You are on page 1of 10

ОСНОВИ НА РЕЛАТИВИСТИЧКА

МЕХАНИКА

ПОТВРДА НА ОПШТАТА
ТЕОРИЈА НА РЕЛАТИВНОСТА
ПРЕКУ ЕФЕКТИ ВО ВСЕЛЕНАТА

КАТЕРИНА КОСТАДИНОВА IV1


ОСНОВИ НА РЕЛАТИВИСТИЧКА МЕХАНИКА

•Во класичната механика се дефинира апсолутен простор и


апсолутно време; просторот со неговите својства постои назависно од
постоењето на материјата.

•Времето тече само по себе независно од постоењето и движењето на


телата;времето неповратно тече во една насока-од минатото преку
сегашноста кон иднината.

•Референтно тело-тело за кое условно ќе сметаме дека се наоѓа во


некоја нулта положба во просторот и во однос на која,веќе можеме да
го разгледуваме движењето и положбата на другите тела.
•Ако ги занемариме димензиите на референтното тело и го сметаме
за материјална точка,тогаш добиваме референтна точка.

•Референтен систем-неразделна целина од координатен систем и


часовник врзани за дадено референтно тело. Односно ако
референтната точка ја замислиме во координатниот почеток на
правоаголниот координатен систем,тогаш добиваме референтен
систем.

•Часовник-секој систем со кој може да се фиксира нулти временски


момент и да се мерат различни временски интервали во однос на
него, независно од принципот на конструкција .
Потврда на општата теорија на релативноста
преку ефекти во вселената
•Општата теорија на релативноста е оној дел од теоријата на
релативноста кој важи за појавите поврзани со гравитационите и
инерцијалните сили која ги третира како истовремени.

•Принцип на еквивалентност:појавите во инерцијалниот систем кој


се наоѓа во хомогено гравитационо поле и во нејинерцијалниот
систем кој се движи рамномерно забрзано и праволиниски се
случуваат на инст начин.

•Врзоснова на принципот на еквивалентност и неговата примена на


целата физика, а не само на механиката,се разгледуваат
квалитативно неколку последици.
•Првата последица на принципот на еквивалентност е
отклонување на светлинскиот зрак од првецот на
распространување во гравивитационо поле,односно закривување
на светлинскиот зрак во гравитационо поле.

•А.Ајншрајн предвидел дека светлинскиот зрак од далечна ѕвезда


кога минува во близина на Сонцето би бил отклонет за некој агол
од неговиот правец на распространување, како што е прикажано
на сликата.
•Каковтор интересен ефект предвиден во општата теорија на
релативноста е промена на временските интервали и
фреквенцијата на светлината во гравитационото поле.

•Часовник во присуство на јако гравитационо поле ќе мери


поголеми временски интервали,отколку часовник во гравитационо
поле кое е занемарливо мало.

•Според тоа, фреквенциите на зрачењето емитувано во присуство


на јако гравитационо поле како што е Сонцето ќе бидат помали од
фреквенциите на зрачењето емитувано од истите атоми на Земјата-
во слабо гравитационо поле.

•Ваквотопоместување на страната кон помалите фреквенции е


наречено гравитационо црвено-поместување.Ова поместување
може да биде забележано во спектралните линии емитувани од
атомите во ѕвездите со големи маси.
•Согласно општата теорија на релативноста,ако
густината на масата на дадено тело е толку голема
како што е густината на една калапсирана голема
ѕвезда,тогаш неговото гравитационо привлекување,
во внатрешноста на определено растојание од
неговиот центар, ќе биде толку големо така што
целата материја и светлината ќе бидат заробени.
•Од астрофизиката е познато дека во еволуционерниот пат на
ѕвездите, концентрацијата на нивната маса станува многу голема
кога големата ѕвезда го исфрла од јадрото своето нуклеарно гориво
и колапсира во многу мал волумен. Тогаш големата ѕвезда станува
црна јама.

•Имено, во нејзина близина закривувањето на просторот е така


крајно што, во внатрешноста на некое растојание од центарот на
црната јама, сите материи и светлината, како и кое било друго
електромагнетно зрачење се наполно заробени.
Заклучок:
Бидејќи единствен информатор за состојбата во вселената се
електромагнетните бранови(светлината) ние не сме во состојба да
дознаеме за ваквите ѕвезди-колапсари, или т.н црни дупки бидејќи
од нив не излегува ниту еден единствен електромагнетен бран.

You might also like