You are on page 1of 2

Моето патување во вселената

Денес мојот другар капетан Пикард слета на тревникот пред мојата зграда со
вселенскиот брод Ентерпрајс. Ме покани да влезам и да ме прошетаме низ сончевиот
систем.
Кога полетвме поминавме покрај вештачкие сателити и влеговме во вселената.
Првото нешто што го забележав беше црниот небесен простор полн со сјајните ѕвезди.
Поминавме покрај Месечината единствениот природен сателит на Земјата. Месечината
беше прекрасна во неколку нијанси на сива боја. Ишарана со безброј кратери, кои
сведочат за безбројните удари на метеори на нејзината површина.
Во далечината се гледаше Сонцето. Најблиската Ѕвезда до нас, која е заслужна за
пријатната клима на Земјата и целиот живот на неа.
До Сонцете се надзираше една мала точка.
Тоа беше првата планета Меркур. Таа е најблиската и најмалата планета до сонцето.
Едната страна на Меркур е претопла а дргата страна е пре ладна. Околу Сонцето
ротира за помалку од 89 земјени денови. Температурата на површината се движи од -
173°C до 427°C.
После Меркур се надзираше една посветла точка, тоа беше Венера. Нејзе ја нарекуваат
и сестра на Замјата, поради слчната големина, маса и оддалеченост од Сонцето. Таа
има многу густа атмосвера составена од јаглероден диоксит. Притисокот е 92 пати
повисок од оној на Земјата и е сличен на притисокот на 1000 метри под морското ниво
на Земјата. На Венера има облаци од кои врне дожд од сулфурна киселина. Поради
сето ова температурата на Површината на венера е 462°C. Венера ротира во обратна
насока од останатите планети во Сончевиот систем, односно таму сонцето изгрева на
запад а заоѓа на исток.
За кратко време стигнавме до Марс. Марс е последната карпеста планета од земјениот
тип. Марс е речиси двојно помала од Земјата, а од Сонцето е оддалечена 1,52
астрономски единици. Една астрономски единици е растојанието од Земјата до
Сонцето. Температурата на површината се движи од - 133 °C до 27°C што Марс го
прави најпогодно место за развој на живот после Земјата. На Марс се наоѓа и
највисоката планина во Сончевиот систем, тоа е Планината Олимп со висина поголема
од 21 км. Марс има две месечини и се викаат Вобос и Демос.
Оддалечувај ки е од марс навлеговме во Астероидниот појас. Составен е од безброј
мали карпи со неправилна форма со различна големина. Најголемите се
Церера, Веста, Палада и Хигија. Церера е најголема од нив и доволно е голема за да
биде џуџеста планета.
Летајќи накај Јупитер покрај нас помина и една комета, која со својата опашка
изгледаше спектакуларно на црното небо.
Кога се доближивме, пред нас се појави џинот на сончевиот систем. Планетата
Јупитер. Јупитер е 2,5 пати потешка од сите останати планети и астероиди во
Сончевиот систем. Од Сонцето е оддалечена 5,2 АЕ. Јупитер е гасовита планета и на
него нема цврста површина на која може да се слета. Во најголем дел е составена од
водород, а помалку од хелиум и други елементи. На него се наоѓа Големата црвена
точка, огромна бура која постои најмалу од 17 век кога прв пат била видена со
телескоп. Јупитер има 80 познати месечини, вклучувајќи ги и четирите големи
Галилејски месечини отриени од Галилео Галилеј во 1610, Ио, Европа, Ганимед и
Калипсо. Ганимед, најголемата од нив, има пречник поголем од оној на планетата
Меркур.
Следна што ја посетивме е планетата Сатурн. Таа е втората гасовита планета. Од
Сонцето е оддалечена 9,58 АЕ. Пречникот и е 9 пати поголем од тој на Земјата. Јадрото
на Сатурн е составено од железо и никел, надворешниот слој е составен од водород и
други гасови. И на сатурн дуваат силни ветрови кои можат да достигнат брзина и до
1800км/ч. Сатурн е најпознат по своите прстени, кои се составени главно од мраз а
помалку од карпи и прашина. Сатурн има повеќе од 62 месечини несметајќи ги
стотиците месечини во прстените. Најголема месечина е Титан, која е поголема од
Меркур, и е единствена месечина во сончевиот систем која поседува сопствена
атмосвера.
За да стигнавме до Уран поминавме 19,2 АЕ. Уран е седмата планета. Трета е по
големина, помала е само од Јупитер и Сатурн. Уран е прва од ладните џиновски
планети. Таа е најстудена планета во Сончевиот систем. Температурата се спушта дури
до -224°C. Оската на ротација е странично навалена така да северниот и јужниот пол се
наоѓаат таму каде што се наоѓа екваторот на другите планети. Како и останатите
џиновски планети и Уран има свои прстени, кои се многу помали од оние на Сатурн.
Во 1986 покрај Уран прелета сондата „Војаџер 2“ и сликите што ги прати се
единствени детални слики, но на нив не се приметуваат позначајни атмосферски
активности. На Уран дуваат ветрови со брзина до 560 км/ч.
Нептун е осмата планета. Од сонцето е оддалечена 30,1АЕ. Откриена е во 1846 г. За
нептун се знаело многу малку до 1989 г. Кога покрај неа прелетала сондата „Војаџер
2“. Уран личи на светло сина топка без некои површински обележја. Во тоа време на
површината на Нептун забележани се серија бури познати под името Големата темна
дамка (која подоцна исчезнала). Нептун има свои прстени како и другите гасовити
џинови. Постојат четири скоро невидливи прстени составени од темни парчиња мраз.
Сината боја Нептун ја должи на метанот. Ветровите на Нептун достигнуваат бирзина
до 2200 км/ч. Температурата е околу -200°C.
Плутон до 2006 г. се сметаше за деветтата планета, кога е променета дефиницијата за
планети и од тогаш Плутон се смета за џуџеста планета. Плутон е помал од многу
месечини во Сончевиот систем. Неговиот пречниг е 2.274 км. Од сонцето е оддалечен
39,5 АЕ. Орбитата околу Сонцето трае 248,54 Земнини години. Температурата на
Плутон се движи од -235°C. до -210°C.
Токму кога требаше да го продолжиме нашето истражувачко патување кон
непознатите тајни на нашата галаксија го чув гласот на мајка ми како вика. Разбуди се
Јана, ќе задоцниш за на училиште.

You might also like