You are on page 1of 12

Видови хемоглобин

Хемоглобините на различните животни имаат иста простетична група (хем), но


белковинската компонента (глобин) е со различен состав, специфичен за поодделните
видови. Според тоа, и исти видови на животни содржат различни хемоглобини. Така на
пример, во крвта на возрасен човек се наоѓаат два вида на хемоглобин: адултен
хемоглобин (HbA) и хемоглобин A2 (HbA2). И двата се состојат од четири полипептидни
ланци, и тоа хемоглобинот А од два α и два β, а хемоглобинот А 2 од два α и два δ.
Хемоглобинот на човековиот фетус содржи фетален хемоглобин (HbF), кој е составен од
два α и два γ полипептидни ланци. α ланецот се состои од 141 аминокиселина, а β, γ и δ од
146. Последните три се разликуваат по тоа што на одделни места на полипептидниот
ланец имаат различни аминокиселини.

Физички својства

Хемоглобините и нивните деривати имаат карактеристични апсорпциони спектри, така


што можат лесно да се идентификуваат. Хемоглобините на различни животни
кристализираат во различни кристални облици и различно се раствораат.
Функција

Кај животинските организми хемоглобинот има респираторна функција. Оваа


физиолошки најважна особина на хемоглобинот се основа на тоа што тој се соединува со
воздушниот кислород при што се добива лабилно соединение оксихемоглобин. Во
оксихемоглобинот, молекулата на кислородот е координативно сврзана за железото од
хемот кое не ја менува својата валентност, туку останува двовалентно. Оксихемоглобинот
е молекулско соединение на хемоглобинот со кислородот, а не оксидационен производ на
хемоглобинот. Процесот се нарекува оксигенација. Секој атом на железо врзува по една
молекула на кислород, а бидејќи во хемоглобинот има четири хема, реакцијата на
респирација е следна:

Оксигенацијата на хемоглобинот, миоглобинот и еритрокурионот е повратна реакција која


има своја константа на рамнотежа. За полесно разбирање, тука ќе биде претставена
оксигенацијата на миоглобинот (Mb), кој има еден атом на железо и сврзува една
молекула на кислород кога образува оксимиоглобин. Реакцијата на миоглобинот со
кислородот е:

Константата на рамнотежа за реакцијата е:

Концентрацијата на кислородот е пропорционална со неговиот парцијален притисок и


затоа наместо O2, може да се напише pO2:
или , а за хемоглобинот

Се добива дека односот на концентрацијата на оксимиоглобинот и миоглобинот зависи од


парцијалниот притисок на кислородот. Тоа важи и за хемоглобинот. Со зголемување на
притисокот на кислородот се зголемува и концентрацијата на оксихемоглобинот, а се
смалува концентрацијата на хемоглобинот и обратно.

Сигмоидна крива која ја прикажува зависноста на парцијалниот притисок на кислородот и


хемоглобинот и оксихемоглобинот.

Оксихемоглобинот е слаба киселина која со зголемувањето на концентрацијата на


водородни јони во средината дисоцира на хемоглобин и кислород. Со зголемување на
концентрацијата на CO2 во ткивата, кое е проследено и со зголемување на концентрацијата
на водородни јони, поволно влијае, покрај намалениот pO2, на ослободување на
кислородот од оксихемоглобинот.

Хемоглобините на различни животни имаат различен афинитет кон кислородот. Така,


хемоглобинот на луѓето има поголем афинитет од кучешкиот или кокошкиниот.
Хемоглобинот како пуфер

Хемоглобинот, како и сите белковини, има својства на пуфер. Бидејќи во крвта има
најмногу хемоглобин (10-14 g%), до 60% од пуферскиот капацитет на крвта доаѓа од
хемоглобинот. Во ткивата се ослободуваат толку молекули на CO 2 колку што pH на крвта
би требало да се смали од 7,4 на 4,0, а тоа не се случува. Хемоглобинот и
оксихемоглобинот имаат изоелектрична точка при pH од 6,8, односно 6,65. При pH на
крвта, тие се однесуваат како слаби киселини кои реагираат со катјоните и прита даваат
соли: карбохемоглобин (KHb) и карбоксихемоглобин (KHbO2). Кога на овие соли се
делува со јаглеродна киселина, се ослободува хемоглобинот, а јаглеродната киселина
преминува во бикарбонат:

Во крвта, најголем дел од јаглеродниот диоксид се наоѓа во вид на бикарбонат и pH на


крвта останува константна.

Покрај тоа што хемоглобинот како пуфер спречува да не дојде до промена на


концентрацијата на водородни јони во крвта, тој исто така еден дел од CO 2 го сврзува за
глобинот, давајќи карбаминохемоглобин:

Во белите дробови, со дејството на посилната киселина оксихемоглобин на


карбаминохемоглобинот, се ослободува CO2 од неговата молекула и тој преминува во
хемоглобин.

Во историјата, уметноста и музиката


Планетата Марс.

Историски, бојата на крвта била асоцирана со `рѓа, какошто старите Римјани ја асоцирале
планетата Марс со богот на војната, бидејќи Марс е портокалово-црвен. Бојата на Марс
потекнува од железните оксиди на неговата почва, но црвеноста на крвта не потекнува од
хемоглобинот и неговите оксиди, што е често, но погрешно верување. Крвта е црвена
заради порфиринот, функционална група на хемоглобинот за кој е поврзано железото, но
не го содржи и самото железо.[1]

Срце од желозо (Хемоглобин) од Џулијан Вос-Андре. Сликите ја прикажуваат структурата


висока 1,60 m веднаш по инсталацијата, по 10 дена и по неколку месечна изложеност на
елементите.

Уметникот Џулијан Вос-Андре создал скулптура наречена „Срце од желозо


(Хемоглобин)“ (англиски: Heart of Steel (Hemoglobin)) во 2005, заснована на градбата на
белковината. Скулптурата била направена од стакло и железо. Намерното `рѓосување на
првобитното сјајното уметничко дело ја прикажува основната хемиска реакција на
кислородот кој се сврзува со железото.[2]
Рок бендот Placebo создаде песна наречена Хемоглобин (англиски: Haemoglobin) со
стиховите „Хемоглобинот е клучен за здраво срцево чукање“

Хемоглобин
 Главна статија: „Хемоглобин“.

Хемиска група во хемоглобинот: порфирински прстен со железо-(II)-јон.


Основна хемоглобинска заситеност. Таа е преместена во повисока киселост (повеќе
растворен јаглерод диоксид) и лево со пониска киселост (помалку растворен јаглерод
диоксид)

Тридимензионална структура на хемоглобинот.

Хемоглобинот хемиски претставува хромопротеид. Тој се состои од две компоненти- хем


и глобин. Хемот претставува простетична група на хемоглобинот, а глобинот е сложена
белковина изградена од 4 вериги на аминокиселини. Во состав на хемот влегува железото
за кое е врзана функцијата на примање и отпуштање кислорот. во процесите на оксидација
(примање O₂) и редукциија (отпуштање на О₂) валентноста на железото не се менува.
Железото останува двовалентно. Хемоглобинот хемиски не претставува еднородна
материја. Постојат различни видови хемоглобин со HbF, HbA и HbА₂. Хемот им е ист, а
разлики постојат во глобулинска молекула. Во феталниот период и првата година од
животот во периферната циркулација се среќава феталниот (HbF) хемоглобин. По
раѓањето неговата концентрација во крвта изнесува 60-80%, а на адултниот (хемоглобин
на возрасните) HbA, 20-40%. Адултниот хемоглобин од типот HbA₂, се среќаваат во многу
мали количини 2-3%. До крај на првата година од животот феталниот хемоглобин веќе не
се создава и наполно е заменет со адултниот хемоглобин. Количината на хемоглобинот во
периферната крв нормално изнесува 8,69-9,93 mmol/l(14-16g во 100ml крв). Кај мажите
просечната вредност изнесува 9,93 mmol/l (16g во 100ml крв), кај жените 8,69 mmol/l (14g
во 100ml крв) Еден грам хемоглобин може да врзе 1,34ml О₂, што значи, дека 100ml крв
кај мажи може да транспортира 20ml О₂, a кај женте 18 ml O₂.

Деривати на хемоглобинот

Соединение на хемоглобинот со кислород се нарекува оксихемоглобин (HbO₂).


Врзувањето, односно отпуштањето на О₂ од страна на хемолобинот зависи од
парцијалниот притисок на кислородот. Кога хемоглобинот ќе го отпушти кислородот се
добива редуциран хемоглобин (Hb). Хемоглобин, поврзан со јаглерод диоксид дава
карбохемоглобин (HbCO₂). Јаглерод диоксидот создава лабилно соединение со
белковинска компонента од хемоглобинот. Соединението на хемоглобинот со јаглерод
моноксидот се нарекува карбоксихемоглобин (HbCO).Јаглерод моноксидот исто како и
кислородод се врзува со хемот од хемоглобинскиот млекул. Врската меѓу СО и
хемоглобинот е многу цврста, па затоа карбоксихемоглобинот многу бавно го отпушта
СО. Труење со јаглерод моноксидот е опасно по живот. Прва помош на отруениот му се
дава на тој начин што се изнесува на свеж воздух. Ослободување на хемоглобинот од СО
зависи од парцијалниот притисок на О₂. Доколку на отруениот со СО му се дава гасна
смеса богата со О₂ или кислород под притисок истиснувањето на СО ќе се одвива многу
побрзо. При труење со разни лекови (фенцетин, амил, пропилинтрати) се создава
соединените на хемоглобинот со кислородот наречено метхемоглобин. Железото на
метхемоглобинот е тривалентно. Доколку концентрацијата на метхемоглобинот во крвта
се зголеми транспортот на кислородот кон ткивата се отежнува или наполно запира што е
основна причина за смртта.

Миоглобин

Во срцевиот мускул и скелетните мускули се наоѓа мускулен хемоглобин наречен


миоглобин. Неговата простетична група хем е иста со хемот на хемоглобинот а
глобинскиот дел има помала молекулска маса во споредба со хемоглобинската молекула
на хемоглобинот. Функцијата му е иста како на хемоглобинот, со таа разлика, што
процесите на фаќање и отпуштање на кислородот од страна на миоглобинот се одвиваат
многу побрзо.

You might also like