You are on page 1of 14

СОУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ РИЧКО“ - ПРИЛЕП

ТЕМА: ЕЛЕКТРОЛИЗА И КОРОЗИЈА

Ментор: Изработилe:
Проф.Василка Митревска Ристеска Марија
Спиркоска Андреа
ЕЛЕКТРОЛИЗА
• Поим и дефиниција за електролиза

- Грчки – (ηλεктρό - електро, λυση - разложување); или разложување на


некоја течност (раствор или растоп) на нејзините составни делови со
помош наелектрична струја

• Дефиниција: процесот во кој под дејство на еднонасочната електрична


струја донесена од надворешен извор, во раствор или растоп од некој
електролит предизвикува оксидационо – редукциона реакција на
самиот електролит се нарекува на електролиза.
• Кога низ раствор од некоја сол, киселина или база ќе се пропушти еднонасочна
струја, јоните што се присутни во растворот ќе започнат насочено да се движат кон
спротивно наелектризираните електроди
o катјоните кон негативната електрода - катода

o анјоните кон позитивната електрода - анода

• Кога катјоните ќе дојдат во непосредна близина на катодата, тие од неа може да


примата електрони и да се редуцираат.

• Кој од присутните катјони ќе прими електрони од катодата ќе зависи од многу


фактори, но првенствено од тоа колку лесно дадениот катјон прима електрони
(местото на елементот во електрохемиската низа на металите)
• При електролизата на CuSo4 се одвиваат следните реакции:
ПРОЦЕСИ НА ЕЛЕКТРОЛИЗА
• Процесите на електролиза кога врз предметите од еден метал се нанесува друг
метал се викаат процеси на ГАЛВАНОСТЕГИЈА

• Галванизација – постапка на обложување на еден метал со тенок слој од друг


метал (поцинкување, пониклување, хромирање, посребрување, позлатување,...)

• Со помош на електролиза металните предмети може да се бојадисуваат

ВО ОСНОВА СИТЕ ПРОЦЕСИ НА ЕЛЕКТРОЛИЗА МЕЃУСЕБНО СЕ


СЛИЧНИ

• Кога анодата е направена од метал, наместо врз неа да се издвојуваат продукти на


електролизата, таа може самата да се раствора, оддавајќи притоа катјони во
растворот.
КОРОЗИЈА
• Корозија е несакана оксидација на металите под дејство на надворешните услови –
најчесто, под дејство на кислород и/или вода. Корозијата има огромно негативно
влијание врз нашата целокупна цивилизација која, меѓу другото, е базирана на
употреба на метали.

• Оксидацијата на сите метали (исклучок е само златото) е термодинамички спонтан


процес:
Во табелата се дадени вредностите за Гибсовата
енергија на оваа реакција за неколку метали. Оние кои
се одликуваат со помала Гибсова енергија (по
апсолутна вредност) на реакцијата на оксидација се
наречени благородни метали и се помалку склони
кон оксидација (корозија). Но, кинетиката на оваа
реакција најчесто е мала (исклучок се алкалните
метали). Во некои случаи, реакцијата запира заради
формирање на оксид на површината од металот кој е
непропостлив и го спречува понатамошниот тек на
реакцијата (пример е алуминиумот кој се прекрива со
непропусен слој од алуминиум оксид).
Често, и други присутни супстанци во воздухот можат
да ја забрзаат оксидацијата, како што е покажано со
следниве реакции:
ЕЛЕКТРОХЕМИСКИ МЕХАНИЗАМ НА
КОРОЗИЈАТА
• Најчесто корозијата се случува преку електрохемиски реакции и формирање на
електрохемиска ќелија на површината од металот. Интересно е што на
површината од еден ист метал во контакт со воден раствор, на многу блиско
растојание се формираат региони кои играат улога на катода и анода. На
долната слика е прикажана едноставна шема на т.Н. Корозиска ќелија, или
локална ќелија:
• На анодната страна се одвива оксидација на металот и таму важи следнава нернстова равенка:

• На катоднта страна, најчесто се случува редукција на хидрониум јоните:

• Електроните од анодната до катодната страна се пренесуваат низ металот. Но, со време, анодната страна може
да се претвори во катодна, и обратно, и во реалноста, површината на металот изгледа како мозаик кој
перманентно се менува, а е составен од анодни и катодни центри (региони). Сепак, постојат и случаи кога се
јавува локализирана корозија, односно еден дел од металот игра перманентна улога на анода, а друг, на катода.

• Постојат голем број причини кои предизвикуваат појава на анодни и катодни делови на металот, како на
пример:

• Многу често металниот предмет е составен од два метали: поблагородниот метал ќе игра улога на катода, а
помалку благородниот на анода (пр. бакар во контакт со железо: бакарот ќе биде катода, а железото анода);
• Металите содржат микрододатоци од благородни метали • Микроорганизми кои живеат на површината од металот
заради подобрување на некои особини (благородниот може да предизвикуваат различна концентрација на
метал се претвора во катода); кислород на металната површина;

• Нехомогена структура на маталната легура; • Микроорганизмите може да предизвикуваат и разлика во


pH вредноста на различни делови; деловите со повисоко
• Ако металот е изложен на електрично поле, истото може
pH играат улога на анода;
нехомогено да биде распределено низ површината на
металот и да предизвикува различна поларизација на
металната површина;

• Нехомогената морфологија на металната површина


заради различна обработка на металите; поострите
делови на металот имаат поголема површинска Гибсова
енергија и се склони на побрза оксидација, односно
играат улога на анода;

• Разлики во микроскопската структура (распоред на


атомите) на металната кристална решетка, што доведува
до разлики во површинската Гибсова енергија. Деловите
со повисока енергија играат улога на анода;
ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА
• Наједноставен облик на заштита од корозија е прекривање на металната површина со материјал кој е
изолатор, како што е пластиката или слични материјали. Овој метод е само делумно ефикасен. Друг начин е
прекривање на челична површина со калај (калаисување). Но, доколку се оштети калајната обвивка со
гребење, се формира корозиска ќелија која многу брзо предизвикува интензивно корозивно распаѓање.

• Ефикасен начин на заштита, кој многу се користи во автомобилската индустријата т.Н. Електробоење:
процес на електрохемиско нанесување на органска боја (полимер) врз металната површина (шасија) која во
процесот на електролиза се претвора во анода. Во текот на анодната реакција и оксидација на челичната
шасија доаѓа до реакција со специфичниот полимер и боја додадени во електролитот и до обложување на
металната површина, со што се спречува понатамошниот процес на корозија.

• Многу чест начина на заштита на металната површина е со процесот на галванизација


(електродепонирање; анг. Назив electroplating). Во овој процес, металот кој се галванизира игра улога на
катода и на неговата површина се случува процес на редукција, кој резултира со депонирање на некој
поблагороден метал. Галванизацијата е индустриски важен процес и неговата улога е многустрана, и не е
секогаш поврзан со корозивна заштита на металите.
• Постојат супстанци кои се наречени инхибитори на корозија. Tоа најчесто се орагнски супстанци што
содржат азот и покажуваат тенденција силно да се атсорбираат на металната површина. Некои хемиски
инхибитори на корозијата се супстанци (фосфати, хромити итн.) Кои се способни хемиски да реагираат со
металната површина (најчесто се мисли на челик) и да формираат соединенија кои понатаму ја спречуваат
корозијата.

• Една од ефикасните електрохемиски постапки за заштита од корозија се нарекува катодна заштита. Во


оваа постапка, металот кој треба да се заштити се поврзува со помалку благороден метал, пришто се формира
електрохемиска ќелија во кој металот кој треба да се заштити игра улога на катода. На пример, катодната
заштита на железото може да се изведе со поврзување со цинк; цинкот има понегативен рамнотежен потенцијал
отколку железото и во електрохемиската ќелија со железото, цинкот игра улога на анода, а железото на катода.
Цинкот е т.Н. Жртвена анода, бидејќи се троши, односно оксидира до цинкови јони, а на железото се одвива
катодна реакција на редукција, која најчесто е редукција на хидрониум јоните. Покрај цинкот, жртвената анода
може да биде изработена од магнезиум или алуминиум. Во некои случаи катодната заштита да се изведе без
употреба на жртвена анода, односно со поврзување на металот со електричен извор на напон, при што на
металот кој се заштитува ќе биде нанесен негативен потенцијал кој ќе го заштити од корозија.
• Во процесот на анодна поларизација, во одредени интервали на потенцијалот се формира
слој кој многу ефикасно го штити металот. Овој потенцијал е наречен фледов потенцијал
(friedrich flade, 1880-1916, германија), или пасивациски потенцијал.

• Со анодна поларизација, железото се пасивира при одредени вредности на потенцијалот.


Оваа анодна заштита може да се изведе со електрохемиска поларизација, пришто во
електрохемиската ќелија металот игра улога на анода. Сличен ефект може да се постигне со
помош на хемиски средства кои ќе извршат умерена оскидација на површината и повторно
ќе се формира истиот заштитен слој како и при електрохемиската поларизација.
Ви благодарам !

You might also like