You are on page 1of 13

Ме

рку
р
Вен
ера
Зем
ја
Ма
рс

Јуп
и тер

Са т
Сончев систем

у рн

Ура
н

Неп
тун
Што е планета?

• Планетите се темни тврди тела во форма на


топка. Од Земјата се гледаат како светли
тела, но тоа е привидно и е последица на
одбиената сончева светлина.
Колку планети има во сончевиот систем?

• Сончевиот систем го сочинуваат 8 планети.


Тргнувајќи од најблиската до Сонцето кон нај
оддалечената, а тие се подредени по следниот
редослед: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер,
Сатурн, Уран и Нептун.
Кои планети може да се видат
со голо око ?
Со голо око од Земјата можат да
се видат: Меркур, Венера, Јупитер
и Сатурн. Според големината
планетите се делат на:
-мали Меркур, Венера, Земја,
Марс
- големи се: Јупитер, Сатурн, Уран
и Нептун.
Меркур
• МЕРКУР е најблиска планета до Сонцето. Од него е
оддалечена 58 милиони километри. Поради
близината на Сонцето тој има 7 пати поголемо
количество на топлина од Земјата. Меркур околу
Сонцето опишува круг за 88 дена. Половина од
планетата Меркур е постојано свртена кон сонцето, а
другата се наоѓа во сенка. Страната завртена кон
Сонцето има само ден со температурата до +400
степени целзиусови, а на другата половина владее
само ноќ со температурата до - 200 степени
целзиусови. Овие температурни разлики не
дозволуваат живот на Меркур.
Венера
• ВЕНЕРА е оддалечена од Сонцето 108 километри и опишува круг околу него
за 255 дена. Во утринските часови пред изгревот на Сонцето, Венера се наоѓа
на исток, а по заоѓањето на Сонцето на запад. Затоа во народот оваа планета
е позната како ѕвездата Деница или Вечерница, бидејќи се гледа од Земјата
како најсјајна во тие периоди од денот. Температурата на Венера измерена
преку сонди изнесува + 445 степени целзиусови. Поради овие високи
температури Венера претставува вжештена и безводна пустина. Најновите
истражувања покажале дека на Венера има голем број живи вулкани.
Земја
• ЗЕМЈА е трета планета по оддалеченост од Сонцето
(150 милиони километри). Таа е единствена
планета во Сончевиот систем на која постои живот.
На Земјата има живот затоа што таа не е премногу
доближена, ниту премногу оддалечена од
Сонцето.
Марс
• МАРС е оддалечен од Сонцето 228 милиони километри и го обиколува за 1 година и 11
месеци. По своите надворешни особини Марс е сличен на Земјата. Околу својата
замислена оска се завртува за 24 часа и 37 минути, а денот и ноќта му траат
приближно како и на нашата планета. Температурата околу екваторот на Марс
изнесува 10 - 20 степени целзиусови, а во текот на ноќта се спушта до - 50 степени
целзиусови. Се претпоставува дека на оваа планета постојат некои форми на живот,
како лишаи, но воглавно неговата површина е пустинска. Марс има две месечини.
Јупитер
• ЈУПИТЕР е најголемата планета во Сончевиот систем. По својот
состав тој е во гасовита состојба со густина помала од Земјата.
Масата на Јупитер е 318 пати поголема од масата на Земјата, а
волуменот 1345 пати. Јупитер од Сонцето е оддалечен 778 милиони
километри и го обиколува за 12 години. Во атмосферата на Јупитер
има најмногу водород и хелиум, а многу помалку метан, амонјак,
азот и кислород. На оваа планета владеат ниски температури околу
- 140 степени целзиусови. Јупитер има 63 месечини.
Сатурн
• САТУРН по големина е втора планета во Сончевиот систем. Тој е во
гасовита состојба и од Сонцето е оддалечен 1426 милиони
километри. Сатурн го обиколува Сонцето за 29 години (29,46
години). Од сите планети Сатурн има најмала густина и
карактеристични прстени. На Сатурн владеат многу ниски
температури до - 150 степени целзиусови поради што не постојат
услови за живот. Сатурн има 56 месечини (најголема месечина
Титан).
Уран
• УРАН е гасен џин, трет по големина и
четврти по маса. Околу оската се завртува
за 17,2 часа, околу Сонцето за 84,51
година. Има 27 месечини и многу ниска
температура.
Нептун
• НЕПТУН е најоддалечена планета во Сончевиот систем. Нептун има
свои прстени како и другите гасовити џинови. Постојат скоро
невидливи 4 прстени составени од темни парчиња мраз. Тој е
четврта најголема планета по дијаметар и трета по маса. Нептун
има 17 пати поголема маса од Земјата и околу својата оска се
завртува за 16,1 часа, а околу Сонцето за 164,8 години. Нептун има
13 месечини.
Ви благодарам за вниманието 

Изработила: Клара Латкоска


Ученичка во: ОУ „ Живко Чинго“
Наставник: Славјанка Дојчиноска
Изработено на: 12.05.2023

You might also like