You are on page 1of 3

Денови и години

Основни мерки за пресметување на времето се: ден, недела, месец и година,


кои се поврзани со одредени движења и појави на Земјата.
Секоја четврта година е престапна поради шестте часа кај Земјината
револуција. Значи секоја четврта година има 366 дена, односно месец
февруари има 29 денови.
Утврдениот ред на деновите во годината по недели и месеци се нарекува
календар

Појавата на ден и ноќ е последица на ротацијата на Земјата околу својата


замислена оска. Исто така оската на ротација е навалена и со орбитата по
која се движи Земјата околу Сонцето зафаќа агол од 66 степени и 33 минути.

Знаеме дека деновите во лето траат подолго ,а во зима пократко. Зошто?


Зошто има зимски и летен период? Зошто воопшто постојат годишните
времиња?
Земјата заради наваленоста на оската на ротација додека кружи (орбитира)
околу Сонцето не е подеднакво осветлена на северната и јужната
полутопка.Токму заради наваленоста на оската на ротација на Земјата
додека Земјата кружи околу Сонцето во една позиција повеќе е осветлена и
загреана северната полутопка, а во друга позиција е повеќе осветлена и
загреана јужната полутопка.
https://youtu.be/tx3y5bzndiu

Додека Земјата се врти околу својата замислена оска, истовремено се


врти околу Сонцето и се нарекува Земјина револуција или годишно
движење.

За период од 365 денови и приближно 6 часа свртува еднаш околу Сонцето


по елипсовидна патека или орбита. Земјата останува во орбитата поради
гравитацијата на Сонцето.

Последици од Земјината револуција:

во период од една година Земјата ја менува положбата спрема Сонцето,


затоа Сончевите зраци нееднакво ги осветлуваат и загреваат деловите на
Земјата и доаѓа до нееднакво траење на денот и ноќта, промена во
годишните времиња, појава на повеќе топлински појаси.
Преку ден Сонцето привидно се движи. Преку зима е ниско над хоризонтот,
сончевите зраци паѓаат под остар агол, загревањето е мало и денот трае
кратко.

Во лето Сонцето е високо на хоризонтот, сончевите зраци паѓаат под прав


агол, загревањето е поголемо и денот трае подолго.

Сончевите зраци под голем агол паѓаат помеѓу северниот и јужниот пол, а
под мал агол спрема половите.

Државите што се наоѓаат меѓу екваторот и северниот пол се наоѓаат на


северната полутопка, а оние меѓу јужниот пол и екваторот се наоѓаат на
јужната полутопка. На северната полутопка кога е лето, на јужната е зима.
Бидејки северната полутопка е наклонета кон Сонцето во лето деновите се
долги а ноќите се кратки. Околу екваторот нема раздвоени годишни
времиња, туку деновите се со иста должина во текот на целата година.

https://www.youtube.com/watch?v=tX3Y5bzNDiU

You might also like