You are on page 1of 4

3 лекција- Meтоди за мерење на оддалечeност на ѕвездите

1. Првиот метод е метод на триангулација во кој се користи појавата паралакса.


Паралакса е грчки збор што значи отстапување а најлесно со пример можеме
да ја сфатиме ако пред очите поставиме прст и го гледаме прстот прво само
со лево око, десното е затворено, ќе видиме во позадината се поклопува со
некој предмет или е блиску до некој предмет. Ако сега го гледаме со десно
око, левото го затвориме ќе видиме како во однос на тој предмет прстот си ја
променил положбата е затоа таа појава е наречена отстапување а тоа ќе го
искористиме за набљудување на ѕвездите во движната паралакса на Земјата.
Земјата кружи околу сонцето, за една година прави едно завртување, па
најголема паралакса ќе забележиме на 6 месеци кога Земјата е на
дијаметрално спротивната страна од својата орбита. Ако разгледуваме некоја
ѕвезда прво од едната положба, па после 6 месеци од другата положба ќе
забележиме како во однос на позадината на небесната сфера оваа ѕвезда си ја
променила положбата. Овој агол, а бидејќи се вкрстени агли и овој агол бета
е агол на паралакса.
- Е ова можеме да го искористиме за да дефинираме уште една нова единица
за оддалеченост во астрономијата. Рековме дека просечното растојание Земја
сонце е 1 парсек- 150 милиони километри, па како ќе ја дефинираме сега
новата единица?- половина од аголот на паралакса ќе ни биде аголот алфа, а
по оддалеченоста од Земјата до ѕвездата R големо, r мало – растојание сонце
Земја. Обична тригонометрија спротивна врз хипотенуза дава синус од
аголот алфа или од овдека растојанието r врз алфа бидејќи користиме едно
својство во геомтерија синус од аголот алфа е скоро самиот агол алфа ако е
мал и искажан во радијани. Аглите во физика во радијани се прикажуваат.
Синус алфа е приближно самиот тој агол алфа ако е мал и во радијани
искажан.
r
=sin α
R
sin α ≈ α
r
R=
α
Како и сите единици по договор ние ќе се договориме она растојание од
кое радиусот на Земјината орбита ќе се гледа под агол од една лачна
секунда да ни претставува единица за растојание парсек.
1 aU
R= ''
[ Ps ]
1
Значи растојанието од еден парсек ќе биде 1 астрономска единица врз 1
лачна секунда. Секунди од дел од степенот, 60 минути има еден степен, а 60
секунди секоја минута тоа ќе биде оддалеченоста во парсеци.
- Името оваа единица го добила поткованица, паралакс- секунда заради
појавата паралакса кога се гледа радиусот на земјината орбита под агол од
една секунда.
- Ако сакаме да претвориме колку астрономски единици е оваа растојание од
парсек тогаш треба да знаеме да претвораме радијани во степени. Има 2п
радијани во еден круг се 360 степени . Значи еден радијан ќе биде 360 врз 2п
и секој степен има по 60 минути, секоја една минута по 60 секунди ќе се
добие 206 илјади 265 секунди.
o
2 π =360
''
1 rad=206 265

- Не е важно делењето, важен е резултатот. Обратно пак секундата ќе биде 1


206 илјади 265ти дел од радијанот, па затоа r ќе биде 1 врз 1 врз 206 265
односно двојната дропка кога ќе ја сведиме ова ќе се качи над дробната црта.
1 парсек се состои од 206 илјади 265 астрономски единици.
1
R ps= =206 265 aU
1
206 265
1
R= ' ' [ Ps ]
[α ]
- Значи толку пати е подалеку од растојанието Земја сонце, некоја ѕвезда која
се гледа од растојание од еден парсек. Ова е потполно точна метода ако
можеме да го измериме овој агол алфа, ама многу далечените ѕвезди имаат
толку мал агол на паралакса што веќе не може да се мери, до десетина, 15
светлосни години може на овој начин и 100% можеме да гарантираме дека е
толку оддалечноста. За подалечни веќе мораме да бараме други методи,
бидејќи овој агол е неменлив, многу мал. Затоа е корисен другиот метод.

2. Метод на сјај-температура кој го вовеле двајца астрономи Расел и


Герцшрунг. Тие го мереле апсолутниот сјај на голем број на ѕвезди и нивната
температура. Кога резултатите ги подредиле на овој график, на оваа
зависност добиле една ваква крива. Од + 15 оди апсолутниот сјај до -6, колку
по негативен бројот толку посјајна е ѕвездата, а температурата оди од 2 500
келвини до 40 000 келвини, само обратно е поголемите вредности се кај
кординатиниот почеток.
a) Имало ѕвезди кои имаат ниска температура и мала сјајност бидејќи се
мали ѕвезди. Ладни и мали ѕвезди
b) Најмногу има просечни ѕвезди како што е нашата со поголема
температура и поголема површина затоа се и посјајни. Ѕвезди како
нашто сонце
c) и пак мал број сини џинови и супер џинови.
И ќе видиме во наредната лекција во вториот дел тоа е во најголемиот дел од
животот на ѕвездата кога таа ќе го заврши својот живот излегува од главната низа,
ова се вика главна низа, па има ѕвезди со голем сјај и ниска температура затоа што
се огромни по површина тие имаат сјајност, иначе површинската температура им е
ниска тоа се црвени џинови и ѕвзеди со висока температура но многу мали колку
самава наша планета па се наречени бели џуџиња.
- И која е постапката за мерење на оддалечноста на ѕвездата?- прво мора да се
сними спектарот на таа ѕвезда, кога ќе го снимиме спектарот од виновиот
закон ќе одредиме колкава е температурата, бидејќи ламбда максимум по т
треба е константата б- виновата константа.
λ m∗T =b=const
- Од кога сме ја одредиле температурата одиме на овој дијаграм да речиме
7000 келвини за да најдиме на таа темепратура колкава апсолутна сјајност
одговора -2. Е кога сме ја нашле неа има една равенка готова мора да ја
земаме во астрономија која вели апсолутниот сјај е еднаков на релатвниот
сјај плус 5 минус (–) петта п логаритам од растојанието.
M =m+5−5 log r
Така ќе можеме да го одредиме растојанието бидејќи сме го одредиле М, а
која е разликата меѓу апсолутен сјај (М големо) и привиден сјај (м мало)?-
привидниот сјај е оној сјај онака како што гледаме на небото ѕвездите значи
ако некоја свети посилно не значи дека таа има поголем сјај можда е многу
поблиску од другите. И тој се мери со инструмент наречен волуметар значи
ќе измериме колку е привидниот сјај. Апсолутниот сјај е пресметка кога сите
би биле на десет парсеци растојание колку ---15:13 значи да ги донесиме на
еднакво растојание за да видиме тогаш кој е посјајен. Така на пример ако
сириус се донесе на местото на нашето сонце толку би било светло преку ден
што не би можело да се живее на нашата планета. Сириус е далеку посјајен
од нашето сонце ама затоа што е многу далеку, привидниот сјај му е послаб.
Така од овде сите величини ќе ни бидат познати освен растојанието со
решавање на оваа равенка ќе може да се најде на кое растојание е таа ѕвезда.
Само веќе мерењата стануваат понесигурни бидејќи рековме дека прво ќе
треба да се одреди некое растојание кое ни е сигурно а колку се подалеку
ѕвездите веќе тоа станува понесигурно. Пример за галаксијата андромеда во
разна литература се наоѓа од 2 до 2,4 милиони светлосни години растојание,
значи има некој простор за неточност. Затоа на уште подалечни ѕвезди ќе
мора друг метод да се искористи.
3. Метод на стандардни свеќи- тој се базира на зависноста на јачината на
светлината од растојанието. Таа (јачината на светлината) опаѓа со
растојанието на квадрат.
1
I 2
R
Преку пример: во неко поле се распоредени свеќи потполно идентични ако
знаеме колку е оддалечена првата ние можеме да одредиме било која од тие
сфеќи колку е оддалечена, бидејќи колку е поголемо растојанието толку
интензитетот ќе биде послаб на квадрат а она што ќе биди два пати
пооддалечена ќе има четири пати послаб сјај. Само како да најдиме сега кај
ѕвездите стандардни свеќи кои се исти. Како ќе бидеме сигурни дека се исти.
Астрономката Хенриета Левит ги проучувала ѕвездите наречени цефеиди,
затоа што првата е откирена во соѕвездието цефе, тоа се променливи ѕвезди.
Тие пулсираат, нивната површина пулсира, брзо се рашируваат и после
постепено се враќаат на истиот волумен. Може да биди денови, може да
биди месеци.. некои се например 27 дена, неколку ќе треба да се
фотографираат секој ден, да се види до кога се проширувала ѕвездата, кога
почнало собирањето и кога се враќа на истиот волумен. Таа откирла сите
ѕвезди што имаат ист период на пулсирање се еднакви, што значи можеме да
ги употребиме како идентични, стандардни свеќи. Така ако првата одредиме
не кое растојание е, ќе можеме да ги одредиме и сите други, но за жал првата
цефеида е далеку од нас на 50 светлосни години, така да приближен ни е
методот за нејзино одредување на далечината а со тоа и другите
оддалечености се не баш толку сигурни.
- За уште поголеми растојаниа се користат стандардни свеќи - супер нови
ѕвезди кои експлодираат. Има класа А, супер нова класа Б според тоа каков
спектар даваат тие супер нови, но тоа е веќе во втората лекција.
Запишано со равенка: растојанието е 1 астрономска единица, радиусот на 22:33 --- е
1 лачна секунда. Ако сакаме било кое друго растојание да го претвориме во
парсеци ќе биди 1 врз алфа по лачни секунди, по парсеци. Значи ако се гледа под
агол од 2 лачни секунди, една половина парсеци ќе биде поголемо ќе гледаме од
помало растојание.
Лачна секунда- делови од аголот се, значи аголот има степени...

You might also like