You are on page 1of 4

Произволни просторни системи од сили

1. Во простор, момент на сила во однос на точка, претставен како векторски


производ?
Под момент на силата F во однос на точката О се подразбира вектор кој е
нормален на рамнината на триаголникот OAB, насочена на таа страна од која се
гледа дека силата F врти обратно од стрелката на часовникот, и по интензитет е
еднаков на двојна површина на триаголникот OAB.
Моментот на силата F во однос на точката О може да се претстави како векторски
производ од векторот на положбата r и силата F, т.е. м Fо = [r, F].

2. Во простор, како е определен интензитетот, правецот и насоката на векторот на


момент на сила во однос на точка?
Интензитетот е определен со формулата:

А правецот и насоката со аглите:

3. Разлика помеѓу моментите на сили во рамнина и простор во однос на точка.


Ако на тело , кое може да се врти околу точката 0, дејствуваат повеќе сили. За
секоја сила која произведува ротационен ефект треба да се определи рамнината
на ротација, интензитетот и насоката. Бидејќи сите сили сакаат телото да го завртат
околу точката 0, а заедно силите не лежат во една рамнина, во точката 0 ќе
добиеме повеќе вектори кои поминуваат низ точката 0 и имаат различни правци и
насоки, па не се колинеарни. Тоа е и разликата меѓу моментите на силите во
рамнина во однос на точка и моментите на силите во простор, во однос на точка.

4. Како се дефинира моментот на сила во однос на оска?


Моментот на сила во однос на оска го карактеризира ротациониот ефект на сила
која се стреми да го заврти телото околу некоја оска.

5. Кога моментот на сила во однос на оска е нула, а кога истиот не се менува?


Моментот на сила во однос на оска е нула ако нападната линија на силата ја сече
оската, тогаш растојанието h е еднакво на нула, и ако силата р паралелна со оската,
во тој случај е Fxy=0.
Моментот на силата за дадена оска не се менува ако силата се поместува по
својата нападна линија, бидејќи притоа не се менува ни Fxy ни h.
6. Резултантен спрег на сили распоредени во простор.
Резултантниот спрег на силите е еднаков на векторскиот збор на моментите од
компоненталните спрегови.
7. Интензитет, правец и насока на резултантен спрег на сили распоредени во простор.
Интензитетот е определен со изразот:

Правецот и насоката се одредени со аглите:

8. Дали може да се пренесе спрег на сили од рамнина на дејство на силите во друга


рамнина?
Во простор, спрег на сили може да се помести во која и да било рамнина
паралелна на рамнината на спрегот, а притоа дејството на спрегот на телото да не
се промени.

9. Што е главен вектор и главен момент на произволен просторен систем на сили и


зависност од редукционата точка.
Сите сили што дејствуваат во точката 0 можеме да ги собереме во една резултанта
Fr, која се нарекува главен вектор: F R = F1+F2+…+Fn= Ʃ Fi
Сите спрегови можеме да ги сложиме во еден резултантен спрег m0, наречен
главен момент, кој е еднаков на векторскиот збир од сите спрегови.
Главниот момент зависи од изборот на редукционата точка.
Интензитетот, правецот и насоката на главниот вектор, не зависат од изборот на
редукционата точка 0.

10. Интензитет, правец и насока на главен вектор и главен момент на произволен


просторен систем од сили.
Интензитетот на главниот вектор е : F R =√ X 2R +Y 2R + Z 2R

Правецот и насоката се одредени со аглите:

Интензитетот на главниот момент е определен со изразот:


mo=√ m2ox +m2oy +m2oz
А правецот и насоката со аглите:
11. Главен вектор и главен момент на просторен систем од сили кога телото е во
рамнотежа.
Главниот вектор и главниот момент кога се еднакви на нула, слободното круто тело
е во рамнотежа.

12. Кога произволен просторен систем на сили се сведува само на главен вектор а кога
само на главен момент?
Ако главниот вектор е различен од нула, а главниот момент е еднаков на нула,
тогаш просторниот систем од сили се сведува на резултантата, еднаква на главниот
вектор.
Ако главниот вектор е еднаков на нула, а главниот момент е различен од нула,
тогаш просторниот системна сили се сведува на спрег чиј момент е еднаков на
главниот момент. Во овој случај главниот момент не зависи од изборот на
редукционата точка.

13. Што е динама (динамична ротација) и какво движење врши телото под дејство на
динамата.
Ако системот од сили го сведеме на динама се смета дека е тоа најпроста,
наједноставна форма. Слободното тело под дејство на динамата ќе врши завојно
движење, т.е. едновремено ќе се поместува транслаторно и ќе ротира околу оската
на динамата.

14. Што е инваријанта на произволен просторен систем од сили?


Инваријанти на произволен просторен систем од сили се нарекуваат големините
на тој систем кои остануваат непроменети при промена на редуционата точка.

15. Која е прва, а која втора инваријанта на произволен просторен систем од сили?
Прва инваријанта е главниот вектор Fr од дадениот систем на сили во однос на
редукционата точка. Интензитетот, правецот и насоката на главниот вектор не
зависат од изборот на редукционата точка. Затоа се вели дека главниот вектор е
инваријанта во однос на изборот на моментната точка.
Втора инваријанта е проекцијата на главниот момент, на правецот од главниот
вектор. Главниот момент се менува со промената на редукционата точка. Меѓутоа,
ако редукционата точка се менува по нападната линија на главниот вектор, тогаш
главниот момент не се менува. Заклучуваме дека при промена на редукционата
точка не се менува скаларниот производ од главниот момент и главниот вектор,
односно проекцијата на главниот момент на правецот од главниот вектор не се
менува.
16.Кои се условите за рамнотежа на тело под дејство на произволен просторен
систем на сили?
Слободно круто тело, под дејство на произволен просторен систем од сили, ќе
биде во рамнотежа ако истовремено збирот од моментите на сите сили во однос
на шест оски, избрани така да не може една права да ги пресече сите шест оски е
еднаков на нула. Истите услови можат да се применат и на неслободно тело.

You might also like