You are on page 1of 6

Универзитет ,, Св Кирил и Методиј’’

Медицински факултет

Писмена семинарска работа по предметот:

Општа фотографија

Тема:
Историски развој на објектив

Ментор- Весна Гершан Студент- Дарко Цветаноски

Индекс- 880

Скопје 2012
Фотографиjата денеска е составен дел од животот до таа мерка што просечна личност во
една развиена западна земjа се среќава со повеќе од 1000 фотографии во текот на
денот.Фотографиите ги чуваат личните сеќавања (семејни фотографии) и не информираат
за јавните настани (новинска фотографија).Тие представуваат средство за идентификација
(фотографии за лични документи како пасош,возачка дозвола и сл.) и гламуризација
(портрети на филмски ѕвезди); ни ги наближуваат далечните и егзотични места на
планетата (патувачка фотографија); вселената (астрална фотографија); како и
микроскопски сцени внатре во човечкото тело (медицинска и научна фотографија). Многу
специјализирани комерцијални категории вклучувајќи модна, рекламна и архитектонска
фотографија исто така спаѓаат под широкиот чадор кој ја дефинира функцијата на
фотографијата во денешното општество. Објективот има задача да го собере и пропушти
светлото кое од околниот простор влегува во него и да го насочи кон филмот или
сензорот. Освен систем за изострување, во него се наоѓа и систем за промена на
фокалното растојание (зумот) кај зум објективите, кој ги поместува внатрешните леќи и со
тоа го менува зумот. Во објективот се наоѓа и бленда со која ја регулираме количината на
светло која проаѓа низ објективот. Некои објективи имаат и систем за редукција на
тресењето (познат како имиџ стабилизатор). Ова е корисно при големи фокални
растојанија (зум), кога и најмалото тресење на апаратот може да резултира со заматена
фотографија, па овој систем помага тоа да не се случи. Објективите неједноставно можеме
да ги поделиме според фокалното растојание кое е изразено во милиметри (mm), а бидејќи
различни апарати имаат различна големина на сензорот, секогаш се зема вредноста
пресметана на 35mm формат (формат на класичен филм). Објективите се делат на
широкоаголни, нормални и телеобјективи. За 35mm формат (класичен филм) големината
на една сликичка од филмот е 24х36mm, а дијагоналата е 43mm. Всушност, токму оваа
дијагонала одредува што е нормален објектив. За 35mm филм тоа е вредност од 50mm
(заокружени 43mm), што отприлика одговара на тоа што го гледа центарот за вид кај
човекот. Видното поле кај човекот одговара на фокално растојание од околу 50mm. Се
што е под овој агол спаѓа во широкоаголни објективи (широк агол на гледање), а над тоа
се телеобјективите (мал агол на гледање, гледање во далечина). Постојат и објективи кои
имаат фиксни фокални растојанија, но повеќето објективи имаат променливи фокални
растојанија, па популарно се нарекуваат зум објективи, кои ни ги "приближуваат" или
"оддалечуваат" предметите кои ги фотографираме, во зависно од фокалното растојание.
Внатре во објективот се наоѓа систем од леќи. Постојат групи на леќи кои го собираат
светлото (обично се на надворешниот дел од објективот), оние кои го насочуваат кон
сензорот или филмот, а постојат и посебни леќи кои служат само за изострување.
Објективите треба да се третираат со посебна грижа. Стаклото од кое се составени
објективите многу е кршливо и подложно на гребење. Објективите треба да се чистат како
последно решение. Се влијае врз оптичката површина при секое чистење. Секогаш
остануваат траги, дури и ако не се веднаш видливи со голо око. Подобро е објективот да
има малку прашина отколку да се изгребе. Телескопот е основниот астрономски
инструмент. Тој ни овозможува многу подобро да ги набљудуваме слабите и ситни тела на
небесната сфера отколку со голо око. Најважниот дел на секој телескоп е објективот. Тој
ја создава сликата на небесните објекти во својот фокус. Кога телескопот се користи за
фотографирање или пак за некои други врсти на инструментални набљудувања, фокусот е
местото каде што се мести филмот на апаратот или пак влезниот отвор на инструментот.
За да ние можеме да ја набљудуваме сликата на објектот која ни ја дава објективот, позади
објективот мора да се стави окулар. Окуларот игра улога на зголемувач, имено тој во исто
време ја зголемува сликата и максимално ја изострува. Производството на нов α
објектив започнува со детален концепт. Кои се креативните и техничките цели
кои ги поставуваат дизајнерите? Каква ќе биде интеракцијата помеѓу објективот
и телото на фото апаратот? Сите овие фактори – и многу други – се
разработуваат до најситни детали за да се дефинираат основните параметри на
објективот. Откога ќе се одлучи за основниот концепт, започнува конкретниот
процес на дизајн, развој и создавање прототип. Напредните техники за
симулација помагаат да се одлучи на кој начин ќе бидат поставени
поединечните елементи на објективот за да се постигне саканото ниво на
перформанси при зададена фокусна должина и решетка. Цилиндерот на
објективот мора да биде совршено просторно поставен при што мора да се
оствари порамнетост на оптичките оски на сите елементи на објективот. Исто
така, мора да се задржи поставеноста на елементите со крајна прецизност при
операциите на фокусирање и зумирање. Движењето на сите елементи и групи на
објективот мора да биде совршено синхронизирано, што налага вградување на
механизам со исклучително мала толеранција. Дизајнот на системот за
автоматско фокусирање налага извонредно прецизно поместување на одредени
групи од објективот. Иако ова обично се постигнува преку механичко
поврзување во телото на фото апаратот, одредени α објективи имаат вграден
SSM (суперсоничен мотор) систем за фокусирање за уште подобри AF
перформанси. Секој објектив е сложен електронски и механички систем кој
мора да биде во можност да комуницира со телото на фото апаратот. CPU и
ROM чиповите поддржуваат податочна комуникација која е потребна за
SteadyShot™ INSIDE, системот за стабилизација на сликата кој е вграден во
телото и кој функционира со секој α објектив.
Конструкторите на објективи и фотоапарати, пред да почнат со конструкција на истите,
појдовна точка им е горенаведената резолуција на човечкото око, а потоа се одредува
целната група  на која е наменета, па према неа се одредува типот, конструкцијата и
цената на изведбата.

Според типот на објективот телескопите се делат на три вида: Рефрактори: Рефлектори и


Мешовити (катадиоптрички). Рефрактор е телескоп кој што како објектив користи една
или повеќе леќи. Со нивно комбинирање, со растурни и собирни, се настојува да се
намали аберацијата. За прв пат телескопот бил употребен од Галилео Галилеј во 1610
година и тоа било рефрактор. Со цел да се добие поголемо зголемување, во тоа време
астрономите граделе телескопи со подолги цевки за да може да имаат поголеми фокусни
далечини. И се до Њутн подобрувањето кај телескопите се гледало само кај нивната
должина. Њутн за прв пат ставил сферно огледало како објектив наместо леќа. Овие
телескопи се викаат рефлектори Првите рефлектори биле со метални огледала. Но
корозирањето на сферната површина создавало многу проблеми. Подоцна со
усовршувањето на производството на стакла металот бил заменет со стакло.
Пронаоѓањето на техниката за посребрување на стаклото и за неговото брусење до сферна,
параболична или елиптична површина довело до тоа телескопите да се усовршат до
сегашната генерација на рефлектори со алуминизирани огледала. Рефлекторите користат и
секундарно огледало. Кај обичниот Њутнов рефлектор тоа се става малку пред фокусот, за
да може светлосните зраци да ги изведе под прав агол, надвор од цевката и да ги внесе во
окуларниот дел. Функцијата на објективот е двострана: да собира што е можно повеќе
светлина и да овозможи набљудување на објектот под што е можно поголем агол. Што
повеќе се собира светлина тоа значи дека може да се набљудуваат послаби тела, според
тоа јасно е дека колку е поголем објективот толку е подобар од причина што има поголема
површина. На предната страна на фотоапаратот се наоѓа објективот, а во него е сместена
блендата која исто така и затварачот ја регулира количината на светлина што влегува во
апаратот.Блендата се регулира со одредувачот на бленда кој се наоѓа на објективот во
форма на прстен обележен со комбинација од следниве вредности:1.2-1.4-1.8-2-2.8-4-5.6-
8-11-16-22-32. На објективот се наоѓа и прстенот за фокусирање со што се затвора кругот
на делови карактеристични за сите аголни фотоапарати.Како што веќе споменавме
постојат разлики кои што се воглавно дизајнерски, а поретко и конструкциски како на
пример кај фотоапаратите со мануелно фотографирање и оние со автоматско
фокусирање.Поради автоматиката кај вториве, одредени функции се
автоматизирани(фокусирање, напредување и премотување на филмот), а дел од функциите
се исчитуваат на мал електронски екран. Блендата е исто како и затварачот од голема
важност за квалитетот на снимената фотографија.Се наоѓа во објективот и е во форма на
ирис составен од метални делови кои зависно од подесувањето создаваат поголем или
помал кружен отвор. Кај некои фотоапарати се обележува со А или Ав. Зависно од
големината на отворот, блендата го регулира интезитетот на светлината која влегува во
апаратот. Отворот на блендата се регулира преку одредувачот на отвор на блендата која се
наоѓа во форма на прстен на објективот.На скалата на прстенот вообичаени се следниве
вредности: 1.4-1.8-2-2.8-4-5.6-8-11-16-22-32 (можни се И меѓувредности посебно кај
автоматизирани фотоапарати), каде што помала бројка означува поголем отвор на
блендата, а поголема бројка помал отвор, па така најголем отвор И најголем интезитет на
светлина се постигнува со подесуваъе на блендата на 1.4, а најмал отвор и најмал
интезитет на светлина со подесување на 32.Исто како и кај вредностите на затварачот,
секоја вредност е двојно помала или поголема од претходната па така вредност од 4
пропушта двојно помалку светлина од 2.8 а двојно повеќе од 5.6. Кога зборуваме за
вредностите на блендата зборуваме за отварање и затварање на истата каде што промена
од поголема кон помала вредност (од 8 кон 5.6) зборуваме за отварање(отворот се
зголемува) а во обратен правец за затварање(отворот се намалува). Карактеристично кога
се говори за бленда е пред вредностите да се стави буквата ф (пр.ф/4, ф/8, ф/2.).

You might also like