You are on page 1of 3

Магнети

1. Магнет е секое тело кое има својство да привлекува железни предмети.


2. Зборот магнет доаѓа од името на областа Магнезија во Мала Азија. На ова место е
пронајдена железна руда со магнетни својства позната како магнетит- природен
магнет.
3. Магнетит е природен магнет, додека вештачки магнети се прават со железо, кобалт,
никел, хром и др. кои со дополнителна постапка се магнетизираат.
4. Дејството на овие магнети со текот на времето не се менува, затоа се викаат
постојани магнети.
5. Магнетите што ги користиме во секојдневието имаат различни форми : прачка,
потковица, ѕвоно, игла и слично.
6. Современиот живот не може да се замисли без примена на магнет. Магнети има во
звучниците, електромоторите, ладилниците, лентите за снимање и репродукција на
звук, многу апарати.
7. Секој магнет има два пола. Северен магнетен пол, се обележува со N (north- север)
и јужен пол се обележува со S (south- југ). Не постои магнет со еден магнетен пол.
8. Истоимените полови се одбиваат, а разноимените полови се привлекуваат.
9. Просторот во кој дејствуваат магнетните сили се вика магнетно поле.
10. Секој перманентен магнет околу себе создава магнетно поле. Значи, магнетните
сили се последица на магнетното поле коешто во просторот го создаваат магнетите.

11. Силата на магнетизмот е најсилна кај магнетните полови.


12. Земјата е еден огромен магнет- таа има магнетен северен и јужен пол.
13. Магнетните сили кои се движат од северниот кон јужниот пол создаваат магнетно
поле околу неа.
14. Магнетното поле ја штити Земјата од сончевата радијација. Како заедничка
реакција на магнетното поле на Земјата и сончевите ветришта се создава
магнетосфера. Таа е во форма на солза која се шири во вселенскиот простор.
Магнетосферата ги одбива и ублажува сончевите бури.

15. Поларна светлина или аурора- како се создава?


Магнетното поле се шири во вселенскиот простор и не штити од сончевите честички
кои имаат голема енергија. Но, магнетните полови привлекуваат дел од овие честички.
Така се создаваат џиновски завеси со сјајна светлина на небото позната како поларна
светлина.
Сакам да знам повеќе: Кога Магнус загубил една овца, тргнал да ја бара и се нашол на еден
карпест предел на кој неговите потковани опинци чудно се однесувале. Кога карпите ги газел со
опинците, тие се лепеле на карпите и му се собувале од нозете. Кога карпата ја допирал со раката,
не чувствувал ништо, карпата била сува, а раката не се лепела како опинците. Се собул, седнал на
карпата и истражувал. Кога карпата ја допирал со поткованиот дел од опинокот, тој се лепел, а кога
ја допирал со кожниот дел, ништо не се случувало. Магнус имал овчарски стап со железен врв и
решил и со него да ја допре карпата. Кога ја допирал со врвот, тој се лепел, а кога ја допирал со
дрвениот дел од стапот, ништо не се случувало. Поубаво ја загледал карпата и таа му заличила на
железо. Зел парче од карпата и ја однесол дома. Од тогаш сите луѓе дознале за оваа чудна карпа,
која по овчарчето Магнус го добила името магнетит.

You might also like