You are on page 1of 13

Лоренцова Сила

Вовед во Лоренцова сила


• Знаеме дека кога низ проводник тече струја и истовремено се наоѓа во магнетно поле,
му дејствува електромагнетна сила.
• Лоренцовата сила претставува сила која се јавува кај ПОЛНЕЖИ во движење кои се
наоѓаат во некое магнетно поле.
• Релацијата за наоѓање на таа сила(која дејствува на полнежи) ќе ја извлечеме од
равенката за магнетна индукција В
• Односно силата F што се јавува е производ
на магнетна индукција B, струјата низ тој
проводник I и должината на самиот
проводник L
Изведување на равенка за
пресметување на Лоренцова F

F=BILsin(a) Оваа равенка може Но бидејќи мислиме на формула


Бидејќи струјата е да се замени во за еден наелектризиран полнеж
движење на првобитната =>
полнежи => формула => N=1, e = q =>
LI=LQ/t=Qv=Nev F=NevBsin(a) и конечно
F=qvBsin(a);
L/t=v
Q=Ne
Лоренцова Сила во практика
• Да замислиме дека имаме магнетно поле насочено кон читателот(со точка на сликата),
дека честичката се движи на рамнина на екранот, односно под прав агол во однос на
магнетното поле(sin90*=1 => F=QvB), кон едната страна(десна или лева), и потоа со
правило на 3 прста од лева рака (среден прст, показалец и палец – сите поставени под
прав агол во однос на останатите) се открива насока на силата F.
• Овој полнеж се движи по кружница, што значи дека има само нормално забрзување,
односно дека Лоренцовата сила не ја менува кинетичката енергија на тој полнеж,
односно НЕ ВРШИ РАБОТА.
• Како тогаш се задвижуваат честичките под влијание на оваа сила?
Њутнови закони за Лоренцова сила
Како тогаш се движат честичките под дејство на Лоренцова сила?

По II Њутнов закон силата е F=ma, каде масата е маса на самата честичка, а забрзувањето
2
е нормално односно а=v /R

ma=QvB
2
mv /R=QvB
и конечно за радиусот на кружницата по која се R=mv/QB
движи наелектризираниот полнеж се добива
Примена на Лоренцова сила
• Лоренцовата сила се употребува во низа уреди во науката и техниката
a) Катодни цевки
b) Циклотрон
c) Масен Спектроскоп
d) и др.
• Истотака Лоренцовата сила го штити живиот свет од лошото влијание на космичките
зраци – кои претставуваат наелектризирани честички, односно магнетното поле на
земјата ги одбива
Магнетна Индукција од
прав проводник
Магнетна Индукција од прав проводник
• Кога низ проводник тече струја тогаш тој создава свое магнетно поле оклоу него во
вид на концентрични кружници. Насоката на тоа поле се одредува со правило на десна
рака или со правило на десна завртка.
• Големината на таа Магнетна Индукција B се наоѓа со формула наречена Био-Саваров
Закон(ако се сеќавате од минатата година) и гласи

Каде B е магнетна индукција [T], I е струјата низ


тој проводник [A], а r е радиусот на магнетните
силови линии [m]
Изработил :
Габриел Вуковиќ
THE END

You might also like