You are on page 1of 3

Зависноста на индексот на прекршување на светлината од нејзината боја (поточно од

нејзината бранова должина) се вика дисперзија на светлината.

Ова тврдење го потврдил Њутн со познатиот експеримент на прекршување на бела (сончева)


светлина врз стаклена призма. Тој покажал дека сончевата светлина има сложен карактер

Спектар-севкупност на голем број ликови на процепот, а со различни бранови должини.

Агол на девијација (δ) кај призмата се подразбира аголот помеѓу зраците на упаднатата и
излезената светлина.

δ=(n-1)*0

Континуиран спектар – спектар создаден од Сонцето или од белата светлина од


лабараториската ламба

Боите што ние ги гледаме зависат од фрекфенцијата на светлината со која се осветлени.

Бојата на телата зависат од фрекфенциите на спектарот на белата светлина која тие ја


рефлектираат.

Телата може да рефлектираат повеќе фреквенции, тие може да имаат боја која е резултат на
мешање на тие фреквенции.

Ако некое тело ги рефлектира сите бои еднакво, велиме дека е бело.

Црното тело ги апсорбира сите бои.

Боите на телата се добиваат со соодветен удел на трите основни бои.

Спектроскопија е област во физиката која ја испитува емисијата на светлината. Преку неа се


изучува градбата на атомите, односно молекулите.

Спектрометри се спектрите во апаратите.

Емисиони се спектри кои се добиваат како севкупност на ликови на извор (најчесто тенок
процеп) од сите бранови должини кои дадениот извор ги емитира.

Поинаков спектар се добива ако како извор се користи одреден гас што свети.

Секој елемент има строго определен линиски (атомски) спектар.

Лентести- спектри во вид на ленти кои ги емитираат молекулите.

Апсорпциони спектри- спектри кај кои е искористено својството на супстанците да ја


апсорбираат онаа светлина која би ја емитирале при возбудување

Уште на почетокот на 19 век Фраунхофер проучувајќи го спектарот на сонцето ги забележал


фраунхоферовите линии кои се должат на апсорпција на супстанции кои се наоѓаат помеѓу
изворот на континуираниот спектар (сјајна површина на сонцето) и спектралниот апарат.
Сферните огледала се делови од сферни површини кои правилно ги рефлектираат
светлинските зраци.

Според обликот на сферната површина од која се рефлектираат зраците огледалата можат да


бидат вдлабнати (конкавни) и испакнати (конвексни).

На секое сферно огледало се разликува:


- оптички центар на огледалото С - тоа е центарот на сферата од која е добиено огледалото;

- отвор на огледалото - тоа е тетивата АВ;

- теме на огледалото О - тоа е највдлабнатата, односно најиспакнатата точка на сферната


површина;

- главна оптичка оска - тоа е правата што минува низ оптичкиот центар и темето на огледалото.

Ако на конкавно огледало паѓа сноп зраци паралелни со оптичката оска, тогаш тие се
рефлектираат така што минуваат низ точката F, која лежи на самата оска и го дефинира
фокусот на огледалото. Растојанието f=FO е фокусното растојание на огледалото

За разлика од кај конкавните, снопот на зраци паралелни со оптичката оска дивергираат по


рефлексијата од конвексното огледало. Геометриските продолженија на сите зраци од снопот
се сечат во фокусот кој се наоѓа позади огледалото.

При конструкцијата на ликови, најчесто се доволни два зрака со познат пат кои поминуваат низ
иста точка. Ликот на таа точка се добива во пресекот на тие два зрака. Ако ликот се добива во
пресекот на рефлектираните зраци, тогаш тој е реален, а кога се добива во геометриското
продолжение на одбиените зраци, тој е имагинарен.

1. Зракот што паѓа кон огледалото паралелно со оптичката оска, по одбивањето поминува низ
фокусот.

2. Зракот што паѓа по агол α на темето О на огледалото се одбива под ист таков агол.

3. Зракот што поминува низ фокусот, по одбивањето е паралелен со оптичката оска.

4. Зракот што поминува низ оптичкиот центар С, бидејќи е нормален на површината на


сферата, по одбивањето се враќа по истиот пат.

Кај сферните огледала по договор ќе земеме:

- P е позитивно (+), предметот е пред огледалото (реална слика);

- L е позитивно (+) ликот е пред огледалото (реална слика);

- L е негативно (-), ликот е зад огледалотот (имагинарна слика);

- f и R се позитивни (+), центарот на кривината е пред огледалната површина (конкавно


огледало);

- f и R се негативни (-), центарот на кривината е зад огледалната површина (конвексно


огледало).

Оптичките леќи се хомогени проѕирни тела со определен индекс на прекршување, најчесто


направени од стакло, од кои најмалку едно од лицата не е рамно, со што предизвикува
конвергирање и дивергирање на светлината.
Според оптичките својства, можат да бидат:
Собирни
Растурни
Според надворешниот изглед, леќите можат да бидат:
двојно испакнати
испакнато-вдлабнати
рамно испакнати
двојно вдлабнати
рамно вдлабнати
вдлабнато-испакнати
Секоја леќа се карактеризира со:

О-оптички центар

F-фокус на леќата

F’-фокусен лик

Леќите кои на средината се подебели, се нарекуваат испапчени или собирни леќи (конвексни)

Собирната леќа паралелниот сноп на светлина го собира во една точка наречена фокус.

Леќите кои се подебели на краевите, се нарекуваат вдлабнати или растурни леќи (конкавни).

Растурната леќа го растура светлинскиот сноб, така што доага до една точка што се нарекува
имагинарен фокус

Леќата која што посилно ги прекршува светлинксите зраци има помало фокусно растојание, а
леќата што послабо ги прекршува светлинксите зраци има поголемо фокусно растојание J=1/f

Фокусното растојание е мерка за јачина на прекршување на светлината низ леќите

Јачината е обратно пропорционална со фокусното растојание.

Ако за фокусното растојание ставиме единица мерка 1 метар добиваме единица мерка за
јачина на оптичката леќа 1 диоптер.

Поларизација на светлината
Според Максвеловата теорија за електромагнетната природа на светлината,
таа во просторот се шири како трансверзален бран.
При тоа електричното поле осцилира во рамнината на антената а во
рамнина нормална на неа осцилира магнетното поле.

Насоката на ширење на бранот е нормална на јачината на електричното и


магнетното поле.

Природната светлина е неполаризирана

Линиска поларизирана светлина (Светлина која се опишува со вектор на


електрично поле кој осцилира само во една рамнина)
Во природата постојат кристали каков што е и турмалонот кој има својство да ја
поларизира природната светлина

Закон на Мали
Со помош на на два поларизациони кристали може да се вршат испитувања
поврзани со поларизацијата. Во таков случај првиот го викаме поларизатор а
вториот анализатор

You might also like