Professional Documents
Culture Documents
Процес на фотосинтеза IX одд
Процес на фотосинтеза IX одд
Процес на фотосинтеза
Процесот со кој зелените растенија со помош на светлосната енергија од
неоргански материи (вода и јаглероден диоксид) кои се сиромашни со
енергија, создаваат или синтетизираат органски материи(јагленохидрати)
кои се богати со енергија и при тоа се ослободува кислород , е наречен
фотосинтеза.
Фотосинтезата е сложен биохемиски процес со кој се создава органска
материја во биосферата, од страна на вишите растенија, модрозелените
алги и некои бактерии. Таа се одвива со низа на реакции во мембраната на
тилакоидите во хлоропластите.Овој процес може да се прикаже со следната
равенка: