Professional Documents
Culture Documents
Dinamika - Energija I Impuls
Dinamika - Energija I Impuls
Работа
. (2.13)
Единица мерка за работата е џул (J) и заради димензионална усогласеност на двете страни на
изразот (2.13) треба да важи 1 J = 1 N⋅m. Од дефиницијата (2.13) е јасно зошто се смета дека е
извршена поголема работа ако се турка теренско возило наместо мал автомобил, или пак при
туркањето се помине два пати подолг пат. Но, од искуството ние може да заклучиме дека ако
силата дејствува под некој агол во однос на поместувањето, само онаа компонента која е долж
траекторијата врши работа, односно го поместува возилото (сл. 2.4). Другата компонента
(нормалната) е секогаш компензирана од некоја друга сила, така што движењето е во дадената
насока и се одвива само под дејство на надолжната компонентна на силата и евентуално
закочено од силата на триење.
Сл. 2.4. Работата врз некое тело зависи само од компонентата на силата Ft која е долж правецот
на движење.
Според сл. 2.4 заклучуваме дека дефиницијата за работа треба да се обопшти како
, (2.14)
каде што φ е аголот меѓу силата и траекторијата. Ако ги употребиме векторот на силата и
векторот на поместувањето, тогаш последниот израз може да се запише скратено со помош на
скаларен производ
. (2.15)
Според формулацијата (2.15) се гледа дека работата може да биде нула, па и негативна, иако ни
силата, ни патот не е нула. На пример, ако в раце држиме тежок тег без да го поместуваме,
вложуваме голем напор, но сепак не вршиме работа над него. Силата на триење врши
негативна работа бидејќи е насочена обратно од насоката на движење (φ =180о). Од друга
страна, нормалната сила не врши работа воопшто, бидејќи е нормална на траекторијата
(φ = 90о). Иако релацијата (2.15) дава резултати кои не се во согласност со секојдневното
сфаќање на работата, сепак е корисна за поврзување на работата со другите физички величини.
Вкупната работа од силите кои делуваат на едно тело е збир од работите од секоја сила
поединечно. Ова следи од принципот на суперпозиција на силите и од особината на скаларниот
производ. Работите од поединечните сили се разликуваат меѓу себе, а некои може да бидат и
негативни (како на пример триењето).
. (2.16)
Сл. 2.5. Кога силата не е константна долж патот вкупната работа може да се пресмета како
збир на работите по делниците на кои го сочинуваат патот.
На сл. 2.5 се гледа дека вкупната работа е збир од плоштините на правоаголниците ΔAi = FiΔsi.
Ако се премине кон граничниот случај , збирот (2.16) станува определен интеграл
, (2.17)
каде што s1 и s2 се почетната и крајната положба. Од сл. 2.5 се гледа и дека работата одговара
на плоштината под кривата на силата во графикот на зависноста на силата од патот F(s).
Наједноставен пример е кога паралелната компонента на силата е константна долж патот, за
кој интегралот дава резултат
(2.18)
(2.19)
каде што k се нарекува константа на еластичност на пружината, а знакот минус покажува дека
насоката на дејство на силата е обратна од онаа на деформацијата. Ако пружината се збие,
тогаш еластичната сила ќе има тенденција кон истегнување. Ако сакаме да ја пресметаме
работата која ќе ја изврши надворешна сила која се зголемува постепено, при што на крајот
издолжувањето на пружината е X, треба да се употреби изразот (2.17). Бидејќи надворешната
сила е насочена обратно од еластичната, таа е дадена со F = kx. Ако на почетокот пружината не
е деформирана границите на интегралот се 0 и X, па се добива
(2.20)
Ако на почетокот пружината е истегната за x1, а на крајот за x2, тогаш работата на
надворешните сили е
(2.21)
, (2.22)
каде што употребивме скаларен производ за да укажеме дека само паралелната компонента
врши работа (сл. 2.7).
Сл. 2.7. Доволно мал сегмент од крива линија може да се змета како прав и работата за тој дел
да се најде според (2.15)
, (2.23)
. (2.24)
Кинетичка енергија
При вршење работа освен што се променува положбата на едно тело се менува и
неговата брзина. Кај праволиниско движење, ако силата е насочена како и поместувањето,
работата е позитивна и поради забрзувањето ќе се зголеми брзината на телото. Ако силата е
насочена обратно, работата ќе биде негативна и брзината ќе се намали бидејќи силата ќе
предизвика забавување. Работата е нула ако надворешните сили делуваат во правец нормален
на движењето, но тогаш нема да се промени и брзината (по интезитет). Со ова се заклучува
дека позитивната работа ја зголемува, а негативната ја намалува брзината. За да се изрази ова
попрецизно да разгледаме едноставен пример на движење од положба x1 до x2 = x1 + s под
дејство на константна вкупна надворешна сила, која ќе даде константно забрзување a. Нека
брзините во точките x1 и x2 се v1 и v2 соодветно. Тогаш од изразите за брзина и положба кај
рамномерно забрзано праволиниско движење
(2.25)
. (2.26)
. (2.27)
. (2.28)
. (2.29)
. (2.30)
Ако почетната брзина на телото е нула, тогаш од (2.30) следи дека работата е еднаква на
крајната кинетичка енергија. Тогаш може да се каже дека кинетичката енергија на едно тело
кое има брзина v е еднаква на работата што треба да се изврши над него од страна на
надворешни сили за да се забрза од мирување до таа брзина v. Според изразот (2.30) следи и
дека кинетичката енергија се мери исто така во џули. Може да се покаже дека теоремата за
работа и кинетичка енергија важи и кога движењето се одвива по крива траекторија и при сили
кои ја менуваат својата вредност долж патот. Важно е да се напомене дека во тој случај во
изразот на кинетичката енергија се користи модулот на векторот на брзината. Ова е особено
значајно при решавање на задачи кај кои движењето е по крива линија и директната примена
на Њутновите закони е речиси невозможна.
Моќност
Во секојдневниот говор моќноста честопати има исто значење како и енергијата или
силата, додека во физиката таа претставува посебна величина. Средна моќност во некој
временски интервал Δt е еднаква на односот на извршената работа и тој интервал
. (2.31)
. (2.32)
Кога се спомнува само моќност се мисли на моменталната моќност, како што е случајот со
брзината или забрзувањето. Според дефинициите се гледа дека моќноста претставува стапка на
вршење на работа. Таа се мери во вати (W), во чест на пронаоѓачот Џејмс Ват. Заради
димензионална усогласеност на горните релации важи 1W = 1J/s.
(2.33)
. (2.34)
. (2.35)
. (2.36)
Работата е позитивна бидејќи y1 > y2, но изразот (2.36) важи и при движење нагоре, бидејќи
тогаш работата е негативна, а y2 > y1. Секој од членовите од десната страна на (2.36) може да се
дефинира како гравитациона потенцијална енергија
. (2.37)
. (2.38)
, (2.39)
односно
. (2.40)
(2.41)
Во праксата секогаш се користи разлика на потенцијалната енергија во две точки, или
проблемот се сведува на барање на таква разлика. Затоа важна е само разликата на висините, а
не нивната вредност. Според тоа како “нулта” висина, која одговара на “нулта” потенцијална
енергија може да се земе било која висина. Тоа се избира заради поедноставно решавање на
задачата, иако многу често за нулта висина се зема површината на Земјата.
(2.43)
, (2.44)
. (2.45)
Изразот (2.45) е ист со (2.36), што значи дека потенцијалната енергија може да се дефинира на
ист начин со (2.37), како и кај вертикалното движење. Тоа значи дека законот за запазување на
механичката енергија ќе важи и кај криволиниско движење, со напомена дека важи ако делува
само тежината на телото.
. (2.46)
. (2.47)
Тогаш работата на еластичните сили е поврзана со нивната потенцијална енергија исто како и
за случајот на гравитационата потенцијална енергија
. (2.48)
Теоремата за работа и енергија (2.30) важи за било каква сила, па ако истата се употреби во
(2.48) ќе се добие дека
, (2.49)
. (2.50)
(2.51)
Ако се фрли некое топче вертикално нагоре, неговата кинетичка енергија се смалува, а
се зголемува потенцијалната. По достигнувањето на најгорната точка, топчето почнува да паѓа
и потенцијалната енергија се намалува, а кинетичката расте. Ако се занемари отпорот на
воздухот, вкупната механичка енергија се запазува. Таа особина на запазување (конзервирање)
на механичката енергијата ја поседува гравитационата сила, т.е. тежината. Друга таква сила е
еластичната. Ако некое тело удри во пружина, тоа ја намалува брзината (кинетичката
енергија), а се зголемува потенцијалната енергија на еластичните сили. Кога телото ќе застане
се случува обратниот процес. Силите при чие дејство се запазува вкупната енергија се
нарекуваат конзервативни сили. Особини на тие сили се следните:
(2.52)
, (2.53)
. (2.54)
Ако работата на неконзервативните сили е позитивна, енергијата на крајот од движењето ќе
биде поголема од почетната, а ако е негативна како што е случајот со дисипативните сили,
вкупната механичка енергија ќе се намали.
. (2.55)
. (2.56)
. (2.57)
. (2.58)
Според дефиницијата импулсот на дадено тело е векторска величина, со правец и насока како и
неговата брзина и има компоненти
(2.59)
според кој: Вкупната сила која дејствува на некое тело е еднаква на стапката на временска
промена на импулсот на тоа тело. Тоа е всушност формулацијата дадена од Исак Њутн, кој
наместо импулс го користел терминот количество на движење.
На врската помеѓу импулсот на тело и силата која дејствува на него може да се гледа и
поинаку. Да претпоставиме првин дека вкупната сила е константна и дејствува во текот на
временскиот интервал Δt = t2 – t1. Производот на силата и времето за кое таа дејствува
, (2.61)
се нарекува импулс на сила. Импулсот на сила согласно дефиницијата се мери во N⋅s, но ако
њутнот се изрази како 1N = 1kg⋅m/s2, ќе се добие дека таа има иста единица како и импулсот на
тело kg⋅m/s. Таа претставува векторска величина со правец и насока како и силата (секако кога
силата е константна). Според вториот Њутнов закон (2.60) вкупната сила е еднаква на
промената на импулсот и ако таа е константна тогаш и промената на импулсот ќе биде
константна, односно
. (2.62)
Од последните два изрази произлегува дека промената на импулсот на телото за време на некој
интервал е еднаква на импулсот на вкупната сила која дејствува на тоа тело за тој интервал
. (2.63)
Сега импулсот на едно тело може да се сфати како импулс на сила потребен за тоа тело да
постигне брзина v, поаѓајќи од мирување.
Последниот израз важи и кога силата не е константна. Тоа може да се покаже ако се
изврши интегрирање на двете страни од вториот Њутнов закон
(2.64)
При променлива сила (било по интензитет или правец и насока) импулсот на сила се
определува како
. (2.65)
Може да се дефинира средна вкупна сила која за истиот временски интервал има еднаков
импулс на сила како и променливата
. (2.66)
Импулсот на сила е векторска величина и според тоа врската меѓу импулсот на силата и
импулсот на телото е иста за соодветните компоненти
. (2.67)
Споредувајќи ги импулсот и кинетичката енергија на едно тело се забележува дека пред се тие
се разликуваат димензионално. Но, од нивната дефицинија следи и уште една интересна
разлика. Кинетичката енергија се дефинира преку работата потребна за едно тело од мирување
да постигне некоја брзина, а работата освен од силата зависи и од патот по кој се одвива
движењето. Од друга страна, импулсот на телото е еднаков на импулсот на силата која е
потребна за телото да ја постигне бараната брзина, а импулсот на силата зависи од времето за
кое дејствува силата.
телото B ќе дејствува само телото A со вкупна сила , при што според третиот Њутнов
. (2.68)
, (2.69)
со собирање на двата изрази во (2.68) ќе се добие дека вкупниот импулс на системот од двете
тела не се менува
. (2.70)
Изразот (2.71) може да се обопшти на произволен број на тела, под услов на нив да не
дејствуваат надворешни сили, т.е. системот треба да биде изолиран. За изолиран систем
законот (2.70) се запишува како
(2.71)