You are on page 1of 3

Задачи од ротација на тврдо тело

1.20. Колкава е брзината на велосипедот ако дијаметарот на тркалото е 1 m и се врти 3 пати во


секунда?

3.24.Колку вртења во минута ќе направат тркалата на вагонот кога возот вози со брзина 108
km/h? Дијаметарот на тркалата е 0,74m

4.23.Кружен камен за брусење со дијаметар 40 cm и маса 3 kg ротира со брзина 2400


завртувања во минута. Колкава му е кинетичката енергија?

5.26 .Кружна плоча со дијаметар 1m и маса 200kg се врти со брзина едно завртување во
секунда околу својата оска. На работ на плочата стои куче со маса 50kg. Со колкава брзина ќе
се врти плочата ако кучето се помести за пола метар кон центарот на плочата?

6.28.Сад со вода го вртиме по вертикала кружница со дијаметар 2.5m. Колку треба најмалку да
изнесува фреквенцијата за да водата остане во садот? (g = 9.81 m/s2 )

7.40. Тркало се движи рамномерно забавено. Колку завртувања ќе направи во текот на една
минута ако фреквенцијата се намали од 5Hz на 3Hz?

8.50. Прачка со должина 1m ротира околу оска која поминува наговата средина , аголната
брзина е 20 rad/s. Кинетичката енергија на прачката изнесува20 J. Колкава е масата на
1 2
прачката. Моментот на инерција на прачката е I= ml
12

9.55.Колкава е аголната брзина на ротација на планетата Земја, колку е линеарната за точка на


екваторот. R = 6370 km = 6.37 · 106 m
10.72.Тркало со радиус 0.72 m и момент на инерција 4.8 kg · m2 елува тангенцијална сила од
10 N. Најди

А)аголното забрзување

Б)аголната брзина на крајот од четвртата секунда

В)бројот на завртувања за време од 4s

Г)покажи дека работата која мораме да ја вложиме за ротација на тркалото е еднаква на


кинетичката енергија која тркалото ја има на крајот од четвртата секунда

11.80. Хомогена прачка со должина 1m маса 0,5 kg се врти во вертикална рамнина околу
хоризонтална оска која поминува низ средината на прачката. Колкаво е аголното забрзување
ако прачката е придвижена со момент 9.8 · 10-2 Nm?

12.79.Тркало со радиус 1 m делува момент на сила од392 Nm. Колкава маса мора да има
тркалото за да во последниот момент добие аголно забрзување 0,4 rad/s2 ? Масата на
тркалото е распоредена по периферијата.

13.77. Ротор на моторот има момент на инерција 6 kg · m2. Колкава мора да биде моментот на
сила за да роторот ја зголеми брзината од 120 завртувања во минута на 540 завртувања во
минута за време од 6 s?
14.81.Ваљак со маса100 kg, радиус 0,1 m, се врти околу својата оска .Колкав треба да биде
моментот на сила за да ваљакот се врти со аголно забрзување од 2 rad/s2 ?

15.83.Колкав е моментот на инерција на Земјината топка ако се земе за среден радиус на


Земјата 6400 km и средна густина 5.5 · 103 kg/m3 ?

16.89. Човек стои на работ на хоризонтална кружна плоча која се рамномерно врти околу
својата оска.Масата на плочата е m1 = 100 kg масата на човекот m2 = 60 kg а фреквенцијата на
вртење 10 завртувања во минута. Со колкава брзина ќе почне да се врти плочата ако човекот
од работ на плочата премине на нејзината средина?

17.93. Човек стои на срењдиштето на кружна плоча која рамномерно се завртува со брзина 0,5
завртувања во секунда . моментот на инерција на човекот 2,452 N m s2. Тој има раширени раце
и во двете раце држи тег со маса од 2 kg на растојание од 1,6 m. Со која аголна брзина ќе
ротира плочата ако човекот ги спушти рацете и растојанието меѓу теговите е0.6 m? Моментот
на плочата се занемарува.

18,98 На краевите на 14 cm долга прачка се во рамнотежа две тела со маса 2 kg и3.6 kg. Најди
ја должината на краците на прачката ако нејзината маса ја занемариме.

19. 100 На штица долга 5 m и маса 40 kg се нишаат две деца од25 kg и 45 kg. На кое место треба
штицата да се потпре ако децата седат на нејзините краеви?

You might also like