You are on page 1of 24

ž Се врши во митохондриите, во аеробни услови.

¡ За влез на пируватот од цитосолот во митохондриите се


користи специфичен протеински носач.
¡ Транспортот е активен.
ž Оксидативната декарбоксилација ја катализира
комплекс од 3 ензими и 5 коензими:
Пируват дехидрогеназен мултиензимски комплекс

Pyruvate + CoA + NAD+ → acetyl-CoA + CO2 + NADH + H+


Илустрација:
Повторување:

Коензим А

Пантотенска киселина
(Витамин В5)

Цистеамин Цистеин
Повторување:

NAD+
Повторување:

Од супстратот едниот водород се отстранува заедно со 2 електрони,


како хидриден јон (H-) додека другиот водород се отстранува како
позитивен јон (H+).
ž Оксидативната декарбоксилација на
пируватот е следена со голема промена на
слободната енергија.
ž Поради тоа оваа реакција е
иреверзибилна.
ž Од таа причина ацетил КоА не може да се
користи како појдовен супстрат за
биосинтеза на глукоза.
ž Од истата причина јаглехидратите не може
да се синтетизираат од масни киселини.
ž СИНОНИМИ:
¡ Цитратен циклус
¡ Циклус на трикарбоксилни киселини
¡ KREBS-ов циклус (Нобелова награда, 1953 год.)

ž Ова е централен пат на разградба на


ацетилните остатоци (С2 остатоци).
ž Локација: МИТОХОНДРИИ

ž Во клетките, во физиолошки услови,


киселините што се создаваат во циклусот на
лимонска киселина се наоѓаат во форма на
соли, па затоа нивните имиња токму така се
наведуваат – како соли.
Домашна
задача!
ž Ацетил КоА реагира со оксалоацетатот и се добива
цитрат.
ž Оваа реакција е катализирана од ензимот
цитрат синтаза.
ž Реакцијата на изомеризација на цитратот се одвива
првин со дехидратација, а потоа со хидратација.
ž Оваа претворба е катализирана од ензимот аконитаза.
ž Таа е еден железо-сулфур протеин – содржи центар со [Fe4S4].
ž Прва реакција на оксидативна декарбоксилација во
циклусот на лимонската киселина.
ž Оваа реакција е катализирана од ензимот
изоцитрат дехидрогеназа.
ž Mn2+
ž Втора реакција на оксидативна декарбоксилација
во циклусот на лимонската киселина.
ž Оваа реакција е катализирана од страна на
α-кето глутарат дехидрогеназен мултиензимски
комплекс.
ž Овој процес е сличен на оксидативната
декарбоксилација на пируватот.
ž Реакцијата е егзергона и иреверзибилна.
ž Се раскинува тиоестерската врска на сукцинил
КоА, која е богата со енергија.
ž Оваа реакција ја катализира ензимот
сукцинил КоА синтетаза.
ž Оваа реакција е спрегната со фосфорилација на
гванозин дифосфат (GDP) и добивање на гванозин
трифосфат (GTP).
ž Создавањето на GTP во оваа реакција е пример за
фосфорилација на ниво на супстрат.
ž Фосфатот од GTP лесно се предава на ADP при што
се создава ATP.
6а) Оксидација на сукцинатот во фумарат
ž Оваа реакција ја катализира ензимот
сукцинат дехидрогеназа.
¡ Таа е еден железо-сулфур протеин.
¡ Вградена е во внатрешната митохондријална мембрана.
6б) Хидрирање на фумаратот во малат
ž Оваа реакција ја катализира ензимот фумараза.
6в) Оксидација на малатот во оксалоацетат
ž Оваа реакција ја катализира ензимот
малат дехидрогеназа.
ž Одсекоја ацетилна група што влегува во
циклусот на лимонската киселина се
ослободуваат 2 јаглеродни атоми во форма
на СО2, во две последователни реакции на
декарбоксилација.
¡ Овие 2 јаглеродни атоми не се истите оние кои
влегуваат во циклусот во форма на ацетил
КоА.
ž Вотек на четирите реакции на оксидација
во циклусот на лимонската киселина се
ослободуваат четири чифта водородни
атоми.
¡ Три од нив се акцептираат од NAD+, а еден од
FAD.
ž Во тек на циклусот се создава една
фосфатна врска богата со енергија во
форма на GTP.
ž Во циклусот се трошат 2 мола вода.
ž Во циклусот кислородот не учествува
директно.
ž Циклусот може да функционира само во
аеробни услови бидејќи редуцираните
коензими NADH + H+ и FADH2 може да се
регенерираат само во присуство на
кислород, во митохондриите.
https://www.youtube.com/watch?v=_SkPwVO9BFI
Домашна
задача!
ž Кај‘рбетниците не може да настане
претворба на масните киселини, или на
ацетатот кој се добива од нив, во
јаглехидрати.

ž Воповеќето организми кои се различни од


‘рбетниците, глиоксалатниот циклус служи
за претворба на ацетатот во јаглехидрат.

You might also like