You are on page 1of 10

Магнети

Изработиле: Милош Тепавац, Мила Димовска и Кристи Караташева


Магнет и магнетни материјали

 Магнетот е метал кој има својство да привлекува други метали. Но не


сите, само оние кои имаат магнетни својства. Така железото, кобалтот и
никелот се магнетни материјали. Секој метал кој во себе содржи од овие
метали може да биде привлекуван од магнетот. Всушност магнетот е
челик, а челикот е легура на железо.
 Материјалите што ги привлекува магнетот се нарекуваат магнетни
материјали.
 Како настанало. За прв пат магнетот бил откриен во местото Магнезија во
Мала Азија неколку векови пред нашата ера. Рудата која ја пронашле се
викала МАГНЕТИТ. Таа била природен магнет која имала магнетни
својства. Додека сите други магнети се вештачки создадени како легури.
 Планетата Земја е најголем природен магнет.
Магнетни полови
 Секој магнет има два пола Северен и Јужен магнетен пол, магнетни сили
и магнетно поле во кое се јавува магнетизмот односно во тоа поле има
привлекување на металите.
 Северниот магнетен пол секогаш се обележува со буквата N (првата буква
од зборот север на англиски јазик NORTH), преставен е со црвена боја и
со знакот +
 Јужниот магнетен пол се обележува со буквата S (првата буква од зборот
југ на англиски јазик SOUTH), преставен е со сина боја и со знакот -
 Магнетните сили го формираат магнетното поле и секогаш се движат во
насока од север кон југ.
Правила за магнетите

 Кога доближуваме два спротивни магнетни


пола, северен и јужен тие силно се
привлекуваат.

 Кога приближуваме два магнети тие ќе се


одбиваат доколку ги доближуваме со исти
полови. Два северни магнетни пола се
одбиваат, исто важи и за два јужни пола.
МАГНЕТИЗАМ

 Во магнетното поле се јавува невидлива привлечна сила наречена


магнетизам.
 Секој метал е составен од атоми (честички) кои преставуваат мали
магнети. Кога на нив не се делува со магнетна сила тие атоми се движат
неопределено (слободно) во сите правци. Штом на нив се делува со
магнетна сила магнетните атоми се распоредуваат во права линија, така
што северните краеви на магнетните атоми се насочени кон север а
јужните краеви се насочени кон југ.
Магнетно поле на Земјата

 Планетата земја е најголем природен магнет. Како и секој магнет, таа има
два магнетни пола, Северен и Јужен магнетен пол. Магнетните сили кои
се движат од северниот кон јужниот пол создаваат магнетно поле околу
неа.
 Магнетните својства на Земјата се јавуваат како резултат на растопените
метали во јадрото на планетата. Нјголем процент од металите отпаѓа на
железото. Покрај железо, во јадрото има растопено и кобалт и никел кои
ги даваат магнетните својства на Земјата.
Компас

 За да се ориентираме во просторот
користиме компас. Во компасот има игла
што е магнетизирана и секогаш се
поставува во правец север-југ бидејќи
Земјата има свое магнетно поле.
Магнетната игла на компасот се
поставува во правец на линиите на
магнетното поле на Земјата.
 Компасот ни помага да се ориентираме
во природата. Најчесто го употребуваат
извидници, пилоти, морнари, планинари
и др.
Примена на магнетите

 Магнетот има многу широка употреба.


 Освен за компас, се употребува и во изработката на телевизори и
компјутерски монитори, звучници и микрофони, електромотори,
генератори, трансформатори.
 Во кредитните картички на едната страна е внесена магнетна трака на
која се внесени кодирани податоци.
 Магнетот денес се употребува и во медицината. Болниците го користат за
магнетна резонанца (снимање) преку која се откриваат најразлични
болести во нашиот организам.
Електромагнет

Електрична струја
 Електромагнет е магнет кому му е
потребно напојување со електрична
струја за да го одржува сопственото
магнетно поле.
 Тоа е едноставна направа која се Електромагнет Извор на мал напон
состои од намотки од електрични
спроводни жици околу феромагнетно
јадро.
 Обично се користи како дел на
релиња, соленоиди, електромотори Кога низ соленоидот
и други уреди. тече струја тој се
магнетизира
Поларна светлина

 Магнетното поле се шири


во вселенскиот простор и
не штити од Сончевите
честички кои имаат голема
енергија. Но магнетните
полови привлекуваат дел
од овие честички. Така се
создаваат џиновски завеси
со сјајна светлина на
небото позната како
поларна светлина.

You might also like