You are on page 1of 1

МЕХАНИКА НА ФЛУИДИ

1. U – цевка е отворена на двата краја како што е дадено на сликата. Колкав е


притисокот на граничната површина меѓу водата и живата? Колкава е висинската
разлика h? Колкав притисок ќе се измери на разделната површина меѓу течностите?
Густините на водата и живата се 1000 kg/m3 и 13600 kg/m3, соодветно.

2. Примерок од руда тежи 17,5 N во воздух. Ако со помош на тенок и многу лесен
конец се потопи во вода чија што густина е 1000 kg/m3, затегнувањето на конецот ќе
биде 11,2 N. Колкава е густината на рудата?

3. Балон исполнет со хелиум се користи за подигнување на кошница во која што има


товар. Кошницата и товарот заедно имаат вкупна тежина 2000 N. Густината на
воздухот е 1,29 kg/m3, а на хелиумот 0,178 kg/m3. Колку најмалку треба да биде
волуменот на балонот за да може да се подигне толкав товар?

4. Пластично топче со радиус 12 сантиметри плива во вода така што се потопени 24%
од неговиот волумен. Колкава сила треба да се примени за да тоа биде потопено
целосно? Ако престане дејството на таа сила, колкаво ќе биде неговото забрзување во
моментот на престанок на дејството на силата?

5. Вода влегува во пожарникарско црево со брзина 0,1 m/s под притисок 3,2·105 Pa.
Цревото е прикачено на пожарното возило на висина 0,5 метри над земјата. Со колкава
брзина ќе излегува водата од цревото при гаснење пожар на висина 10 метри?

6. Според стандардите, потребно е водата која излегува од црево за гаснење пожар да


достигне висина 28 метри кога тоа е свртено со отворот нагоре. Неговиот отвор е
кружен и водата истекува со проток од 0,5 m3/s. Колкав треба да биде пречникот на
отворот?

7. Еден многу широк сад се полни со вода од една цевка со проток од 15 литри во
секунда. На дното од садот е направен тесен отвор со плоштина на напречниот пресек
25 cm2. До која најголема висина ќе се наполни садот?

You might also like