You are on page 1of 4

ГЛАВНИ ДЕЛОВИ НА ФОТОАПАРАТОТ

1. Принцип на работа

Фотоапаратот е главен уред во репрофотографијата. Со него се врши запишување на


податоците со помош на светлина. Од таму доаѓа и неговото име photo+graphieme,што
значи пишување со помош на светлина. На сликата е даден SLR апарат (Single Lens
Reflex)

1.Објектив, 2.бленда(затворач), 3.окулар, 4.призма, 5.огледало, 6.филм или сензор.

Зрак од светлина влегува од предната страна на објективот низ систем на леќи и


регулиран од блендата. Потоа светлината прекршувајќи се од огледалото доаѓа до
призмата од каде преку низа на прекршувања излегува од окулаторот доаѓајќи до
окото на набљудувачот. Главна карактеристика на SLR апаратите е тоа дека низ нив се
гледа директно кон објектот кој сакаме да го снимиме. Овде доаѓа до релативно точно
снимање на објектот затоа што окулаторот, сензорот или филмот лежат на одредено
растојание. Во моментот кога сме задоволни од сликата која ќе ја снимаме го
притискаме прекинувачот при што се ослободува огледалото и светлината до филмот
или сензорот.
Најчесто кај новите апарати (компактни) вршиме набљудување на објектот низ
окулаторот, а снимање низ сензорот. Поради ова изместување (паралакса) имаме
отстапување на снименото во однос на она што го гледаме. Кај најновите дигитални
апарати окулаторот е заменет со сензорот. Така да она пто го гледаме на малиот екран
е она што се наоѓа и на големиот екран, а тоа е она кое ќе се сними на сензорот.

2. Објектив

Тој е леќа или систем од леќи во кој


настанува прекршување и насочување на
светлоносните зраци кои се одбиваат од
оригиналот. Овај систем служи за
изоштрување на сликата каде се снима.
Леќата е проѕирно тело ограничено со две
површини кои можат да бидат:
испакната(конвексна), вдлабната(конкавна)
и рамна.

Леќите се делат на собирни и растурни. Собирните имаат својства да ги собираат


светлосните зраци во една точка (фокус). Можат да бидат: биконвексни,
планоковексни и конвексноконкавни.
Растурните леќи се конкавни и ги растураат светлоносните зраци а можат да бидат:
биконкавни, планоконкавни и конвексноконкавни. И конкавните и конвексните леќи
обично се комбинираат.

Објективите кои се вградуваат во апиративи имаат поголемо фокусно растојание од


објектот во останатите апарати, поради што можат да репродуцираат најразлични
големини. Фокусното растојание најчесто е: f=80mm, f=120mm, f=210mm.

3. Бленда

Тоа е направа која овозможува намалување или зголемување на релативниот отвор на


објективот. Од големината на отворот на блендата зависи колкаво количество
светлина која низ објективот на фотоапаратот стигнува до фото.слој. Отворот на
блендата се означува со бројка, при што помалите бројки озн ачуваат поголем отвор, а
поголемите бројки помал отвор. Броевите можат да бидат: 1; 1,4; 2; 2,8; 4; 5,6; 8; 11;
16; 22; 32. Кај репрокамерите се користи ирисна бленда. Тоа е механизам кој се состои
од многу танки меѓусебно поврзани лимени ливчиња кои се стеснуваат и шират
концентрично.
1. Што е леќа?

2. Кои се собирни а кои растурни леќи?

3. Какви можат да бидат ковексните, а какви конкавните леќи?

4. Што е бленда?

5. Што значат бројките на блендата?

6. Што е ирисна леќа?

You might also like