You are on page 1of 19

ЕЛЕКТРОХЕМИЈА

Валентин Мирчески

Институт за хемија
Природно-математички факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Р. Македонија
1. Вовед
Електричество

 Електрохемија е интердисциплинарна наука која ја проучува врската помеѓу


хемиските и електричните феномени

 Хемиски феномени – хемиски (редокс) реакции


 Електрични феномени – пренос на електричество поврзано со хемиски
реакции

Електричество
 Електричен полнеж: позитивен и негативен, и нивно заемодејство;

 Секое количество електричество е множество од елементарни


електрични полнежи (најмало можно количество електричество,
односно количество електричество што го содржи еден електрон (-) или
еден протон (+)
 Елементарен електричен полнеж
 Единица мерка за електричен полнеж: 1 C (кулон)
3
 Постоењето на електричен полнеж секогаш е поврзано со постоење на материја
во системот. Не е возможно да се замисли систем што содржи полнеж, а не
содржи материја (материјални честички)
 Електроните, протоните, јоните, итн. содржат полнеж.
 Диполните молекули во различни делови содржат делокализиран полнеж: тој
обично е помал отколку елементарниот полнеж Q0.

Структура на молекулата вода: сината боја


означува делови со вишок на негативен полнеж,
а црвената со позитивен. Во целина
молекулата е електронеутрална.

 Помеѓу два електрични полнежи се јавува електростатска сила (f) (привлечна


помеѓу полнежи со спротивен знак, или одбивна кога знакот е идентичен) која
зависи само од полнежите и нивното растојание, а не од хемиската природа на
честичките кои го носат полнежот:

4
Кулонов закон:

 Q - електричен полнеж
  - пермитивност (константа за одреден медиум)
 r – растојание (r1,2 – растојание помеѓу полнежите со ознака 1 и 2)

 Пермитивност во празен простор (вакуум)

 Големината на електричните сили кои се јавуваат помеѓу полнежите е огромна:


Пр.: Ако сите Na+ катјони од 100 g NaCl бидат на Месечината, а сите Cl- анјони се на
Земјата, тогаш привлечното дејство помеѓу нив е отприлика поголемо отколку
силата на гравитација (тежина) што дејствува врз еден просечен човек!

 Истоимените полнежи заради одбивното дејство настојуваат максимално да се


оддалечат еден од друг. Затоа, кога едно тело е наелектризирано со одреден
полнеж, полнежите никогаш не се наоѓаат во неговата внатрешност, туку сите се
лоцирани на неговата површина, зашто на површината тие заземаат
максимално можно растојание помеѓу нив. Значи, полнежот е секогаш
лоциран на површината на телата!

5
 Околу секој полнеж се формира електрично поле во сите три насоки на
просторот. Околу точкест (сферен) полнеж, се формира сферно електрично
поле. Неговата јачина е векторска величина: таа има насока и интензитет!

Околу позитивен
полнеж, полето (по
договор) е насочено од
полнежот кон
тродимензионалниот
простор. Обратното
важи за негативен
полнеж

 Јачината на полето (X) се дефинира како однос од електростатската сила (f)


помеѓу полнежот кој го формира полето и полнежот на еден мал (пробен
полнеж (англ. назив test charge, Qtest) внесен во полето:

 Оттука, колку што е електростатската сила поголема, толку е и јачината на


полето поголема.

6
 Во електрохемијата, најчесто се занимаваме со сферна геометрија (пр. електрично поле
околу еден јон), каде што е важен само радиусот на сферата r каде дејствува полето (една
координата), или пак со планарна геометрија (на пр. електрично поле помеѓу две метални
плочи, односно електроди) каде е важно растојанието x помеѓу две рамнини.

Планарна геометрија: Две


Приказ на сферна геометрија околу наелектризирани плочи на растојание x = L.
полнежот Q. Јачината на полето во Еден полнеж внесен во ова поле, ќе биде
сите насоки зависи од растојанието r. привлекуван од едната плоча, а одбиван од
Јачината на полето опаѓа со порастот другата. Интересно е што јачината на
на r. полето овдека не зависи од положбата
(растојанието x) на кое се наоѓа тест-
полнежот. Туку, јачината на полето е
униформна помеѓу двете плочи, независно
од растојанието.

7
 Мерка за енергијата што ја поседува еден полнеж внесен во електрично поле на
друг полнеж (или со други зборови-мерка за енергијата на електричното поле во
неговите различни делови, различно растојание) е физичката величина
електричен потенцијал.
 Негова единица мерка е 1 V (волт). 1 V = J/C. Електричен потенцијал од еден
волт одговара на потенцијална енергија од еден џул што ја има полнеж од
еден кулон внесен во некое електрично поле.

 Електричниот потенцијал не може да биде измерен во една точка од полето. Она


што може да се измери, е разликата помеѓу електричните потенцијали помеѓу
две точки на полето

Пробен полнеж кој се движи од точка А во B во


електричното поле на голем полнеж. При тоа
изминува растојание - r („-“ затоашто
растојанието се намалува од А во B)

8
При тоа се врши електрична, т.н. Кулоновска работа, w. Работа

Работата што треба да се изврши за придвижување на полнеж во полето од точка А во


B, одговара на разликата на електричните потенцијали во двете точки:

Оттука, мерлива величина е разликата во потенцијали, , а не самите вредности за


потенцијалот. Разликата во потенцијали се нарекува електричен напон (анг. voltage).
Меѓутоа, во електрохемиската литература, често, наместо разлика во потенцијали, често се
користи поедноставениот термин „потенцијал“, а се мисли на разлика помеѓу потенцијали
во одреден систем. На пример, кога се зборува за потенцијал на една метална електрода
вронета во воден раствор на електролит, всушност се мисли на потенцијалната разлика
помеѓу електродата и растворот.

Од последната равенка, следува и нова дефиниција за јачината на електричното поле


помеѓу две точки, како однос на разликата на потенцијалите помеѓу точките () и
меѓусебното растојание (r).

9
Електриченa спроводливост
 Проводници – супстанци што спроведуваат електричество (може да постојт во
трите агрегатни состојби)

 Електронски проводници: подвижни електрони (метали, но и некои оксиди и


соли; пр. PbO2, Ag2S);
 Јонски проводници: движење на јони;

 Изолатори– супстанци што не спроведуваат електричество (може да постојт во


трите агрегатни состојби)

 Полупроводници

 n – тип (супстанци во чија кристална структура, во дел од постоечките


ковалентни врски се јавуваат повеќе електрони од оние потребни за формирање
на врската и овозможуваат пренос на електричество со движење на електрони
при определени услови);
 p – тип (имаа во одредени делови на структурата недостаток на електрони, или
како што се вели имаат позитивни празнини, и со нивно движење, се овозможува
пренос на полнеж- во суштина повторно станува збор за движење на електрони,
кои притоа зад себе оставаат позитивни празнини).

10
 Некои цврси органски супстанци пренесуваат електричество со помош на
конјугирани двојни врски, односно со помош на  – електрони.
 Пример е спроводливот полианилин:

 Јонски проводници:
 Водени раствори на електролити (соли, киселини, бази);
 Јонски течности (растопи на соли): јонски чисти супстанци во течна фаза на
собна температура;
Пр. 1-метил-3-бутилимидазолиму хексафлуорофосфат:

11
 Постојат и јонски проводници во цврста фаза.

 ZrO2 – спроведува електричество со слободно движење на О2- јонот,


или
 AgRbI5, каде низ решетката Ag+ јоните може да се движат слободно.

Во поретки случаи, спроводливоста е од мешан електронско-јонски


карактер:

 Пример се гасовите во состојба на плазма (висока температура), каде


има слободни електрони и јони на гасот;

 Раствор на Na метал во течен амонијак е систем во кој има Na+ јони но и


слободни солватирани електрони;

 Цврст раствор на гасовит H2 во паладиум: Во овој систем


спроводливоста е резултат на движење на протони и електрони.

12
Основни електрични уреди
 Извор на електричество (извор на еднонасочна електрична струја): уред кој обезбедува
потенцијална разлика помеѓу две точки. Овој извор има два краеви - на едниот има вишок
негативен полнеж, а на другиот соодветен недостаток негативен полнеж (електрони),
односно вишок позитивен полнеж.

 Волтметар: уред кој не дозволува протекување на електрична струја помеѓу две точки, и
кој ја мери потенцијалната разлика помеѓу двете точки;

 Кондензатор: уред кој овозможува складирање на електричен полнеж помеѓу две


метални плочи, раздвоени со изолатор.

извор нана
Извор Полнежот Q којшто може да биде
електричест
електричес- акумулиран од кондензаторот креира
во потенцијална разлика, E, и зависи од
тво
пермитивноста на диелектрикот
(изолаторот, ) помеѓу плочите,
површината на плочите (A) и нивното
меѓусебно растојание (L).
волтметар Капацитетот на кондензаторот C (F,
единица мерка е фарад; F = C/V) е
еднаков на односот на количеството
електричество што go содржи
кондензаторот и потенцијалната
разлика која се јавува помеѓу двете
плочи. Истата величина е поврзана и
кондензатор површина со пермитивноста на изолаторот (),
(А) со површината на плочите (А) и со
нивното меѓусебно растојание L.

13
Кога помеѓу плочите на кондензаторот има некој изолатор, наместо вакуум,
тогаш под дејство на електричното поле, молекулите на изолаторот делумно ќе
се ориентираат зависно од полето. Ова е особено важно кога се работи за
поларни молекули, како оние на водата, или, на пример, ацетонитрилот.
Нивната ориентација (позитивната страна на молекулата насочена кон
негативно наелектризираната плоча, и обратно) создава локално електрично
поле, кое донекаде го намалува електричното поле на кондензаторот. Овој вид на
супстанци, кои имаат особина да го намалуваат електричното поле на
кондензаторот, се наречени диелектрици. Нивната пермитивност, е секогаш
поголема од пермитивноста на вакуум, а тоа, според кулоновиот закон, доведува
до намалување на електростатската сила помеѓу плочите. Но од друга страна,
капациетот на кондензаторот што користи некој диелектрик е секогаш поголем
во однос на вакуум.

14
 Но, ако помеѓу плочите на кондензаторот поставиме електронски проводник,
тогаш низ него ќе започне насочено движење на електрони, што се нарекува
електрична струја (I (A – ампер; A = Q/s)).

 Електричната струја е брзина на проток на полнеж во единица


време.

 Количината на струја која протекува низ единица површина (пр. површина


на напречен пресек на метална жица низ која тече струја) се нарекува
густина на струја (i (A cm-2)) .

 Низ електричниот круг насекаде тече идентична количина струја. Но, низ
различни делови на кругот, различна е густината на струја!

15
 Количината на струја која протекува помеѓу две точки со потенцијална разлика
E, зависи од видот на медиумот. Секој медиум се каратеризира со
електричен отпор (R (, ом).

Омов закон:

 За планарна симетрија, или за цилиндричен проводник:


 R = L/(A), каде, се вика спроводливост (кондуктивност) ( S m-1,
сименс, S = -1).

 Кондуктивноста може да се дефинира и како однос на густината на струјата


и јачината на електричното поле кое предизвикува течење на струјата:

16
 Ако помеѓу плочите на кондензаторот внесеме раствор на електролит, тогаш ќе
започне насочено движење на јоните.

извор на
електричест
во

 Очигледно, штом јоните ќе дојдат до површината на плочите, таму се


акумулираат, при што на секоја плоча се создава двоен електричен слој. Секој
двоен електричен слој се состои од полнежот на плочата и полнежот на јоните
акумулирани и поддредени на плочата. Двојниот електричен слој има
осбини на кондензатор, идентично како кондензаторот прикажан на
претходните слајдови. Капацитетот на двојниот електриче слој е многу
голем, заради малото растојание помеѓу полнежите.

17
Мобилност: движење на наелектризирани
честички во електрично поле

Движење на позитивни честички во електрично поле-


течење на електрична струја

 Кондуктивноста во системот прикажан на сликата може да се дефинира како


производ од Фарадеевата константа (F), концентрацијата на полнежи (c ) и
мобилноста на полнежите, u. Мобилноста е однос од просечната брзина на
движење на полнежите ( ) и јачината на електричното поле.

 Фарадеевата константа е количество електричество на еден мол елементарни


полнежи (пр. еден мол електрони, или еден мол протони):

18
 Кога некоја честичка i има полнеж Qi, тогаш може да се дефинира број на
полнежот zi:

каде Q0 е елементарен полнеж.


 Оттука, zi за електронот е -1, а за Ca2+, е +2, итн.

 Низ раствор на електролит, во преносот на струја учествува и катјоните и


анјоните. Оттука, кондуктивноста на електролитот може да се дефинира како
сума од поодделните кондуктивности на секој присутен јонски вид:

 На крајот да спомнеме, дека движењето на наелектризирани честички во


електрично поле се нарекува миграција. Во електрохемијата, ќе сретнеме и
процес на движење само заради концентрациски градиент (разлика во
концентрации помеѓу две точки), што се нарекува дифузија, како и
движење под дејство на механички сили, што се нарекува конвекција.
19

You might also like