You are on page 1of 1

ПРВ ПАРЦИЈАЛЕН ИСПИТ ПО ФИЗИКА

21. 11. 2018


време за работа 120 минути

1. (25 поени) Еден моторен чамец движејќи се низводно во една река престиг-
нува сплав во некоја точка А. По еден час возење, чамецот свртува назад и повторно го
среќава сплавот на место кое е 6 километри оддалечено од точката А. Колкава е
брзината на водата во реката?
2. (25 поени) Едно топче е фрлено под агол α во однос на хоризонтот. Ако
највисоката точка од неговата патека е h, дострелот D, а вкупното време на летање T,
докажете дека важат следните врски tg α = 4h / D и h = gT2 / 8.
3. (25 поени) На таванот од еден лифт на еден конец е обесена макара со
занемарлива маса. Преку макарата е префрлен многу лесен конец на чии краеви има
две топчиња со маси 100 g и 200 g. Колкаво е забрзувањето на топчињата во однос на
лифтот ако лифтот тргне да се движи надоле со забрзување 1 m/s2? Колкава е силата на
затегнување на конецот на кој виси макарата?
4. (25 поени) На хоризонтална глатка рамнина лежи една количка со песок чија
што вкупна маса е 1 kg. Количката е поврзана со пружина со константа на еластичност
k = 1000 N/m. Во песокот паѓа топче со маса 200 g под агол 60 во однос на хоризон-
талата движејќи се со брзина 10 m/s. Веднаш потоа количката почнува да осцилира.
Колкава е амплитудата на осцилациите?

You might also like