You are on page 1of 2

ДИНAМИКА

1. Една тула со маса 3 килограми е потпрена на ѕидот, со помош на дејство на


сила P под агол 50о, како што е прикажано на сликата 1. Коефициентот на триење
меѓу тулата и ѕидот е 0,25. За кои вредности на силата P, тулата ќе мирува?

2. Две тела со маси m1 = 5 kg и m2 = 2 kg се поврзани како на сликата 2. Ако


коефициентот на триење помеѓу долното тело и рамнината е 0,1, да се најде
забрзувањето на телата ако силата е F = 30 N. Триењето помеѓу нив е
занемарливо.

сл. 1 сл. 2

3. Во системот на сликата 3 телото со маса m2 = 400 g се спушта надоле. Масата


на првото тело е m1 = 200 g, а аголот на наклон на рамнината е a = 30o.
Коефициентот на триење меѓу првото тело и косата рамнина е µ = 0,1. Да се најдат
забрзувањата на телата. Масите на макарите и конците да се занемарат. Да се земе
дека телото 2 не го допира ѕидот, иако така изгледа на сликата.

4. Масите на конците и макарите во системот покажан на сликата 4 се занемар-


ливи, a теговите имаат еднакви маси. Колкави ќе бидат брзините на теговите, во
моментот кога висинската разлика меѓу двата тега ќе биде h?

сл. 3 сл. 4

5. На таванот од еден лифт на еден конец е обесена макара со занемарлива маса.


Преку макарата е префрлен многу лесен конец на чии краеви има две топчиња со
маси 100 g и 200 g. Колкаво е забрзувањето на топчињата во однос на лифтот ако
лифтот тргне да се движи надоле со забрзување 1 m/s2? Колкава е силата на
затегнување на конецот на кој виси макарата?
Динамика. Закони за запазување.

6. Мало топче е закачено на нерастеглив конец со должина 1 метар. Кога топчето


е во рамнотежна состојба со гумен чекан му е дадена почетна брзина од 0,2 m/s
во хоризонтален правец. За колкав максимален агол ќе се отклони конецот со
топчето?

7. Една плочка се лизга надоле по наведена рамнина висока 5 метри и чиј што
агол на наклон е 30◦. Ако 70% од потенцијалната енергија е потрошена за
совладување на силите на триење да се најде коефициентот на триење меѓу
плочката и рамнината.

8. Топче со маса 200 g е закачено на конец долг 0,5 m и ротира во вертикална


рамнина. Во највисоката точка од неговата траекторија неговата брзина е 5 m/s.
Колкава е брзината во најниската точка од траекторијата и колкава е силата на
затегнување на конецот во таа точка?

9. Еден тег е закачен на тенок конец и се врти во вертикална рамнина. Да се


докаже дека најголемата вредност на силата на затегнување е барем 6 пати
поголема од тежината на тегот.

10. Од топ тежок 1 тон се истрелува граната со маса 10 kg, сo почетна брзина 300
m/s под агол од 60◦. Ако коефициентот на триење меѓу топот и земјата е 0,2, да
се пресмета за колку ќе се помести топот.

11. Мала плочка се лизга по многу мазна полутопка со полупречник 1 m. Ако на


почетокот таа се наоѓа на врвот од полутопката и е поттурната со занемарливо
мала сила, да се најде на која висина од полутопката ќе се одвои од неа.

You might also like