You are on page 1of 20

1.

Влијание на кристална решетка врз промената на


механичките особини пре испитување на ниски темп??

 Промената на механичките особини на металите и легурите


при намалувањето на темп зависи од видот на кристалната
решетка, големината на зрната, количеството и распределбата
на примесите и од легирачките елементи.

Кај металите хексагонална-густо пакувана кристална решетка,


пластичните деформации се ограничени веке при 0C

Рамнински центрираната кубна решетка дозволува развивања


на значителни пластични деформации. При намалување на
темп бројот на рамнините на лизгање кај тие кристали не се
намалува, пластичната деформација е распределена
рамномерно и е придружена со зајакнување. Пластичноста на
металите кај РЦКР помалку зависи од содржината на
примесите. Кај нив при намалување на темп затегнувачката
јакост се зголемува а границата на развлекувањето зависи
реалтивно помалку од темп. Со намалување на тмеп
карактеристичните особини на пластичност, релативното
издолшување и стеснување на напречниот пресек можат дури
да се зголемат.

Спротивно, кај металите со прсторно центрирана кубна


решетка со намалување на темп се смалува способноста за
деформирање и под одредени гранични темп тие се
наклонети на кршење без појава на пластични деформации-
крт лом. При ладењето на металите кај пцкр бројот на
дејствувачките рамнини на лизгање се намалува.
Сл. 9.1 – е прикажано влијанието на темп на прекинувачкото
издолжување на повеќе метали.

За механички испитувања при ниски темо обично се користат


стандардните киналки и другите машини и уреди наменети за
испитување при нормални темп. ладењето на ептуветата се
врши во комора т.н. криостат кој заедно со епруветата е
поставен на машината за испитување. Времето потрено за
ладење за епруветата зависи од масата што се лади и од
топлотната спроводливост на матер на епруветата и уредите.
Како ладилни агенси во криостатите се користат разл средства:
мраз со додаток на сол, сув мраз, количевство течност која
има ниска точка на смрзнување и течни гасови кои имаат
многу ниски темп на вриење.

2. Испитување на краткотрајно оптоварување со зголемени


темп??

 Со зголемувањето на темп интератомските и


интеркристалните врски ослабуваат, се менува составот во
внатрешноста и по границите на металните зрна поради се
поинтензивните дифузиони движења, а доаѓа и до
зголемување на големината на зрната. Сето тоа повлекува
значајни промени во механичките особини : јакосните
карактеристики главно се намалуваат а деформационите се
зголемуваат. Влијанијата на темп во голема мера зависи од
хемискиот состав и структурата на челикот. Така на пр
јаглеродните челици имаат полоша огноотпорност и
топлопостојаност, а и делумно различно однесување- сл. 10.3
Имено јакоста на кинењето со зголемувањето на темп се
зголемува, но само до околу 300С а потоа нагло се намалува.
Зголемувањето на јакоста и намалувањето на пластичноста во
тоа тмеп подрачје се објаснува со процесот на стареење,
доносно со намалувањето на раствореноста на атомите на
јаглерод, кислород, азот и др примеси во феритната решетка.
Тоа е особено изразено кај несмирените челици.

За испитување на зголемени темп се користат исти епрувети


како за испитување на собна темп, само што главите на
епруветата сеп одолги поради сместувањето во печката.
Обично се користат стандардните киналки кои се дополнети
со специјални печки за затоплување на епруветата до
потребната темп. печката е најчесто електроотпорна или
електроиндукциона. Времетраењето на затоплување изнесува
од 30-60 мин а брзината треба да биде до 5Мпа/с .

сл 10.1- прикажана е промената на механичките особини на


чист волфрам во зависност од тмеп до 2200С. Нагло
намалување на затегачката јакост се јавува дури на 1500С
поради шти волфрамот е класифициран во металите со
највисока огноотпорност и топлопостајоност.

Сл. 10.5- прикажана е промената на модулот на еластичност за


јаглероден челик со 0.37%С.
3. Ползење

 Ползењето е особина на металите на високи тмеп при


долготрајно дејство на константно оптоварување со тек на
времето непрекинато пластично да се деформираат при
просечни напони кои се знацително пониски од границата на
развлекувањето. Меѓутоа како појава не е карактеристично
само за високи темп туку и за нормалните , а кај некои метали
се јавува и при ниски темп. доколку темп се повисоки
потребни се помали напони за да дојде до појава на ползење.

На слика 10.6 се прикаажани типични криви на ползење даден


во основниот дијаграм на ползење (издолжување-време ).
Кривата на ползење се добива со нанесување на
издолжувањето на ординатата добиена при константен напон
и константна темп како функција од времето. На кривата се
разликуваат три стадиуми. Почетниот дел ОА претставува
моментна деформација. Во зависност од големината на
напонот таа мозе да биде збир на еластична и пластична
деформација. Во овој стадиум има големи брзини на ползење
при што градиентот на брзината постојано се намалува
(примерно ползење). Во вториот стадиум доаѓа до
рамномерно ползење што се заржува релативно долго време
кривата е права линија и тоа е стадиум на стабилно ползење
т.н. вискозно ползење. Брзината е константна и во овој
стадиум уште се вика најмала брзина на ползење. Во третиот
стадиум има забрзано ползење при што епруветата се
стеснува и по исцрпувањето на способноста на деформирање
материјалот конечно се разорува на крајот од овој стадиум.
Испитувањето на ползење е релативно едноставно и се
изведува така што епруветата при константна темп се
оптоварува долготрајно на константна сила или конст напон.
Испитувањето на ползењето има за цел одредување на две
основни јакосни карактеристики : временска јакост и граница
на ползење при оптоварување на ползење.

4. Песочно леење

- Под поимот леење се подразбира обликување на


растопениот метал со излевање во предходно подготвени
калапи. Растопениот метал се лади и зацврстува во калапот и
го добила истиот релјеф како и внатрешноста на калапот.
Готовите машински делови добиени со леење ги викаме
одливки. Под калап се подразбира предмет со шуплина која
има ист облик и бриближно исти димензии со делот што
треба да се произведе.

 Сл. 1.1 - Песочно леење и најстар начин за добивање на


одливки. Песокот е ефтин и погоден материјал бидејки има
постојаност на високи темп. за изработка на леачките калапи
во кои шти се излева, лади и зацврстува течниот метал,
образувајки одливка која одговара на обликот на моделот се
користат мешавини направени од песок, сврзно средство и
додатоци. Калапот по ладењето на одливката треба да се
разруши. Песочната мешавина се нанесува околу моделот кој
представува алат со чија помош се изработуваат шуплините на
калапот. Јадрата се дел од калапот односно тие се вметнуваат
во калапот за да се добијат во одливката шуплини, отвори и
сложени надворешни површини, кои на друг нацин не можат
да се напразват во калапот. Мешавината која се користи за
добивање на калапи се вика калапна мешавина, а за
добивање на јадра – јадрена мешавина.

Клапната мешавина може да биде природна (мешавина на


кварц и глина ) или синтетичка (мешавина која се добива во
леарницата и е составена од кварцни или др зрна со сврзни
средства од органско или неорганско потекло). Подготовката
за калатна мешавина се состои од 3фази :
1) преработка на употребуваниот материјал, односно ладење,
магнетна сепарација, сеење, освежување и пегенерација.
2) подготовка на нови, свежи материјали, односно подготовка
на кварцниот песок, на глината, јагленовиот прав итн.
3) правење на калапната мешавина со мешање, влажење,
одлежувањ, растресување итн..

Сврзното средство ги поврзува мегу себе песочните зрна и


овозможува добивање на доволно цврст калап кој ке го
издржи притисокот на растопениот метал. Можат да бидат
неоргански (глина,цемент) или органски (јагленихидрати,
масла, смола, катран итн).

Изработката на калапите може да се подели на 4 основни


технолошки операции. Прво- поставување на моделот во
калапот. Второ – засипување и постигнување на потребната
јакост на поцочната мешавина. Трето – вадење на моделот од
калапот. Четврто – склопување на калапот.

Сл.1.3.
 Вливниот систем треба да обезбеди рамномерно полнење на
калапот при мирно и ламиларно течење на металот,
рамномерно и непрекинато излегување на воздух и гасови од
калапот а исто така да спречи и влегување на згура во калапот.
Вливниот систем се состои од: вливна чаша (1), спроводник(2),
разводник(3), вливни канали (4). Вливната чаша има улога да
го прими течниот метал и да го спроведи во вертиалниот
канал, спроводникот ја поврзува вливната чаша со
разводникот и обично се прави во горниот дел од калапот со
закосување надолу со околу 5С, во разводникот треба да се
смири растопениот метал и да овозможи издвојување на
нечистотиите. Во зависност од местото на вливните канали
леењето мозе да биде одозгора одоздола и од страна.

5. Кокилно леење и леење под притисок ??

 Кокилите се метални калапи кои се користат за производство


на голем број одливки. Леењето во кокили е напогодно за
сериско и масовно производство на помали и едноставни
одливки кои имаат приближно иста дебелина на ѕидовите.
Оваа леење е исто така најпогодно за изработка на одливки од
легури со пониска точка на топење и со помало линеарно
собирање. Кокилите најчесто се составени од две половини
кои на едната страна сглобно се поврзани, а на друга страна се
стегнуваат со помош на ексцентар.

Течниот метал во калапот се излева гравитационо. Влевањето


може да биде и со помош на воздух под помал притисок кој
се одржува до крајот на зацврстувањето. Оваа техника е
наречена леење под притисок. За зголемување на векот на
траење на кокилите се врши премачкување на работните
површини со огноотпорни средства. Основните материјали за
изработка на кокилите се сивиот лив и челикот.

Кај леењето под притисок растопениот метал се доведува во


метален калап. Притисокот се одржува се додека не зацврсне
металот во калапот, а потоа кокилото се отвара и одливката
избива. Леењето под притисок има широка примена за
добивање одливки со различна конфигурација и со маса од
неколку грама до 20кг, но и повеке, како што се
карбураторски кукишта, глави од мотори, блокови од
цилиндри итн. При леењето под притисок, кога кокилото ке се
затвори, течниот метал прво се влива во комората за
впрскување, која може да биде ладна или загреана до темп
на загреаниот метал. Со помош на клип растопениот метал
низ вливниот систем се впрскува во калапот во кој воздухот
излегува низ вентилационите отвори. Леењето под притисок
во вакуум има многу предности како што се : непорозност,
зголемена густина, повисок квалитет на површината,
добивање потенки ѕидови и повисоки механички особини.

Сл.1.6 - кај машините со топла комора за пресување има


подобро полнење на калапот со метал. Клипот во комората за
впрскување го потиснува течниот метал под притисок од
колоку 15Мпа. Машините со топли комори се користат главно
за леење легури чија температура на топење не преминува
500С.

Сл. 1.7. – мапината со ладна комора за пресување имаат


поповолни експлоатациони услови, поради што можат да се
остварат многу повисоки притисоци. Притисокот на
пресување во топлите комори се движи до 700Мпатоплите
комори се користат за легури со повисока точка на топење.

6. Кокилно леење и центрифугално леење

 Кај центрифугално леење растопениот метал се излева во


метален калап кој се врти. За сето време на зацврстувањето и
ладењето на металот калапот ротира околу осовинската оска,
под дејство на центрифугалната сила течниот метал се
распоредува по внатрешните страни на калапот и зацврстува.
 Оската на ротација може да биде хоризонтална, вертикална
или коса. На машините со вертикална оска на вртење главно
се леат одливки, чија висина е помала од пречникот. На
машината со хоризонтална оска на вртење најчесто се леат
цилиндрични шупливи делови, како што сее цевки, постелки
од цилиндри за мотори, лежишнигилзи итн. Типичната
должина на цевките е 6м а дијаметарот оди и до 600мм.

Сл.1.9. – металниот калап кој може да се зголемува , е


поставен на уредот за вртење на машината. Калапот се
изработува од огноотпорни челици или железни ливови. Ако
нема песочна облогаод внатре, калапот се премачкува со
огноотпорни средства чија улога е да го продолжат векот на
траење на кокилата, а и да го олеснат вадењето на одливката.

Темптературата на вливање значајно влијае на структурата.


Пониски темп даваат поситнозрнеста структура додека
повисоките даваат крупно дендритна структура и може да се
јави т.н. црвен лом.
од брзината на леењето зависи брзината на процесот односно
продуктивноста , од друга страна бавното вливање
овозможува помирно струење на металот, се подобрува
хранењето и се намалува опасноста од појава на пукнатини.

7. Конструкција на одливките ??

 Конструктивниот облик на машинските делови, односно


обликот на одливките не зависи само од намената,
експлоатационите услови и економичноста, тку и од условите
на производството. При конструирање машинските делови
важно е да имаат доволна јакост и крутпст, и тоа приближно
иста во сите пресеци. Технологичноста на одливката ја
одредуваат дебелината на ѕидовите, габаритните димензии,
обликот, ребрата за зајакнување и др. дебелината на ѕидовите
на одливката треба да обезбеди доволна јакост и крутост.

Зацврстувањето на одливката истовремено ако има еднакво


дебели ѕидови. Ако одливката има различно дебели ѕидови
тогаш ке се јави разлика во брзината на ладењето, што во
спојот на тенкиот и дебелиот дел може да предизвика појава
на заостанати напони, кривење или пукање. Со правилниот
премин се смалува опасноста од тие појави.

сл. 1.13 – Местата каде што се спојуваат повеќеделови се


особено опасни поради можноста за формирање,
висококонцентрирано напонско поле и појава на пукнатини и
пори. Затоа при вкрстувањтона ребрата, треба да се
избегнуваат острите агли кои предизвикуваат нагло менување
на насоката на кристализацијата и концентрација на напоните

сл. 1.14 – сличен пример има и кај цевка со прирабница.

Сл. 1.15 – Вкрстување на четири или повеќе ребра на едно


место треба, во секој случај да се избегнува бидејки не може
да се спречи преголемата концентрација на маси. Прикажан е
пример за избегнување на концентрацијата на маси со
поместување на ребрата.

сл. 1.16 – Во овој случај нема можност за појава на пукнатини


поради различни брзини на ладењето. За зајакнување на
долниот потенок дел меѓу двата масивни дела, доволно е
тенко ребро меѓу нив.

сл. 1.17 – Заостанатите напони од леењето може да


предизвикаат големи деформации на одливката. Пример за
тоа е плоча, со ребра од долната стр. Ребрата зацврстуваат
побрзо и ја свиткуваат плочата. Тоа може да се избегне со
одредена конструктивна закривеност на моделот во спротивна
насока.

Сл. 1.18б - Споевите на тенки и дебели ѕидови секогаш


предизвикуваат тешкотии поради различната брзина на
ладењето. Зголемувањето на дебелината на средниот дел
иако дава поголема потрошувачка на материјал, сепак е
поекономично решение, будејки се избегнуваат слабите точки.
Сличен случај има и кај реброто прикажано на Сл. 1.19.
меѓу бројните начини на леењето постојат големи разлики во
цената, изгледот на површината, точноста на димензиите,
механичките особини итн.

8. Заштита на металите од корозија.

Вовед : Корозијата е хемиски процес меќу металот и околната


средина кој обично почнува на површината на металот и се шири
побавно или побрзо во длабочината, при што доаќа до промени
во составот и во особините. Продуктите на корозијата најчесто се
соединенија кои се наоќаат во природата и може да се заклучи
дека процесот на корозијата е процес спротив на металургиските
процеси на издвојување на металот од рудата.

Според кородирачкото средство, односно механизмот на


одигрување, корозијата се дели на два основни вида: хемиска и
електрохемиска корозија. Единствена причина за настанување на
електрохемиска корозија е постоењето на определен вид
нехомогеност. Има три основни вида нехомогености:
нехомогеност во структурата на металот, нехомогеност на
површинската состојба и нехомогеност во составот на околната
средина-електролитот. Според средината во која настанува
корозијата се разликуваат: корозија во раствори, атмосферска
корозија и корозија во земја. Многу раширена е поделбата на
корозија и според обликот на корозивното разорување и тоа : на
општа и локална. Кај општата корозија целата површина на
металот рамномерно кородира и затоа уште се вика површинска,
рамномерна или еднолична корозија. Корозијата е локална или
нееднолична кога металот или корозивната средина се
нехомогени. Со оглед на големиот број влијателни фактори,
постојат различни видиви локална корозија : селективна,
интеркристална, транскристална, напонска, дупчеста, ерозивна,
триечка и корозија во зјајови.

пасивирањето на металите како појава при корозијата, односно


за заштита од корозијата и, има големо значење. Еден метал или
легура е пасивен ако му е многу намалена наклоноста за
кородирање во оксидирачки средини. Механизмот на
пасивие=рањето е во формирање по целата површина на многу
тежок изолирачки пасивен филм од корозивен продукт, со што
целата површина ке стане катода и ке претставува бариера за
кородирање на металот.

Електрохемиската корозија на металите претставува


разградување на металите при електрохемиска реакција со
електролит. Електролитните течности содржат анјони и катјони
т.е. растворени материи во дисоцирана форма, поради што се
способни да спроведуваат електрична струја. Водата е добар
спроводник бидејки обично содржи минерални јони, водородни
јони и хидроксилни јони. Ако водата се ослободи од овие јони,
тогаш таа нема да спроведува еликтрицитет и нема да се појави
електрохемиска корозија. Во системот метал-електролит и
металот е дпобар спроводник на струја што е исто така од
основно значење за електрохемиската реакција. Овој вид
корозија е најпространет.

Кога два метала или легури со различен потенцијал се во допир


во присуство на електролит, се формира галванска ќелија, при
што едниот метал со понегативен потенцијал е анода и
кородира, додека другиот е катода и е заштитен од корозија.
Оваа тн.галванска корозија, на пример се јавува кај лимови од
алуминиум споени со месингани завртки при експолатација во
морска вода. Завртиките од месинг дејствуваат како катода, а
алуминиумот е анода и доаѓа до негово разорување во околина
на завртката. СЛИКА 3.1

Електродниот потенцијал е карактеристика на секој метал и се


изразува спрема една референтна електрода чиј потенцијал, по
договор, е нула. Обично за референтна се зема водородната
електрода.

Хемиска корозија е разградување на металот под дејство на


корозивната средина, при што настануваат разни хемиски
соединенија. Во зависност од кородирачкото средство се
разликуваат два вида хемиска корозија, гасна и корозија во
неелектролитни течности.

9. Атмосферска корозија
Атмосферска корозија е најчест облик на кородирање на
металите, при што сите метални објекти кородираат во воздухот
на отворено, но и во затворени простории,Таа е одделен вид
електрохемиска корозија која обично се одвива во тенок слој од
електролит. Корозијата во воздухот ја предизвикува кислородот
во содејство со влагата и загадувачите. АК се јавува во двата
облика, како локална или рамномерна корозија. АК зависи од
мн.фактори и значително се разликува од место до место, и во
таа смисла се разликуваат градска, индустриска, морска ,тропска,
поларна итн. Исто така зависи и од климатските услови,
влажноста, составот и температурата на воздухот, насоката на
веторвите итн. На слика 3.5 се дадени неколку типични примери
за влијанието на локацијата на индустриските објекти.
10. Типови електрохемиска корозија

 Селективна корозија- Корозија во легурите што настанува


поради хетерогеноста на цврстата фаза . Таа настанува поради
разликата во потенцијалот, при што во електролитот оди само
едната компонента на легурата.

 Интеркристална корозија – настанува по должината на


границите на кристалните зрна на металите поради разликата
во потенцијалот помеѓу границите и внатрешноста на зрната
( сл. 3.6 , 3.7). тесните гранични зони на кристалните зрна на
металот брзо се раствараат поради што помеѓу одделните
зрна слабее меѓусебната врска. Јакоста на таквиот метал силно
опаѓа, а во најлош сличај металот се разложува во прав, чии
честички се кристалните зрна на првобитниот метал.

 Транскристална корозија – слична на интеркристална по тоа


што напредува, исто така, во вид на тенки канали во
внатрешноста на зрната, при што послабите места не лежат по
границите туку во внатрешноста на кристалите.

 Напонска корозија – настанува поради разлиакта во


потенцијалот меѓу различни делови од решетката, а под
влијание на нерамномерната напонска распределба.
Напонската корозија настанува само на местата каде
дејствуваат затегнувачки напони, додека збивачките напони
не предизвикуваат напонска корозија.
сл. 3.9 – со ладна деформација, при која во горниот слој на
металот се јавуваат затегнувачки напони (свиткани плочи,
валјани цевки) се зголемува наклоноста кон напонска корозија
и можноста за појава на коризивни пукнатини.
Напонската корозија при статичко оптоварување
предизвикува појава на крто напукнување кај легурите кои се
типиччни пластични материјали.

 Дупчеста корозија – карактеристично за овој вид е тоа што


најголемиот дел од површината на металот не подлегнува на
корозија, односно е превлечена со пасивен слој.
Непѓосувачките челици и никеловите легури со хром кои лесно
се пасивираат во оксидирачка средини, подлегнуваат на
дупчеста корозија во хлорни раствори во присуство на
халогени јони. Наклоноста на челиците кои дупчестата
корозија зависи од хемискиот состав и од електролитот.
Дупчестата корозија помалку се јавува на полирана површина
отколку на порапава површина. Сл. 3.10

 Ерозивна корозија – Зголеменото разградување на металот


кое настанува при движење на корозивната течност се вика
ерозивна корозија. Кај оваа корозија дејствуваат два ефекта :
електрохемиски и механички. Има повеќе типа на овој вид
корозија : проточна, ударна, кавитациона, суспензирачка и
триечка корозија. Проточната корозија е карактеристична за
бакарните цевки и арматурата од месинг. Сл. 3.11
Кај ударната корозија разорувањето е забрзано со дејство на
млаз од течен гасен електролит сл.3.12 .
Кај кавитационата корозија, пораси големата проточна брзина
се формираат меури чија имплозија предизвикува многу
силни удари на металната површина- сл.3.15
суспензирачката корозија се карактеризира со комбинирано
дејство на кородентот и абразивни тврди честички што уште
повеќе го забрзува механичкото дејство и корозијата (сл. 3.14)
 Триечка корозија – разорување на металот при осцилаторно
релативно движење со мали амплитуди меѓу два тврди
предмети во кородент Сл. 3.15

 Корозија во зјајови – Присуството на зјајовите и пукнатините


во конструкциите и кај хомогените метали создава поволни
услови за задржување на електролитот и можност за
долготрајна корозија.

11. Спречување на корозија??

- Основни принципи за спречување на корозијата се :


правилен избор на материјалот, примена на соодветна
термичка обработка, контрола на електролитот и правило
конструктивно обликување.
- Термичките постапки како средство за промена на
структурата се погодни во одредени случаи за зголемување на
антикорозивноста.постојат разлики во потенцијалот помеѓу
зрната со различен состав, па таквите легури се погодни за
дуппчеста и интеркристална корозија. Закаливите
нерѓусувачки челици ги употребуваме во калена состојба, кога
имаат само една фаза – мартензит. Несоодветна термичка
обработка може да предизвика и спротивен ефект.
Термичката обработка на нерѓусувачките челици условува и
појава на дупчеста корозија.
- Контрола на електролитот – важни параметри на
електролитот при корозијата на металите се : темп, брзина и
негова концентрација. Во практика најмногу се користат
сл.постапки: неутрализирање на киселините во водата,
отстранување на кислородот од водата, отстранување на
растворените соли, сушење на воздухот и додавање на
хемиските соединенија тн. Инхибитори.
- Неутрализирањето на киселините се врши со варно
млеко и со натриум хидрокцид . Со додавањето на
инхибиторите се менува карактерот на корозивната средина.
Инхибиторите се реагенси кои се додаваат на корозивната
средина и во значајна мера или наполно го спречуваат
нејзиното корозивно дејствување. Со додавањето инхибитори
на површината на металот се формира тенок слој кој успешно
ја сопира корозијата.
- Обликување - Корозијата може да се намали, дури и да
се спречи, ако се изврши правилно обликување на деловите и
конструкциите, односно ако се сведе на минимум контактот
со коозивната средина и избегнат острите премини и рабови.
Едноставни примери за тоа се исписниот отвор (сл.3.17) и
капакот (3.18) .
- Ако цевката за полнење е над нивото на течноста,
кородентот може да ги прска ѕидовите на садот, да исарува и
да се задржува на нив со опасна концентрација. Решение е да
се потопи цевката во течност (сл.3.20)
- И лимените состави, со присуство на зјајовите, создаваат
услови за долго задржување на влага и течности и на тој
начин за долготрајна корозија. При за неправилна и правилна
изведба на таков состав е прикажан на сликата 3.22.
Пример за неправилна конструкција дава и сл 3.23, каде што
бетонската рамка е наполнета со песок како подобро
решение за потпирање на резервоарот .
- Кај садовите под притисок наменети за сгресивни
течности, подобра изведба е со еден поголем сад отколку со
неколку помали садови (сл. 3.24 )

12. Заштита против корозија ??

- Постојат два основни начина за заштита од корозија:


електрохемиска заштита, нанесување заштитна
превлека. Заштитата со превлека е многу порашиорен
начин, при што има многу видови превлеки наменети за
различни експлоатациони услови. Во основа може да се
класифицираат на неметални и метални. Нанесувањето
превлека влијае на абењето и трајноста на делот, ги
менува димензиите, физичките и механичките особини
итн.
- Кај повеќето изложени начини за заштита од корозија,
заштитата се постигнува со превлека која го спречува
контактот меѓу металот и корозивната средина. Ако
превлеката се оштети, тогаш ке дојде до галванско
дејствување и до појава на корозија, која во некои
случаи е позабрзана отколку без заштитна превлека.
Секоја метална површина во вода или влажно земјиште
има анодни делови.
- Сл. 3.27 Со доведување струја од надворешен извор
потенцијалот на металот може да се смени и да
претставува катода во струјно коло со анода која може
да биде од графит, но и од отпадно железо, олово,
платиран ниобиум итн.
3.27б- ако заштитата се изведе со врзување на металот
со електронегативен ( аноден ) материјал , тогаш може
да се постигне таков аноден потенцијал при кој
корозијата ке се одвива само на анодниот мАтеријал, кој
ке се троши со тек на времето, односно ке биде
жртвуван. Подземната корозија и заштитата од неа има
големо значење поради се поголемиот број метални
објекти и инсталации кои се експлоатираат под земјата:
водоводи, гасоводи,, нафтоводи, резервоари и разни
видови кабли.
Сл. 3.28 – шема на заштита на цевковод во земја.
катодната заштита може да се примени и на друг начин,
односно со употреба на превлека која е
електронегативна спрема сите делови на легурата.
Превлеките од овој тип се особено погодни за легури
кои се осетливи на интеркристална или напонска
корозија. Друг метод се состои во редуцирање на
разликата на потенцијалот, така што едниот метал во
спојот се превлекува со метал кој во потенцијалот е
поблиску до потенцијалот на другиот метал.

You might also like