You are on page 1of 5

Електризирање на телата

Кога две тела се тријат едно од друго, тогаш од едното


тело се исфрлаат електрони, кои преоѓаат на другото
тело. Така, телото што ги примило електроните има
вишок електрони и се однесува како да е
наелектризирано негативно, а другото тело кое ги
оддало електроните има неодстаток од електрони и
се однесува како да е наелектризирано позитивно.

Едно тело е негативно наелектризирано затоа што има вишок


негативни електрони.
Едно тело е позитивно наелектризирано затоа што има недостаток
од негативни електрони.
Електроскоп е уред со кој може да се испита дали едно тело е
наелектризирано.

глава

ливчиња
тело
1. Постојат два вида елетрицитет. Едниот го викаме позитивен, а
другиот негативен.
2. Пластичната прачка се електризира негативно, а стаклената
позитивно.
3. Две тела кои се наелектризирани со истоимен електрицитет
(позитивно-позитивно или негативно-негативно) се одбиваат.
4. Две тела кои се наелектризирани со разноимен електрицитет
(позитивно-негативно или негативно-позитивно), се
привлекуваат.

Активности со PhET симулација:

https://phet.colorado.edu/sims/html/balloons-and-static-electricity/latest/ball
oons-and-static-electricity_en.html
Величината количество електричество обично се обележува со
буквата Q, а единица за количество електричество е кулон (С).

Од гледна точка на електроспроводливост, материјалите се делат на:

- Спроводници, материјали низ кои наелектризираните честички (во


случајов електроните), може да се движат со релативно голема
брзина,
- Изолатори (диелектрици), материјали низ кои наелектризираните
честички речиси воопшто не се движат и
- Полуспроводници, материјали низ кои движењето на
наелектризираните честички е ограничено и може да се одвива под
одредени услови.

You might also like