You are on page 1of 6

Асимилациони и

дисимилациони
процеси
Биологија 9 одд
Асимилација претставува севкупнуст на хемиските процеси со кои примените
материи од надворешната средина се преработуваат и трансформираат во материи
специфични за одредени организми. За одвивање на овие процеси се троши
енергија.
Пример за ваков тип на процес претставува фотосинтезата.
Дисимилација претставува севкупност на хемиските процеси со кои специфичните
сложени материи на организмот се разградуваат до попрости, во текот на кои се
одделува енергија.
Пример за ваков тип на процеси претставуваат дишење и ферментација.
Дишење
 Дишењето представува процес во кој настанува наполно разградување на органските материи
до неоргански при што се ослободува енергија.
6О2 + C6H12O6------ 6CO2 + 6H2O + енергија
 Хемиската енергија што се ослободува од дишењето може да се претвори во друг
облик: топлотна, механичка, светлосна, електрична и др. Дишењето може да се одвива во
аеробни и анаеробни услови.
Аеробното дишење се одвива во присуство на кислород, во митохондриите при што се
ослободува целокупната енергија што ја содржи материјата која се разградува.
Анаеробно дишење се одвива во одсуство на кислород, при што не се ослободува цела
енергија од органската материја туку само дел од неа.
Само мал број организми (анаеробни бактерии) живеат во бескислородни услови. Кај
најголемиот број живи организми се присутни двата вида на дишење.
Во секој организам првата фаза се одвива анаеробно, а втората аеробно.
Пример при разградување на глукозата, процес познат како гликолиза, првата фаза се
одвива анаеробно, при што се ослободува мал процент на енергија. Во оваа фаза
поконкретно глукозата под дејство на одредени ензими се разгрaдува до пирогроздова
киселина, а енергијата се акумулира во АТP.
Многу повеќе енергија се ослободува при аеробната фаза. Во оваа фаза пирогроздовата
киселина се разградува до CO2 и H2O. Овој процес тече циклично и е наречен Кребсов
циклус. При овој процес од една молекула глукоза се добиваат 36(+-) молекули ATP.
Интензитетот на дишење може да се одреди со посебни инструменти со кои се одредува
количината на ослободен CO2 и потрошен О2. Односот меѓу ослободениот CO2 и
потрошениот О2 се нарекува коефициент за дишење.
Ферментација
Ослободувањето на енергија во безкислородни услови се вика ферментација
или вриење.
Квасните габи, алкохолните габи, млечнокиселниските бактерии се организми
кои процесот на дишење го извршуваат анаеробно при што со разградување на
глукозата добиваат различни продукти како: етил алкохол, оцетна киселина,
млечна киселина...
Алкохолна ферментација
Се одвива со алкохолни габи што се наоѓаат во плодовите на растенијата. Со помош
на ензимите што ги излачуваат габите шеќерот од плодовите се разградува
пирогроздова киселина, а потоа до етилалкохол и CО2.
Оцетна ферментација
Ја предизвикуваат бактериите кои се наоѓаат во зрелите плодови, вино, пиво,
квасец....
Оцетната киселина е концентрирана средина во која другите бактерии не можат да
опстанат поради што се користи за конзервирање на зимница.
Млечнокиселинска ферментација
Ја предизвикуваат млечнокиселински бактерии кои го трансформираат млечниот
шеќер во млечна киселина.
Лебна ферментација
Се одвива со габи кои предизвикуваат ферментација шеќерот(скробот) од брашното и
се ослободува CO2 шуплини во леб.
Маслено-киселинска ферментација. Анаеробни бактерии предизвикуваат распаѓање
на млекото.

You might also like