You are on page 1of 2

Физика како наука

Запомни
1.Тела чии атоми имааат еднаков број на протони и електрони се викаат
ненаелектризирани тела.

2.Тела чии атоми немаат еднаков број на протони и електрони се викаат наелектризирани
тела.

3.Телата кои имаат кусок на електрони се позитивно наелекртизирани, а телата кои имаат
вишок на електрони се негативно наелектризирани.

4.Вишокот на електрични полнежи во дадено тело претставува величина наречена


количество електричество q која се мери во единица кулон ( C ) .

5.Најмалото количество електричество што постои во природата изнесува 1,6 • 10 -19 C и се


вика основно или елементарно количество електричество.

6.Честиците кои го содржат елементарното количество електричество се викаат


елементарни електрични полнежи (електрони и протони).

7. 1C=6,25 • 10 18 елементарни електрични полнежи (електрони)

8.Полнежите кои се од ист вид како и полнежите што ги има наелектризираната стаклена
прачка протриена со свила се позитивни.

9. Полнежите кои се од ист вид како и полнежите што ги има наелектризираната ебонитна
прачка протриена со волнена крпа се негативни.

10 .Телата може да се наелектризираат на три начина :


-Со триење
-со допир
-со инфлуенција или влијание .

11.При наелектризирање на телата со триење електричните полнежи поминуваат од едно на


друго тело.

12.При наелектризирање на телата со допир електричните полнежи поминуваат од


наелектризираното на неутралното тело.

13. Наелектризирањето на телото по пат на инфлуенција (влијание) настанува кога


наелектризираното тело ќе го доближиме до неутралното и под негово влијание ќе се изврши
прераспределба на електричните полнежи во неутралното тело,така што на површината од
поблиската страна ќе се нафатат разноимени ,а на спротивната страна истоимени полнежи
какви што ги содржи наелектризираното тело.

14.Количеството елекричество на едно наелектризирано тело е алгебарски збир од


негативните и позитивните елементарни полнежи, кои што се наоѓаат во него.

q = N1 • e+ - N2• e- q=±N•e
N1 и N2 –цели броеви со кои се определени позитивнитеви негативните полнежи во телото
e + и e- - елементарно позитивно и негативно количество електричество
15.Законот за запазување на електричниот полнеж гласи :Количеството електричество во
еден изолиран систем од наелектризирани тела е константна величина.

Σq = ΣN1 • e+ - Σ N2• e- =constanta


16.Телата кои имаат слободни електрични полнежи се викаат спроводници.

17.Телата кои немааат слободни електрични полнежи се викааат изолатори или


диелектрици.

18.Телата чија електрична спроводливост е меѓу спроводливоста на металите и изолаторите


се викаат полуспроводници.

You might also like