You are on page 1of 11

Магнетно поле.

Определување на насоката на
магнетните силови линии.
Ерстедов експеримент
Магнетно заемнодејство
Секој магнет има два пола, северен (N - според
англискиот North) и јужен ( S – според англискиот
назив South).
Земјата претставува еден огромен прачкест магнет. Во
близина на северниот географскиот пол се наоѓа
магнетниот јужен пол. На јужната полутопка се наоѓа
северниот магнетен пол на Земјата и тој не се поклопува
со јужниот географскиот пол.
Магнетите секогаш имаат два разноимени пола . Ако еден
прачкест магнет се пресече на половина двете половини
ќе ги имаат и двата пола.
https://www.youtube.com/watch?v=j8XNHlV6Qxg

Магнетно поле и магнетни силови линии


 Просторот околу магнетот во кој се чувствува неговото дејството
(привлекување на феромагнетни материјали) се вика магнетно поле.
https://www.youtube.com/watch?v=bjRAfNSe1E0
Ерстедов експеримент https://www.youtube.com/watch?v=w_ZqTGxtHrk

 Правило на испружените прсти на десната рака- ако десната рака се


постави над спроводникот со прстите во насоката на течењето на струјата,
и тоа така што дланката да е свртена кон спроводникот, тогаш северниот
пол на магнетната игла се отклонува во насока на палецот
Магнетно поле на прав спроводник
 Амперово правило на свитканите прсти на десната рака - ако струјниот
спроводник се фати со десната рака така што палецот ја покажува
насоката на струјата И (слика 9б), тогаш свитканите прсти на десната рака
ќе ја покажуваат насоката н а силовите линии на магнетното поле.
Магнетен лист
 Кружен спроводник низ кој тече струја се вика магнетен лист или
магнетен дипол .
 Насоката и правецот на магнетното поле кај листот се определува со
правилото на десната тупаница - ако струјата тече во насока на
свитканите прсти на десната тупаница, тогаш северниот магнетен пол е во
насоката на палецот
Соленоид
 Спроводник низ кој тече струја, а кој е свиткан во форма на спирала, има
слични својства како и магнетниот лист и се вика соленоид . И кај
соленоидот насоката на магнетните силови линии се определува преку
правилото на десната тупаница
Прашања:
1. Што се природни магнети?
2. Што е магнетно поле ?
3. Со што визуелно (нагледно ) се претставува магнетното поле?
4. Дали Земјата може да се разгледува како магнет, каков магнет би била и каде се
наоѓаат магнетните полови?
5. Што се магнетни силови линии?
6. Колку полови има магнетното поле и дали тие се деливи?
7. Како заемно дејствуваат истоимени, а како разноимени полови кај магнетите?
8. Напиши го правилото сокое се определува насоката на магнетното поле кај
спроводник низ кој тече струја (Амперово правило на свиткани прсти на десната
рака)!
9. Напиши го правилото сокое се определува насоката на магнетното поле кај
магнетен лист и низ соленоид низ кој тече струја (правило на десна тупаница)!

You might also like