You are on page 1of 2

ЗАГРЕВАЊЕ НА АТМОСВЕРАТА

Сонцето е главен извор на загревање

Сонцето ја загрева површината на Земјата и топлината од таму се пренесува на пониските слоеви


на воздухот а потоа оди кон повисоките. Затоа воздухот над Земјата е најтопол , а како се оди
повисоко е поладен.

Пр. Високите планински врвови може и во лето да се покриени со снег, а во нивното подножје е
зазеленето.

Кога ќе се загрее долниот воздух тој под притисок на погорниот студен воздух оди во погорните
делови на тропосферата , а надолу слегува студениот воздух па тој се загрева па оди горе и овој
процес се повторува цело време.

Како се загрева Земјата и воздухот

Силата на загревање на Земјата и воздухот повеќе зависи од упадниот агол на Сонцето, а помалку
зависи од времетраењето на загревање.

-Ако сончевите зраци паѓаат под помал (остар) упаден агол загревањето е послабо. Затоа не е
еднакво загревањето во текот на денот и во текот на годината. Наутро Сонцето ја загрева Земјата,
а преку ноќ таа се лади.

-Наутро сончевите зраци паѓаат косо , упадниот агол е помал и загревањето е помало.

-Потоа сонцето се искачува повисоко и упадниот агол се зголемува и загревањето е поголемо ,


напладне сонцето е во зенитот на хоризонтот(највисоко) и тогаш загревањето е најсилно.

-Попладне сонцето се спушта кон запад , сончевите зраци паѓаат косо ,упадниот агол се
смалува и сончевите зраци полека ги снемува и настанува затемнување.

Деловите на Земјината површина нееднакво се загреваат

-Рамните , голи предели се загреваат побрзо и посилно, а планинските , ридестите и мочурливите


предели се загреваат побавно.

- Копното побрзо се загрева и побрзо се лади , а езерската и морската вода побавно се загрева и
побавно се лади. Затоа во лето воздухот е потопол над копното , а во зима е потопол над морето.

Температура на воздухот

ТЕМПЕРАТУРА е степен на загреаност на воздухот и се мери со термометар.

Најмногу се користи живин термометар, кога е топло живата оди нагоре и покажува повисока
температура , а кога е ладно се собира надолу и покажува пониска температура. Температурата во
тек на денот се менува, за да ја знаеме средната дневна температура таа се мери во 1 , 7, 13, и
19 часот и тие вредности се собираат и се делат со 4.

Пр . 1 часот – 2 степени , 7 часот – 8 степени , 13 часот – 16 степени 19 часот – 10 степени . кога ќе


ги собериме тоа е 36 степени се дели со 4 и = на 9 степени и таа се зема за средна дневна темпер.

Средно месечна се добива кога ги собираме средно дневните темпер. од секој ден и ги делиме со
30.

Средно годишна кога ќе се соберат средно месечните температури и ќе се поделат со 12.

ИЗОТЕРМИ се линии кои поврзуваат места со иста температура.

You might also like