You are on page 1of 14

ТЕЧЕЊЕ НА

ЕЛЕКТРИЧНА
СТРУЈА НИЗ
ТЕЧНОСТИ-
ЕЛЕКТРОЛИЗА
Изработил: Андреј Тодоровски
II-2
Чистите течности се лоши спроводници на електрична
струја.
За разлика од нив, раствори на киселини, бази и соли во вода
или некој друг растворувач спроведуваат електрична струја.
Таквите спроводници се викаат електролити.
Електролити се течни спроводници на елек. струја кај кои со
протекување на струја низ нив се одвиваат некои хемиски
реакции.
Носители на струјата кај електролитите се позитивно и
негативно наелектризирани атоми познати како јони.
Ваквото тврдење ќе го поткрепиме со следниот експеримент.
Во стаклен сад се става дестилирана вода во која се потопуваат
две електроди кои се сврзуваат со извор на струја и амперметар
во серија. Се вклучува изворот на електрична струја и на
амперметарот се забележува дека вредноста на струјата е еднаква
на нула.

Истата постапка се повторува, но претходно во водата се додава


натриум хлорид NaCl(готварска сол). Ќе забележиме дека
амперметарот ќе покаже отклон, што значи растворот спроведува
електрична струја. Во водата дошло до растварање на молекулата
на натриум хлорид со разложување на јони.
Процесот на разложување на молекулите соли, бази и
киселини на јони во воден раствор се вика
електролитна дисоцијација.
Молекулите на водата играат клучна улога во
разделувањето на молекулот на електролитот на одделни
јони.
Позитивно наелектризираните јони се викаат
катјони, а негативно наелекризираните јони се викаат
анјони. Катјоните се движат кон катодата, а анјоните кон
анодата.
Како пример ќе го земеме натриум
хлорид(готварска сол) кој претставува дипол.
При растварање на NaCl во вода околу него се собираат
поларните молекули на водата и на тој начин се свртуваат со
негативните краеви кон позитивниот дел на натриумот, а со
позитивните кон негативниот дел како што е прикажано на
сликата.

Ориентираните молекули на водата доведуваат до намалување на


електростатските привлечни сили што ги држат во јонска врска
атомите на натриум и хлор, па може да дојде и до разделување на
соединението NaCl на неговите составни делови, јоните на Na и
Cl.
Кога натриум хлорид се раствара во вода, молекулите на
водата навлегуваат во меѓупросторот на кристалната
решетка. Бидејќи водата има голема електрична
пропустливост привлечните сили измеѓу јоните
опкружени со молекулите на водата ослабуваат и доаѓа до
раскинување на врските помеѓу нив.
При движење доаѓа до судир меѓу слободните позитивни и
негативни јони при што повторно настануваат молекули
на натриум хлорид. Тој процес се вика процес на
рекомбинација. Процесот на дисоцијација и
рекомбинација се одвиваат постојано во еден ист раствор.
Се обележуваат со помош на две стрелки. Стрелката на
десно ја означува дисоцијацијата, а левата рекомбинацијата.
Примери на електролитна дисоцијација на киселини, бази и
соли: H 2SO 4  2H + +SO 42-
NaOH  Na + +OH -
HCl  H + +Cl-
NaCl  Na + +Cl -

- при дисоцијација секогаш се добиваат позитивни


водородни јони, кај базите негативни хидроксилни јони,
а кај солите јони на метал и неметал.
Eлектролиза
Електролиза е хемиски процес во кој под дејство на протекување на
електрична струја од надворешен извор доаѓа до разложување на
електролитот на јони. Ако во еден електролит се постават две метални
електроди и се вклучат на извор на струја, во растворот ќе се
воспостави електрично поле и јоните што настанале при
дисоцијацијата ќе почнат да се движат насочено и тоа позитивните
јони (катјони) кон негативната електрода (катода) а негативните јони
(анјони) кон позитивната електрода (катода ).

Честичките кои настануваат при електролитна дисоцијација од


молекулите на соли, бази и киселини на електродите се издвојуваат
како неутрални честички.
Пример за процес на електролиза е: процес на елетролиза на CuCl2. При
растварање на бакар хлорид во вода се добива електролит кој дисоцира на јони.
CuCl2»Cu+2Cl
При воведување еднонасочна струја во електролитот на CuCl2, на електродите
се одвиваат примарните реакции, и тоа:
-На катодата: Cu 2+ +2e -  Cu

-На анодата: Cl  -e -  Cl и реакцијата Cl+Cl  Cl 2

Како резултат на тоа, бакарот се издвојува во вид на талог на катодата, а хлорот


во гасовита состојба на анодата. Продуктите добиени при овој процес се викаат
примарни продукти.
Примарните продукти на електролизата можат да стапат во хемиска реакција со
електролитот и на електродите се издвојуваат продукти од овие т.н. секундарни
електролитички реакции-секундарни продукти.
Пример за добивање на секундарни продукти има кај
електролиза на NaCl, при што на катодата се издвојува
водoрод, а на анодата се издвојува Na. Добиените
натриумови јони со неутрализација на катодата стапува
во реакција со водата по равенката:
2Na+2H2O»2NaOH +H2
ЗАКОНИ ЗА
ЕЛЕКТРОЛИЗА(ФАРАДЕЕВИ ЗАКОНИ)
Насоченото движење на јоните(полнежите) во електролитите
се поврзани со пренос на маса на составните делови на
електролитот и со издвојување на маса на електродите.
Издвојената маса на една електрода се определува според
Првиот Фарадеев закон изразен со следната формула:
m  kq

Издвоената маса на електродата е пропорционална со


количеството електричество кое поминува низ
m k се вика
k
електролитот.Констаната на пропорционалност
електрохемиски еквивалент. q
Електрохемискиот еквивалент e бројно еднаков на масата што ја
издвојува електрична струја со јачина од еден Ампер за време од 1
секунда или електрохемискиот еквивалент е бројно еднаков на
масата што се издвојува на електродата при протекување на
q  It
количество електричество од 1 C од електролитот

Единица за електрохемиски еквивалент е: k   kg / C


Ако низ електролитот протекува елек. струја со константна јачина
количеството електричество ќе биде:
q  It ,тогаш масата ке биде:
m  kIt
Mасата на супстанцата која се издвојуа на електродата е еднаква на
јачината на електричната струја која протекува низ електролитот и
времето на нејзиното протекување.
ВТОР ФАРАДЕЕВ ЗАКОН
Вториот Фарадеев закон го поврзува електрохемискиот
еквивалент на супстанцата и нејзиниот хемиски
еквивалент(кој претставува однос меѓу молекулската
маса и валентноста на супстанцата) кој се изразува со
формулата:
1 M
k
М-моларна маса на јоните F z
Z-валентност
М/z-хемиски еквивалент
F-константа(Фарадеев број)-96.500 C/mol
Фарадеев број (константа) покажува количество електричество што
треба да помине за да се издвои еден мол од едновалентна
m
супстанца. Со замена на kkq
во формулата се добива:

1 M
m q
F z
Електролизата наоѓа практична примена во галваностегија и
галванопластика.
Галваностегија е процес на покривање на површината на некој
метал со тенок слој од некој племенит метал . Процесот е познат
како: хромирање, посребрување, позлатување, пониклување и др.
Галванопластика се применува за добивање на метални отпечатоци
од релјефни модели.

You might also like