You are on page 1of 22

Машински материјали 2

Семинарска 39-46/1
39. Конструкција на одливките, технологичност и правилн премин
Голема улога за контруктивниот облик на машинските делови , односно обликот на
одливките имаат условите на производсство.
Еден од основните принципи при конструирањето на машинските делови е да имаат
доволна јакос и крутост, и тоа приближно иста во сите пресеци. При експлоатација, од
пресудно значење може да биде не само јакоста на делот, туки и други фактори како:
точноста на димензиите, квалиетот на површината, херметичноста итн.
Една од главните карактеристика на леењето е производство на делови со најсложен
облик кои на друг начин не можат да се произведат, но само кај наједноствавните
одливки можат да се добијат најдобри особини во секој нивен дел. Во поголем број
случаи кај одливките, треба да се очекуваат разлики во структурата, хомогеноста и
особините од едно место до друго.
Технологичноста на одливката ја одредуваат дебелината на ѕидовите, габаритните
димензии, обликот, ребрата за зајакнување и друго.
Дебелината на ѕидовите на одливката треба да обезбеди доволна јкост крутост. Најчесто
одливките имаат различна дебелина на ѕидовите, што дава различна структура и
различни механички особини. На пример, кај одливките од сив лив постои можност за
одбелување во тенките и смалена јакост во подебелите пресеци. Тоа значи дека е многу
тешко да се добијат одливки со иста структура при различна дебелина на ѕидовите.
Честопати е можно технологијата на произвоодство да се приспособи така што
негативните ефекти , на пример крупнозрноста и нехомогеноста, да се јават во места кои
се помалку оптоварени.
Зацврстувањето на одливката е истовремено ако има еднакво дебели ѕидови. Ако
одливката има различно дебели ѕидови, тогаш ќе се јави разлика во брзината на
ладењето, што во спојот на тенкиот и дебелот дел може да предизвика појава на
заостанати напони, кривење или пукање. Со правилниот премин се смалува опасноста од
тие појави.
Местата каде што се спојуваат повеќе делови се особено опасни поради можноста за
формирање висококонцентрирано напонско поле и појава на пукнатини и пори. Затоа,
при вкрстувањето на ребрата треба да се избегнуваат острите агли кои предизвикуваат
нагло менување на насоката на кристализацијата и концентрација на напоните.
Вкрстување на четири или повеќе ребра на едно место во секој случај треба да се
избегнува бидејќи не може да се спречи преголемата концентрација на маси. Друг случај
на можност за појава на пукнатини е поради различни брзини на ладењето. (Сл. 1)

1
Сл. 1
39/1. Конструкција на одливки, заостанаи напони и цена на вградениот материјал.
Заостанатите напони од леењето може да предизвикаат големи деформации на
одливката. Пример за тоа е плоча со ребра од долната страна. Ребрата зацврстуваат
побрзо и ја свиткуваат плочата. Тоа може да се избегне со одредена конструктивна
закривеност на моделот во спротивна насока.
Во цената на секоја одливка влегува и цената на вградениот материјал. Тоа значи дека
цената може да се намали со употреба на поевтин материјал, а и со намалување на
количеството на вградениот материјал. Но, тоа намалување може да предизвика
погоелми производни трошоци или пак други потешкотии кое се одразуваат врз
економичноста. Така, на пример кај некои предмети оптоварувањето дозволува на некои
места пресекот да биде помал. Слоевите на тенки и дебели ѕидови секогаш
предизвикуваат тешкотии поради различната брзина на ладењето. Згоелемувањето на
дебелината на средниот дел, иако дава поголема потрошувачка на материјал, сепак е
поекономично решение бидејќи се избегнуваат слабите точки.
Во случаите кога само на некои места доаѓа до високи напони, предметот не треба
целосно да се изработи од материјал со високи механички особини, особено ако е со
поголеми димензии. Во такви случаи, на најоптоварените места се вметнуваат делови од
материјал со високи механички особини, а масивниот дел е од поевтин материјал со
послаби механички особини.
Големо влијание на економичноста имаат и изборот на материјалот и начинот на
леењето. Меѓу бројните начини на леење постојат гоелми разлики во цената, изгледот на
површината, точноста на димензиите, механичките особини итн. На пример, леењето во
песок е најевтин начин на производство, доколку се работи за мал број одливки, но
точноста, изгледот на површината и механичките особини се послаби. (слика 2)

2
Сл. 2
40. Прашеста металургија и производство на синтер делови
Прашестата металургија е техника за изработка на конструктивни делови каде што
металниот прашок е почетен материјал. Овој начин на изработка е незаменлив за
добивање на делови од метални компоненти кои се нерастворливи во течна состојба
(монотектични легури), за порозни делови и делови од тешкотопливите метали.
Основните фази на технологијата на производство на делови од метални прашоци се
истите од технологијата за производство на керамичките делови, односно полнење,
збивање, избивање и синтерување. (Сл.2.1 и сл.2.2)

сл.2.1

Многу големи синтер делови се произведуваат со топло или ладно изостатско


збивање. Големиот дел со сложен облик се обложува од внатре со синтер превлека.
Овој меод се користи за лежишта со сложен облик, но и за платирање на садови под
притисок за корозивни флуиди. Во внатрешноста на комората прво се врши загревање
на 1000 C, а потоа и изостатско збивање со околу 150 MPa на топло. На крајот се
отсранува челичната кошулка.

3
Цевки и други шупливи и полни профили може да се добијат со ексрузија на начин
што е вообичаен за пластиките. Друг начин за добивање на делови со висока густина е
после збивањето и синтерувњето со класични техники, да се спроведе топло или
ладно гмечење.
Поголем број синтер метални делови се мали по големина, помали од 5,0 cm во
дијаметарот, така што се изработуваат на механички преси.
Кај железните синтер делови јаглеродот се јавува обично во двата основни вида,
растворен во металние зрнца и во форма на графит, кој е додаден за подмачкувачки
цели. Ако содржината на јаглеродот е соодветна, може да се спроведе термичка
обработка (калење плус отпуштање) на ист начин како кај стандардните челици и на
тој начин да се добие зајакнат материјал.
Производството на помали синтер делови во големи серии може да биде многу
економично и конкурентно, на пример прецизното леење. Производната брзина кај
помалите синтер делови може да оди и до 100 парчиња во минута.
Производството на големите синтер делови може да биде доста скапо и тоа доаѓа во
предвид тогаш кога со леењето или гмечењето не можат да се постигнат бараните
особини. (слика 3)

Сл.3

4
41. Заштита на металите од корозија, пасивирање и електрохемиска корозија
Корозијата е физичко-хемиско разградување на материјалите под дејство на околната
средина, најчесто под дејство на кислород и вода. На корозија се подложни не само
металите, туку и други материјали како: бетон, малтер, дрво, пластика, текстил итн.
Штетите и загубите од корозија се толку големи што заштитата од неа има големо
економско значење.
Корозијата е хемиски процес кој обично почнувс на површината на металот и се шири
побавно или побрзо во длабочината, при што доаѓа до промени во составот и
особините.
Според кородирачкото средство, односно според механизмот на одигрување,
корозијата се дели на два основни видa: хемиска и електрохемиска корозија. Во
најголем број случаи има електрохемиско дејство. Причината за настанување на
електрохемиската корозија е постоењето на определен вид нехомогеност. Има три
основни вида нехомогености: нехомогеност во структурата на металот, нехомогеност
на површинската состојба и нехмогеност во составот на околната средина –
електролитот.
Според средината во која настанува корозијата се разликуваат: корозија во раствори,
атмосферска корозија и корозија во земја.
Според обликот на корозивното разорување, корозијата се дели на општа и локална.
Кај општата, целата површина на металот рамномерно кородира и затоа уште се вика
површинска, рмномерна или еднолична корозија. Корозијата е локална или
нееднолична кога металот или корозивната средина се нехомогени. Постојат различни
видови локална корозија селективна, интеркристална, транскристална, напонска,
дупчеста, ерозивна, триечка и корозија на зјајови.
Механичките особини на металите и носивоста на конструктивните делови при
корозија се намалуваат.

Пасивирањето на металите како заштита од корозијата има големо значење. Еден


метал или легура е пасивен ако му е многу намалена наклоноста за кородирање во
оксидирачки средини. Пасивноста може да настане спонтано во атмосфера, како кај
алуминумот, хромот, титанот и не рѓосувачките челици, или се постига во одредена
средина. Железото брзо се раствора во разблажена азотна киселина, додека во
концентрирана нема корозија, односно железото станало пасивно. Не’рѓосувачките
челици се пасивни со присуството на хром кој ја пренесува својата пасивност на
легурите на железото, кога го има над 12% и овозможува формирање на филм.
Механизмот на пасивирањето е во формирање по целата површина на многу тенок
изолирачки пасивен филм (околу 10 А) од корозивен продукт, со што целата површина
ќе стане катода и ќе претставува бариера за кородирање на металот. Кај некои метали
пасивните филмови се обично невидливи, а кај хромот и не’рѓосувачките челици се
толку тенки што не можат да се докажат ни со многу осетливи методи за анализа.

5
Пасивирањето не се одвива моментно, туку се потребни неколку часа или повеќе за
создавање пасивен филм.

Електрохемиската корозија на металите претставува разградување на металите при


електрохемиска реакција со електролит. Електролитните течности содржат анјони и
катјони, растворени материи во дисоцирана форма, поради што се способни да
спроведуваат електрична струја. Водата исто така е добар спроводник бидејќи обично
содржи минерални јони, водородни јони и хидроксилни јони.
Во системот метал – електролит и металот е добар спроводник на струја, што е исто
така од основно значење за електрохемиската реакција. Овој вид корозија е
најраспространет. Рѓосувањето на металните делови во атмосферата – атмосферска
корозија, на цевките во земјата, корозијата на бродовите во морската и речната вода,
корозијата на разни процесни постојки во раствори на киселини, се мал дел примери
за електрохемиската корозија на металите. (слика 4)

сл.4

41/1. Електрохемиска корозија


Електрохемиската корозија на металите претставува разградување на металите при
електрохемиска реакција со електролит. Електролитните течности содржат анјони и
катјони, растворени материи во дисоцирана форма, поради што се способни да
спроведуваат електрична струја. Водата исто така е добар спроводник бидејќи обично
содржи минерални јони, водородни јони и хидроксилни јони.
Во системот метал – електролит и металот е добар спроводник на струја, што е исто
така од основно значење за електрохемиската реакција. Овој вид корозија е
најраспространет. Рѓосувањето на металните делови во атмосферата – атмосферска
корозија, на цевките во земјата, корозијата на бродовите во морската и речната вода,
корозијата на разни процесни постојки во раствори на киселини, се мал дел примери
за електрохемиската корозија на металите.
Процесите во електрохемиската корозија се слични со процесите во галванските
елементи. Кога два металла или легури со различен потенцијал се во допир во
присуство на електролит, се формира галванска ќелија, при што едниот метал со

6
понегативен потенцијал е анода и кородира, додека другиот е катода и е заштитен од
корозија.
Во електрохемијата, оксидацијата е губење електрони. Атомот кој испушта електрони
станува јон. Спротивниот процес на примање електрони се вика редукција. Во
електрохемиската, галванската ќелија, оксидацијата (корозијата) секогаш се одвива на
анодата, а редукцијата на катодата.
Електрохемиската корозија се состои од аноден процес – растворање на металот и
катоден процес – редукција на онаа компонента од околината на металот што ја
предизвикува корозијата. Дали металот е аноден или катоден зависи од неговата
способност за јонизација, односно ќе биде аноден ако има понегативен електроден
потенцијал. Разликата во електродните потенцијали меѓу метлите што се во допир ја
дава неопходната електромоторна сила за електрохемиската реакција.
Галванскта корозија нема да се пијави ако нема потенцијална разлика меѓу анодата и
катодата. Таа е занемарлива доколку потенцијалната разлика меѓу двата метала е
помала од 50 mV. Исто така таа нема да се одвива ако се отстранети реактантите во
катодната реакција (растворениот кислород и водородните јони). (слика 5)

Сл.5
42. Гасна корозија и атмосферска корозија
Во машинската техника, гасната корозија се сретнува кај вентилите од моторите со
внатрешно согорување, гасоводите, кај делови од котлите, турбините итн. Кај гасната
корозија настануваат оксиди, хлориди, и други хемиски соединенија, во зависност од
гасната средина во која се одвива корозијата.
Прекриваањето на металната површина со оксиден слој се нарекува оксидација.
Брзината на оксидацијат зависи од температурата, од видот и особините на
материјалот и оксидниот слој, а и од квалитетот на површинта. Гасната корозија може
да се третира како електрохемиска корозија. Анода е метало М, катода е

7
надворешната површина на оксидот, додека оксидниот слој меѓу овие две електроди
е електролит. Оксидниот слој е електронски спроводник и спроводник на металните
јони од металната површина. Металните јони на границата метал – оксид реагираат со
кислородните катјони, кои што дифундираат низ оксидот во спротивна насока, од
површината на внатре. Ова е причина зошто во гасните атмосфери на високи
температури, оксидните слоеви не се заштитни за металот кој континуирано се
разградува. Брзината на оксидирањето во натамошните етапи зависи од заштитините
особини на создадениот оксиден слој. Таа е мала при постоење на компактни оксидни
слоеви и релативно поголема при напукнатите и порозните слоеви. (слика 6)

сл.6

Атмосферската корозија е најчест облик на кородирање на металите, при што сите


метални објекти кородираат во воздухот на отворено но и во затворени простории.
Таа е одделен вид елекрохемиска корозија која обично се одвива во тенок слој од
електролит (атмосферски врнежи или воден кондензат). Корозијата во воздухот ја
предизвикува кислородот во содејство со влагата и загадувачите. Кислородната
реакција, во услови на тенок слој електролит, се одвива со кисллородот од
атмосферата кој има краток пат на дифузија до металната површина. Поради што
влагата и загадувачите имаат променлив карактер, атмосферската корозија е со
променлива брзина и е многу побавна отколку во вода и во земја.
Атмосфрската корозија се јавува во двата облика, како локална или рамномерна
корозија. Пасивните метали (алуминиум, не’рѓосувачките челици) обично кородираат
рамномерно).
Атмосферската корозија зависи од многу фактори и значително се разликува од место
до место: градска, индустриска, морска, тропска, поларна итн. Корозивното дејство
врз објектите и опремата зависи од климатските услови, влажноста, составот и
температурата на воздухот, насоката на ветровите итн. Локацијата на објектите може
значително да влијае на интензитетот на атмосферската корозија. (слика 7)

8
Сл.7

43. Типови на електрохемиска корозија; селективна, интеркристална и транкристална


корозија, напонска корозија.

- Селективна корозија
Корозијата во легурите што настанува поради хетерогеноста на цврстата фаза се вика
селективна корозија. Таа настанува поради разликата во потенцијалот, при што во
електролитот оди само едната компонента од легурата. (слика 8.1)

сл.8.1
- Интеркристална корозија

Интеркристална корозија настанува по должината на границите на кристалните зрна


на металите, поради разликата во потенцијалот помеѓу границите и внатрешноста на
зрната. Тесните гранични зони на кристалните зрна брзо се раствораат, поради што
помеѓу одделните зрна слабее меѓусебната врска. Јакоста на таквиот метал силно
опаѓа, а во најлош случај металот се разложува во прав, чии честички се кристалните
зрна на првобитниот метал. (слика 8.2 и 8.3)

9
сл.8.2 сл.8.3
- Транскристална корозија
Транскристална корозија е слична на интеркристалната по тоа што напредува и исто
така во вид на тенки канали во внатрешноста на зрната, при што послабите места не
лежат во границите, туку во внатрешноста на кристалите.
- Напонска корозија
Напонската корозија е одделен вид кој настанува поради разликата во потенцијалот
меѓу различни делови од решетката, а под влијание на нерамномерната напонска
распределба. Напонската концентрација се јавува на местата со нагли промени на
пресекот, односно кај зарезите под дејство на надворешните оптоварувања.
Напонската корозија настанува само на местата каде дејствуваат затегнувачки напони,
додека збивачките напони не предизвикуваат напонска корозија.
Напонската корозија при статичко оптоварување предизвикува појава на круто
напукнување кај легурите кои се типични пластични материјали. Наклоноста на
металите и легурите кон напонска корозија зависи од нивниот хемиски состав и
структура, од особините на одделните компоненти и нивната распределба, но исто
така значајно влијание има и корозивната средина. За појава на напонската корозија
многу е битно присуството на оксидирачки раствори.
Процесот напонска корозија кај металите се одвива низ повеќе етапи
1. Формирање зарези поради физички неееднородните делови што се наоѓаат во
напонска состојба
2. Концентрација на напоните кај зарезите и понатамошно влошување на физичката
нееднородност
3. Брз развој на пукнатинката што завршува со крт лом.
Последиците од напонската корозија може да бидат многу тешки, а некои и
катастрофални. Има случаи кога поради појавата на овој процес уредите откажале во
експлоатацијата по неколку месеци.
Пукнатините и зарезите што настануваат при напонската корозија во металите може
да бидат интеркристални или транскристални.

10
Напонското напукнување може да се спречи со избор на погодна легура, со
намалување на агресивноста на кородентот и со намалување на затегнувачките
напони. (слика 8.4)

сл.8.4

43/1. Типови на електрохемиска корозија; дупчеста корозија, ерозивна, триечка и


корозија во зјајови.

- Дупчеста корозија
Каракеристично за овој вид корозија е што најголемиот дел од површината на металот
не подлегнува на корозија, односно е превлечена со пасивен слој. Не’рѓосувачките
челици и никеловите легури со хром кои лесно се пасивираат во оксидирачка средина,
подлегнуваат на дупчеста корозија во хлорни раствори во присуство на халогени јони
(солена вода, морска, морска вода, реуцирачки неоргански киселини). Пасивната
состојба на металот може да биде нарушена на локални места каде што е нарушена
структурата на оксидот. На тие места кислородот е послабо врзан со металот и може
да биде истиснат од страна на апсорбираниот јон во хлор. Потенцијалот на тоа место
станува понегативен во однос на околната површина (анода) и предизвикува
формирање микрогалванска ќелија и локален атак.
Наклоноста на челиците кон дупчеста корозија зависи од хемискот состав и од
елекролитот.
Обичните челици поради малата наклоност кон пасивирање, се поотпорни на дупчеста
корозија во солена вода и од не’рѓосувачките челици. Решенија кои значат
подобрување во однос на дупчестата корозија се примена на бронза, месинг и монел.
Дупчестата корозија помалку се јавува на полирана површина отколку на порапава
површина. (слика 9.1)

сл.9.1

11
- Ерозивна корозија
Зголеменото разградување на металот кое настанува при движење на корозивната
течност, се вика ерозивна корозија. Кај оваа корозија дејствуваат два ефекта,
електрохемски и механички. Струењето или ударот на електролитот (течнсот, гас или
пара) побрзо ја намалува дебелината на заштитниот пасивен филм и ја забрзува
корозијата , а подоцна и побрзо ги остранува и корозивните продукти од металната
површина. Има повеќе типа на овој вид корозија: проточна, ударна, кавитациона,
суспензирачка и триечка корозија.
Проточната корозија е карактеристична за бакарните цевки и арматурата од
месинг. Механизмот на разорување се состои во брзо оштетување на заштитниот
пасивен слој или површината на металот со механичко дејство плус корозија на
анодниот дел . Најдобро решение за проточната корозија е намалување на
брзината. (слика 9.2)

сл.9.2

Кај ударнат корозија разорувањето е забрзано со дејство на млаз од течен или


гасен електролит. Корозијата може да се намали или спречи со заштитни прегради.
(слика 9.3)

сл.9.3

Кај кавитационата корозија, поради големата проточна брзина се формираат


меури чија имплозија предизвикува многу силни удари на металната површина.
(слика 9.4)

12
сл.9.4

Суспензирачката корозија се реактеризира со комбинирано дејство на кородентот


и абразивни тврди честички (песок и сл.) што уште повеќе го забрзува механичкото
дејство и корозијата. (слика 9.5)

сл.9.5

- Триечката корозија
Триечката корозија е разорување на металот при осцилаторно релативно движење
(вибрирање) со мали амплитуди (20 до 100 м) меѓу два тврди предмети во кородент.
Триечката корозија бара присуство на кислород и е карактеристична за лежишта,
запченици, оски и други делови каде што има вибрации. Ефикасн начини за
спречување на триечката корозија е елиминирање на вибрациите или со
превлекување на едниот дел со кадмиум или сребро, кои се меки и дејствуваат
подмачкувачки. (слика 9.6)

сл.9.6

13
- Корозија во зјајови
Присуството на зјајовите и пукнатините во конструкциите и кај хомогените метали
создава поволни услови за задржување на електролитоти можност за долготрајна
корозија. Зјајовите со помал пристап на кислород се анодни во однос на
преостанатиот дел на металот и силно кородираат. Овој вид корозија игра значајна
улога при разорувањето на разни метални конструкции, заварени уреди, дизел
мотори, атомски реактори итн. (слика 9.7)

сл.9.7

44. Спречување на корозија; материјал; термичка постапка; контрола на


електролитот
Спречувањето на корозијата е многу сложено бидеќи истовремено дејствуваат повеќе
фактори. Основни принципи за спречувањето на корозијата се: правилен избор на
материјалот, примена на соодветна термичка обработка, контрола на електролитот и
правилно конструктивно обликување. Прв чекор за решавање на проблемот е
располагање со точни податоци за корозивните услови.
Отпорноста спрема корозија се постигнува со висока чистота на металот и со правилно
легирање. Кај некои метали и малото намалување на нечистотиите дејствува многу
поволно, додека кај други дејствува незначително.
Легирачките елементи ја зголемуваат корозивната отпорност на повеќе начини: со
пасивирање на легурата, со намалување на катодната или анодната активност (за
изедначување или намалување на потенцијалната разлика) и со неутрализирање на
дејството на непожелните примеси.
Многу додатоци ја подобруваат отпорноста на корозија на тој начин што
овозможуваат настанување на превлеки кои се отпорни на одредена корозија . Таков
пример е додавањето алуминиум во желените легури, а и додавањето магнезиум во
алуминиумските легури кои имаат висока антикорозивност во морската вода (се
здебелува оксидната превлека на алуминиумот).

14
Со пренесувањето на корозијата од внатрешноста на предметот (интеркристална или
напонска) на неговата површина, може да се подобри отпорноста на корозијата. На
пример со зголемување на температурата или со зголемување на концентрацијата на
агенсите на корозијата (електролитска корозија) може да се предизвика поголема
брзина на површинската корозија, на смеетка на што напонската корозија или
интеркристалната корозија престанува да се одвива. На тој начин се избегнува брзиот
пад на механичките особини, а може лесно да се следи и развојот на корозијата.
Термичките постапки како средство за промена на структурата се погодни во некои
случаи за зголемување на антикорозивноста. Постојат разлики во потенцијалот меѓу
зрната со различен состав, па таквите легури се погодни за дупчеста и интеркристална
корозија. Со хомогенизација, се смалува сеграгацијата и се зголемува отпорноста на
корозија. Термичката обработка на не’рѓосувачките челици, која е причина за појава на
меѓкристална корозија, условува и појава на дупчеста корозија.
Контрола на електролитот. Параметри на електролитот при корозија на металите се:
температурата, брзината и неговата концентрација. Агресивноста на една средина може
да се намали дури и да се елиминира доколку се неутрализираат или отстранат
кородентите. Најмногу се користат следните постапки: неутрализирање на киселините во
водата и почвата, отстранување на кислородот од водата, отстранување на растворените
соли, сушење на воздухот и додавање хемиски соединенија. Неутрализирањето на
киселините се врши со варно млеко и со натриум хидроксид. Со додавање на
инхибиторите, се менува карактерот на корозивната средина бидејќи тие се реагенси кои
се додаваат на корозивната средина се со цел спречување корозија. Со додавање на
инкубаторите на површината на металот се формира тенок слој кој успешно ја сопира
корозијата. Според дејството инхибиторите се делат на анодни и катодни. Во случај на
недоволно количество инхибитори, може да не се покријат сите анодни места што може
да доведе до зголемување на корозијата. Имено притоа остануваат слободни помали
делови на анодни површини и поради тоа има поинтензивна галванска корозија и
разорување на тие места.

44/1. Спречување корозија со обликување


Ако се изврши правилно обликување на деловите и конструкциите, т.е ако се сведе на
минимум контактот со корозивната средина, корозијата може да се намали и дури да се
спрели. Пример за тоа е капакот. Аголниот завар кај цевководите може да предизвика
корозија во зјај. Заварот со целосна пенетрација е многу подобро решение. Лимените
состави со присуство на зјајовите создаваат услови за долго задржување на влага и
течности и на тој начин за долготрајна корозија.
Металната површина која е во допир со кородентот во принцип треба да се настојува
да биде што помала. Пример, кај садови под притисок наменети за агресивни течности,
подобра изведба е со еден поголем сад отколку со неколку помали садови. Предноста на

15
поголемиот сад е во тоа што има подебел ѕид, кој подолго ќе остане во експлоатацијата
во услови на разградување од корозијата. При непосреден допир на два различни метали
во присуство на електролит се формира галванска ќелија. Тоа се случува при спојување со
заварување, лемење, ковање, со заковки или завртки. Поради топењето и мешањето на
металите, заварот е хетероген во однос на не’рѓосувачкиот челик што може да
предизвика електрохемиска корозија. Во тие случаи треба да се изберат метали со близок
електрохемиски потенцијал или да се примени конструктивно решение како на сликата.
Притоа треба да се запазуваат и следните принципи: анодата да има што поголема
површина, намалување на разликата во потенцијалот меѓу два различни метали со
меѓуслој од трет материјал ој со потенцијалот се наоѓа меѓу нив или со меѓу слој на
електричен изолатор. (слика 10.1 и 10.2)

сл.10.1

сл.10.2

45. Заштита против корозија и катодна заштита


Постојат два основни начини за заштита од корозија: електрохемиска заштита и
нанесување заштитна превлека. Електрохемиската заштита, со катодна или анодна
заштита се менува електродниот потенцијал, додека кај вториот начин со заштитна
превлека се изолира делот од околната средина. Заштитата со превлека е

16
пораспространета и има многу видови превлеки. Во основа може да се класифицираат на
метални и неметални. Неметалните се поделени на органски, неоргански и превлеки
добиени со хемиска конверзија. Нанесувањето превлека покрај антикорозивната улога
има и друго значење. Тоа е поврзано со естетскиот изглед на делот, понатаму влијае на
абењето и трајноста на делот, ги менува димензиите, физичките и механичките особини.
Пред изведување на заштита на деловите, се врши подготовка на металната
површина се со цел за добра антикорозивна заштита. Целта на подготовката е да се добие
рамна и мазна површина без нечистотии и маснотии. Подготовката може да биде:
механичка, хемиска или електрохемиска а може да се изведува и рачно. Механичката
подготовка може да се изведе со четкање, песочење, сачмарење, брусење и полирање.
Хемислката подготовка исто може да се изведе со чистење и мазнење. Чистењето се
изведува со нагризување со киселини. Со нагризнувањето се отрстрануваат оксидните
слоеви и ‘рѓата. Кај челиците најмногу се користат раствори на сулфурната,
хлорофодородната и фосфорната киселина. Одмастувањето е завршна фаза на
подготовката. Се користат органски и алкални растворувачи, но може и со краткотрајна
електролиза во алкален раствор.
Катодна заштита. Според електрохемиската теорија за корозијата, секоја метална
површина во вода или влажно земјиште има анодни делови. Со доведување струја од
надворешен извор, потенцијалот на металот може да се смени и да претставува катода во
струјно коло со анода која може да биде од графит, но и од отпадно железо, олово,
платиран титан итн. Ако заштитата се изведе со врзување на металот со електронегативен
материјал , тогаш може да се постигне таков аноден потенцијал при кој корозијата ќе се
одвива само на анодниот материјал, кој ќе се троши со тек на времето. Постојат два
основнии система на катодна заштита: со анода која се троши и со надворешен извор на
струја. Потребното количество струја за постигнување на заштитниот потенцијал зависи од
средината во која металот се наоѓа. Металната конструкција се врзува за негативниот пол
од изворот на еднонасочната струја, а позитивниот за инертната електрода.
Подземната корозија е електрохемиска корозија. Агресивноста на почвата
произлегува најмногу од влажноста и концентрацијата на растворени соли. Подземната
корозија и заштитата од неа има големо значење поради се поголемиот број метални
објекти и инсталации кои се експлоатираат под земјата: водоводи, гасоводи, нафтоводи,
резервоари и разни видови кабли.
Шема на заштита на цевковод во земја е прикажан на слика 11.1. Истиот начин може
да се искористи и за заштита против корозија кај сад под притисок. Садот под притисок
може да биде домашниот бојлер за вода. Катодната заштита кај автомобилските блокови
се врши на ист начин со магнезиумови парчиња. Во земјиштето анодите се поставуваат во
вкопани лежишта кои се исполнети со добро спроводлив материјал. Катодната заштита
може да се примени и на др начин, со употреба на превлека која е елекгронегативна
спрема сите делови на легурата. Со електронегативната превлека корозијата се пренесува
од границите на зрната или од рамнините на лизгање на превлеката, со што се избегнува
падот на механичките особини и опасноста од ненадеен лом. На овој начин железните

17
предмети со контакт со бакар се заштитуваат со превлека од цинк.
Друг метод се состои во редуцирање на разликата на потенцијалот, така што едниот
метал во спојот се превлекува со метал кој во потенцијалот е поблиску до потенцијалот на
другиот метал. (слика 11.2)

сл.11.1

сл.11.2
46. Заштита против корозија со превлекување со метални превлаки и електролитско
(галванско) превлекување
Има многу методи за превлекување со метални превлеки. Заштитата против корозија
е ефикасна ако се избере соодветен метал за заштита и во однос на основниот материјал
и во однос на средината на која тој метал ќе биде изложен во експлоатацијата.
Превлеката треба цврсто да лежи на подлогата. Поради тоа површината на предметот
мора да биде добро исчистена. Сите методи за метално превлекување се
систематизирани во следниве групи: електролитско превлекување, автокатализариско
превлекување, потопување, термичко напрскување, платирање, термично напарување и
термодифузно превлекување.
Електролитско (галванско) превлекување. Металната превлека се добива по пат на
електролиза. Делот што се заштитува е всушност катода во електролитот-раствор на
јонизирана сол на металот за заштита. Електричната струја што минува низ електролитот
ги редуцира металните јони А⁺ и ги таложи на катодата В. Анодата А е изработена од
металот со кој се врши превлекувањето. Електролитското превлекување има широка
примена и не само за антикорозивни, туку и за декоративни цели. Со електролиза
најмногу се нанесуваат бакар, никел, хром, цинк, калциум и калај, месинг и бронза. Сите
овие метали немаат добро спојување со подлогата. Поради тоа обично се нанесува
предпревлека од метал кој добро се спојува со основниот метал. Најчесто таа
предпревлека е од бакар бидејќи најдобро се спојува со сите металу. Некои метални
превлеки се одликуваат со висока тврдост. На пример хромот и никелот.Тврдоста се
регулира со податоци во електролитот и неговата температура. Еден од најважните

18
ограничувачки фактори при електроплатирањето е неправилното здебелување на острите
рабови и тоа два пати повеќе од рамните места.
Хромирањето е најраширено за заштита на автомобилски делови, хромираните
делови имаат предпревлеки од бакар и никел. Бакарот има улога не само во подобро
поврзување на превлеката туку добивање помазна површина. Никеловиот слој има улога
да обезбеди заштита на местата со дефекти или пукнатини во хромниот слој. Хромот
може директно да се нанесе на челикот, меѓутоа тврдата и крта хромна превлека содржи
микроскопски пукнатинки. При електролиза металните јони се стремат да се таложат на
деловите од катодата кои се поблиску од анодата.
Металот што се таложи се стреми да создаде издолжени кристали во насока на
таложењето. Оваа појава не се забележува додека слојот е тенок, но со продолжување на
таложењето издолжените кристали стануваат се подолги поради поголемата близина до
анодата и поинтензивното таложење. Поради тоа превлеката станува погруба и нејзината
дебелина треба да е што помала.
Пред прелвекување се врши одмастување и чистење на површините на предметот.
Посебен случај претставуваат аллуминиумот, магнезиумот и нивните легури. Тие метали
се карактеризираат со природна оксидна превлека и електролитската превлека слабо се
спојува и лесно се лупи. Затоа пред електролиза тие се потопуваат во алкални раствори на
цинкови соли. Алкалите ја раствораат оксидната превлека, а цинковите јони се
редуцираат и прават превлека од цинк, која со нив добро се спојува и е погодна за
превлекување со други метали. (слика 12.1 и 12.2)

сл.12.1 сл.12.2
46/1. Заштита против корозија; превлекување со потопување, термичко напрскување и
платирање
Превлекување со потопувуање е еден од најстарите и најраширените начини. Се
применува во случај кога е потребна подебела превлека. Постапката е потопување на
предметот во бања со растопен метал, каде стои кратко време и се вади превлечениот
предмет. Времетраењето на постапката зависи од дебелината на заштитната превлека
што треба да се добие. Превлекувањето со потопување главно се применува кај челикот.
Најмногу се користи цинкот, калајот и оловото а помалку алуминиумот. Температурата на

19
бањата со цинк изнесува 480°С. Можна е појава на дифузија и образување крти
интерметални соединенија во граничниот слој на превлеката и подлогата. Тоа е така
поради изведба на процесот на високи тепмератури. За да бидат кртите слоеви потенки,
процесот треба да трае пократко. Кај овие методи може да се јави и порозност на
превлеката. Калаисаната површина е со бела боја и сребрен сјај, но калајојт е
електропозитивен во однос на железото и превлеката треба да е бездефектна, инаку ќе
има забрзана дупчеста корозија. (слика 13)

сл.13

Термичко напрскување претставува заштита на предметите , превлекување по пат на


напрскување односно спреирање со млаз од растопен метал. Металот се нанесува во
облик на жица или прав и се топи во специјален уред- пиштол со помош на ацетиленски
пламен и распрснува истовремено ситни капки. Распрснатите капки удираат на предметот
се сплескуваат и зацврстуваат. Поради тоа што се мали тие содржат мала количина на
топлина и не ја подигаат позначајно температурата на подлогата. Понова верзија за
термичко напрскување е спреирање со плазма. Принципот на работа е ист но разликата е
тоа што во горилникот има електричен лак во кој се јонизира инертен гас во плазма кој
може да биде и 10 пати позагреана од оксиацетиленскиот пламен. Тоа овозможува
нанесување привлеки од металите со највисока точка на топење..
Платирањето се изведува на високи температури при што превлеката се сврзува
дифузно со подлогата. Примената е ограничена на полупроизводи со едноставен облик,
како што се плочи, ленти, прачки и цевки. Постојат два начини на платирање: со валање
на топло и со леење. Најчесто платирањето се врши со валање. Основниот метал се
поставува меѓу тенките лимови за платирање се врши загревање и заедно се валаат на
топло. Треба да се води сметка да не настанат меѓуслоеви од крти интерметални
соединенија. Дебелината на платираниот слој изнесува најчесто до 10% од дебелината на
основниот материјал. Во случаите кога треба да се добие подебела превлека,
платирањето се врши со леење. При платирањето на цевки основниот материјал се
вовлекува меѓу две цевки од материјалот за платирање, а спојувањето се врши со
извлекување на топло. Ако металот за платирање не е погоден за спојување во топла
состојба, тогаш се врши спојување во ладна состојба. На пример, челикот може да се
платира со титан само на ладно. За спојување на ладно пошироко се користи
заварувањето со експлозија. На тој начин, покрај платирањето со титан, платирање на
обичните јаглеродни челици се врши со алуминиумски легури, со меѓуслој од чист
алуминиум. Кај леачката постапка од платирањето, може да се лее основниот метал меѓу
листови или плочи на металот за платирање, или да се излее платираниот метал околу

20
цврстото тело на основниот метал. Првиот случај се користи кога материјалот за
платирање има повисока точка на топење од основниот метал. По леењето се врши
гмечење на топло до конечно обликување. (слика 3.34)

21

You might also like