You are on page 1of 3

7/9 одд тема 4 ФОТОСИНТЕЗА И ДИШЕЊЕ име и презиме___________________________

1. Кои органели учествуваат во процесот на фотосинтеза и дишење


А. јадро и вакуола 1
Б. хлоропласт и леукопласт
В. хлоропласт и митохондрија
Г. јадро и митохондрија

2. Фотосинтеза и дишење се
А. само спротивни процеси 1
Б. еднакви процеси
В. поврзани процеси
Г. поврзани и спротивни процеси

3. Крајни продукти на процесот фотосинтеза се:


А. Кислород и вода 1
Б. Јаглерод диоксид и шеќер
В. Шеќер и кислород
Г. Јаглерод диоксид и вода

4. Вода, јаглерод диоксид и сончева светлина се: 1


А. неоргански материи кои се разменуваат
Б. влезни материи во фотосинтеза
В. излезни материи во фотосинтеза
Г. продукти на дишењето

5. Фотосинтеза е значајна затоа што е извор на 1


А. светлина и топлина
Б. органска храна, енергија и кислород
В. неорганска храна, енергија и кислород
Г. кислород

6. Сончевата енергија во процесот на е фотосинтеза се претвора во: 1


А. бескорисна
Б, светлосна
В. топлинска
Г. хемиска

7. Растенијата дишат 1
А. само ноќе
Б. на светлина
В. дење и ноќе
Г. во присуство на јаглерод диоксид

8. Што е потребно за да почне процесот на фотосинтеза


А. Јаглерод диоксид, вода, сончева светлина и кислород 1
Б. Вода, шеќер, хлорофил и сончева светлина
В. Сончева светлина, хлорофил, јаглерод диоксид и вода
Г. Вода, сончва светлина, хлорофил и кислород

9. Како се викаат отворчињата на листот преку кои се врши размена на гасови


А. хифи 1
Б. спори
В. пори
Г. стоми

10. Брзината на фотосинтезата ја контролираат надворешните условите:


А. бројот на стоми, содрината на хлорофил 1
Б. светлина, јаглерод диоксид и температура
В. светлина, кислород, температура и вода
Г. светлина, јаглерод диоксид, температура и вода
11. Хемиската енергија која ја содри шеќерот во процесот на дишење се претвора во:
А. бескорисна 1
Б, светлосна
В. топлинска
Г. механичка

12. Зелените растенија со хлорофил се произведувачи или автотрофни организми затоа што
А. сами си создаваат храна преку дишењето 1
Б. сами си создаваат храна преку фотосинтеза
В. користат готова храна
Г. храната(шеќерите)и минералите ги примаат преку почвата

13. Фотосинтеза се одвива


А. само во листот во кој се сместени палисадните клетки 1
Б. во листот и коренот
В. во сите органи
Г. во сите органи во кои има хлоропласти(хлорофил)

14. Фотосинтеза е процес:


А. на создавање неоргански материи од органски и ослободување на кислород 1
Б, на ослободување на јаглерод диоксид, вода и топлина
В. на создавање на органска храна од неоргански материи и ослободување на кислород
Г. на разложување на хранливите материи во присуство на кислород

15. Да претпоставиме зошто животните НЕ можат да си создадат храна:


А. затоа што водата НЕ ја примаат преку корен 1
Б, затоа што вдишуваат кислород а НЕ јаглерод диоксид
В. затоа што во клетките немаат хлоропласти
Г. затоа што НЕ можат да апсорбираат светлина

16. Кои процеси се застапени ноќе кај растенијата


А. фотосинтеза 1
Б. дишење
В. дишење и фотосинтеза
Г. силна транспирација

17. Во процесот на дишење кога кислородот ќе навлезе во клетките, тогаш настанува


А. испуштање на вода во вид на водена пара преку листот 1
Б, разложување на шеќерите во присуство на кислород и ослободување на СО2, вода и топлина
В. создавање на органски материи и ослободување на кислород
Г. разложување на шеќерите во присуство на кислород и ослободување на СО2 и вода

18. Вода, јаглерод диоксид и топлина се:


А. неоргански материи кои се разменуваат 1
Б. влезни материи во дишењето
В. излезни материи во фотосинтеза
Г. продукти на дишењето

19. Зошто земоделците ги раскопуваат корењата и ја прават почвата растресита: 1


А. за да може коренот полесно да прими воздух
Б. за да се развијат адвентивни корења
В. за да може коренот бесполово да се размножува
Г. за да може коренот полесно да прими минерални соли

20. Шеќер и кислород се:


А. гасови кои се разменуваат 1
Б. влезни материи во дишењето
В. излезни материи во дишењето
Г. продукти на дишењето
21. Ако продукти на фотосинтеза се шеќер и кислород тогаш во процесот на дишење тие ќе бидат
А. влезни материи
1
Б. излезни материи
В. немаат никаква поврзаност
Г. неоргански материи

22. Растенјата дишат


А. преку целата површина( со сите органи), но најмногу преку листот 1
Б, само преку листот
В. преку сите органи освен коренот
Г. со корен, стебло и лист

23. Одреди го точното тврдење


А. Механизмот(текот) на фотосинтеза опфаќа една фази –светла, која се одвива на дневна светлина 1
Б, Скробот кој се создава во листот е во вид на скробни зрнца
В. Црвениот пигмент во хлоропластите ја апсорбира сончевата светлина
Г. Шеќерот кој се создава во фотосинтезата се користи само за растење

24. Во процесот на дишење растенијата:


А. вдишуваат кислород и испуштаат јаглерод моноксид 1
Б, вдишуваат јаглерод диоксид и испуштаат кислород
В. вдишуваат кислород и испуштаат јаглерод диоксид
Г. примаат и испуштаат различни гасови

25. Во спалните соби НЕ е препорачливо да има саксии со растенија затоа што


А. ноќе растенијата вршат фотосинтеза и ослободуваат кислород
Б. ноќе растенијата дишат и ни го земаат кислородот 1
В. ноќе растенијата испуштаат отровни гасови
Г.Ноќе се отвараат стомите и транспирацијата е зголемена

26. Преку стомите на епидермисот настанува:


А. размена на хранливи материи
Б. размена на кислород и јаглерод диоксид 1
В. испуштање на вода
Г. размена на кислород и јаглерод диоксид и испуштање на водна пара

27. Дишењето е значајно затоа што:


А. Се ослободува енергија за животните процеси
Б. Се ослободува топлина 1
В. Се ослободува јаглерод диоксид кој се искористува во процесот на фотосинтеза
Г. сите наведени

28. Одреди го точното тврдење


А. Без фотосинтеза може да живеат животните
Б, Дишењето е обратен процес на фотосинтезата
В. Хетеротрофните животни вршат фотосинтеза 1
Г. Во фотосинтезата се ослободува јаглерод диоксид

29. Наесен кога листовите ќе ги отфрлат листопадните дрвја дишат преку:


А. основното ткиво 1
Б, ксилемот и флоемот
В. отворчиња на кората на стеблото
Г. не дишат

30. Стомите го регулираат испарувањето(испуштање на водната пара)така што:


А. се отвараат кога е жешко и суво време 1
Б, се затвараат со изгрејување на Сонцето
В.се затвараат кога е жешко и суво време
Г. се отвараат ноќе

You might also like