You are on page 1of 2

Електрична струја

Запомни
1.Теоријата која со помош на својствата на слободните електрони успешно објаснува голем
број на електрични појави и закони се вика електронска теорија.

2.Металите во цврста состојба се изградени од кристална решетка во чии темиња(јазли)се


наоѓаат позитивните јони на металот ,а меѓу нив се движат слободните електрони кои го
сочонуваат електронскиот гас.
*Слободните електрони во кристалната решетка се движат слично како што се движат
честиците од некој флуид (гас) па затоа ги нарекуваме електронски гас.

3.Насоченото движење на слободните електрични полнежи во внатрешноста на проводникот


по дејство на силите на електричното поле се вика електрична струја.

4.Електричната струја може постојано да тече само во затворено електрично коло .

5.Најпростото затворено електрично коло се состои од извор на струја и проводник.

*Изворот на струја претставува внатрешен дел на електричното коло ,а проводникот


надворешен дел на електричното коло.

6.За насока на струјата во електричното коло по договор се зема насоката на движењето на


позитивните полнежи( од плус кон минус) и оваа насока се вика техничка насока на струјата.

7. Кај металните проводници насоката на движење на електроните е обратна од насоката на


струјата во проводникот.

8.Јачина на електричната струја I е еднаква на односот на количеството електричество q ,


што минало низ напречниот пресек на проводникот и времето t за кое минало тоа количество
електричество .
I = q /t 1A = 1C / 1s ,1C =1A 1s

9.Јачината на струјата се мери во ампер,а приборот се вика амперметар.

10 .Еден кулон е количество електричество што поминува за време од една секунда низ
спроводникот ,низ кој тече струја со јачина од еден ампер.

11Се разликуваат три вида на електрична струја: права,пулсирачка и наизменична.

12.Струја што тече во една насока и не ја менува својата јачина во текот на времето се вика
права струја.

13. Струја што тече во една насока и ја менува својата јачина во текот на времето се вика
пулсирачка струја.

14. Струја што тече де во една де во обратна насока и ја менува својата јачина во текот на
времето се вика наизменична струја .

15.Формула со која може да се пресмета брзина на електроните низ металниот проводник ако
се познати неговите димензии и сме ја измериле јачината на струјата во него е :

I=e nS v , v= I / e n S
I-јачина на струјата во проводникот
e-количество електричество на електронот
n-број на слободни електрони во еден метар кубен на металниот проводник
S-плоштина на напречен пресек на проводникот.

16.Супстанциите кои имаат слободни електрични полнежи се викаат спроводници.

17.Под густина на електрична струја се подразбира јачината на електричната струја што


тече низ единичен напречен пресек на проводникот.

j=I/S

You might also like