You are on page 1of 1

ТОРНАДО

Торнадото е локален ветер со голема сила и има форма на вртлог. Зборот торнадо
доаѓа од шпанскиот збор “tornar” што значи “се врти”. Торнадото се среќава на многу
места во светот, но најголема честина има во САД (дури 90 %).
Торнадото настанува кога ладниот воздух брзо го истиснува топлиот воздух од
површината на земјата и го крева во горните слоеви на атмосферата. Бидејќи овој процес
се случува доста брзо, доаѓа до вртење на воздушните маси и се формира торнадо.
Причините за големата честина на појава на торнадата во САД е многу
едноставна и логична. Прериите зафаќаат големо пространство. Тоа е рамничарска област
и место каде се наоѓа најголемиот дел од обработливата површина во САД. Овој простор,
од аспект на релјефното опкружување, слободно комуницира со северните студени
предели на Канада и јужните топли предели на Карипското Море. Тоа, всушност е и
причината зошто на овие простори има честа појава на торнадо. Во текот на летниот
период, топлите воздушни маси од југ се движат кон север и обратно, ладните воздушни
маси од север се движат кон југ. Во погодни моменти, кога ладните воздушни маси ќе
продрат во голема мера кон југ се случува торнадо!
Најголема честина на појава на торнадо во САД има во сојузните држави Тексас,
Оклахома, Канзас и Флорида. Тоа е т.н. “Торнадо Долина”. Секоја година во САД се
јавуваат над 1000 торнада кои во просек предизвикуваат над 50 жртви.
Торнадото може да се појави во било кој период од годината. Но, најголемата
честина се јавува во периодот на март до мај (за јужните држави на САД) и во текот на
летото (за северните држави). Во текот на денот торнадото може да се појави во било кој
период, но најмногу се јавува во периодот од 15 до 21 часот.
Секое невреме не предизвикува торнадо. Мора да се нагоди вистинската
комбинација на атмосферските елементи (ветер, температура, воздушен притисок,
влажност на воздухот, итн) за да се создаде барем слабо торнадо.
Во САД е направена скала на јачината на торнадото од Ф1 до Ф5 (торнадото со
јачина од Ф5 е со најголема моќ, со честина од 1% ).
Ф1 = 131-200 km/h Ф2 = 201-280 km/h Ф3 = 281-370 km/h
Ф4 = 371-470 km/h Ф5 = 471-570 km/h

ОРКАНИ

Орканите настануваат над прегреаните делови од океанската вода (околу


екваторот) каде водената пареа се крева во горните слоеви на атмосферата, се менува
влажноста во воздухот и започнува да дува ветер. Земјината ротација го насочува ветерот
да дува во кружни движења над океанот и таа сила сè повеќе се зголемува.

При спиралното вртење на ветровите во орканите во средината се формира т.н.


око на орканот. Овде воздушниот притисок е висок поради што времето е ведро а
ветровите се слаби. Но, околу окото се најсилните ветрови. Колку пречникот на окото е
помал толку ветровите се посилни (најчесто меѓу 15 и 30 km).

Исто како и за торнадото и за орканите е направена скала на јачина: Категорија 1


за оркани со брзина на ветрот под 120 km/h до Категорија 5 за оркани со брзина на
ветрот над 250 km/h.

Изработил: Мите Ристов

You might also like